Разликата во години

Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Луѓеее ! Имам 21 и како некоја будала ми се свиѓа “детенце“ од 16 години како е можно ??:eek: Ама значи ми се превртуваат цревата кога го гледам ! :facepalm: Тој уште средно на школо оди!! ама многу убаво се чувствувам паа :confused: Незнам како да се контролирам повеке.. :facepalm: се срамам :confused:
Ке ме затворат во полиција, лажам мали деца ! :vozbud:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Па тоа се 5 год.разлика...ништо! Јас сум во брак 23 год.со иста таа разлика,и функционираме одлично.
А вие само треба да почекате...многу рано сте се сретнале!
 
хехехехех па не дека ке се мажам за него.. но едноставно се срамам од околината кој знае што ке помислат јас факлутетот го завршив а се мувам со дете на патот :vozbud: ама ми е гајле ке си го терам кеифот :pos:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Па несакав да ти кажам да се мажиш...само да ти кажам дека се е можно.А за мажење се е можно...не сега.

Само пази да не те обвинат за педофилија хахаа чекај барем да го исполни условот +18
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Луѓеее ! Имам 21 и како некоја будала ми се свиѓа “детенце“ од 16 години како е можно ??:eek: Ама значи ми се превртуваат цревата кога го гледам ! :facepalm: Тој уште средно на школо оди!! ама многу убаво се чувствувам паа :confused: Незнам како да се контролирам повеке.. :facepalm: се срамам :confused:
Ке ме затворат во полиција, лажам мали деца ! :vozbud:
Ако го откачи дечкото што планира да си најде некоја од странство и да си отиде со неа, тогаш навали на детево, само чек нека напуни 18 :D
 
Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Ако го откачи дечкото што планира да си најде некоја од странство и да си отиде со неа, тогаш навали на детево, само чек нека напуни 18 :D
лелееее знаев дека ке ме фатите !!! паа дечкото иначе кажав дека живее подалеку, и имам план да го откачам во нај брзо време (кога ке се видиме), што значи дека сеуште не ми е откачен :facepalm::vozbud: ова ми излезе некако така спонтано ама многу убаво :pos: па незнам веќе што да мислам ! не е во ред амааа... :confused:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365

Хормони. Не е до тебе.
 
I

Iblis

Гостин
топ, и дадовме идеја и оправдание, кутриот дечко :(
5 години и не се многу.
 
Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Луѓееее не ми е лесноооо !! не зафркавајте се на туѓа сметкааааа :facepalm::)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.596
Поени од реакции
35.036
Ситуација 1 - девојката има 17, дечкото има 27, во овој случај имаме и те како големо влијание на годините во врската. 17 години се премалку за да се спојат со искуството од 27 години. Според мене, без разлика колку девојката ќе се труди и мисли дека се вклопува во таа врска, без разлика колку е зрела, таа може да му биде само еден буквар за прво одделение на дечкото. На личност од 27 години му треба стабилност, а тешко дека девојка која има 17, која тек почнала да ја осознава реалноста, може да му понуди стабилност,
Во текот на животот се случуваат различни работи со кои различно ќе се справуваат и двајцата, и доколку тие неможат да си ги синхронизираат своите размислувања и потреби, тоа е КРАЈ

Ситуација 2 - девојката 27, дечкото 37 , тука веќе е нешто друго, сосема поинаква ситуација, кога веќе двајца луѓе, знаат што сакаат, доволно зрели за да имаат осет за сродна душа, свои заеднички интереси, со веќе оформени ставови дека ‘‘се што лета не се јаде‘‘, во тој случај можеме да кажеме дека годините нема да имаат влијание врз врската, во тој случај можеме да зборуваме за искрена и чиста љубов, меѓусебно разбирање, зрелост и желба за успех.

Ситуација 3 - девојката има 21, дечкото 16 , незнам колку една девојка би сакала да изигрува дадилка, затоа што од една страна машките созреваат покасно, а тој на 16 години не ни знае што сака, тој е сеуште дете, девојко, ако сакаш само чиста авантура и џабе потрошено време,, go for it,,
Може на почетокот да ти биде интересно, но со текот на времето ќе почнеш да ги воочуваш разликите, кога ќе треба да му прераскажуваш лектира:свиркам:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom