Ќе те "решам" за 100 евра, а може и за "две тегли ајвар"

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
ШОКАНТНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПРОСТИТУЦИЈАТА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ
За сексуално задоволство има девојка и "за две тегли ајвар", а има и такви кои се сметаат за елитни проститутки, за кои треба да се брцне подлабоко во џебот. Освен кеш, студентките сакаат и скапи подароци и луксузни вечери и одмори, во зависност од клиентот. Така изгледа ценовникот на станарките во студентските домови во Скопје, кои до плус пари доаѓаат преку најстариот занает на светот
Девојка која сексуално ќе те задоволи можеш да најдеш за евтини пари, а има и такви кои се сметаат за елитни проститутки, за кои треба да се има подебел паричник. Така изгледа ценовникот на станарките во студентските домови во Скопје, кои до плус пари доаѓаат преку најстариот занает на светот.
Секојдневно низ домовите се зборува која со кого била и какви се скапи автомобили ги собираат од пред врата, велат во изјавата за Вечер студенти кои живеат во студентските домови. Најголемата причина поради која младите девојки се впуштаат во овие води е немаштијата и борбата за опстанок.
- Реално и тие немаат избор, бидејќи најголем дел се од руралните средини, и не им останува ништо друго ако сакаат да си дозволат нормален живот во скап град каков што е Скопје.
Затоа голем дел одбираат да бидат придружнички на некој богат господин или, пак, го продаваат телото за многу ниски цени на мажи од која било класа, велат од Сојузот на студенти.
Проблемот со проституцијата во студентските домови датира повеќе од десет години. Меѓутоа она што е загрижувачки факт во целава приказна е тоа што Министерството за внатрешни работи воопшто не е зачудено дека има вакви појави, но според нивните податоци се уште немаат фатено ништо на дело, иако нивните служби вршат редовни контроли.
Соговорниците на Вечер велат дека приказните кои кружат во студентските домови поврзани со проституција не се од вчера. Последниве години проституцијата по домовите зема замав како ниска проституција, која се одвива во собите на домовите, каде што студентките се продаваат по мизерни цени. Секоја вечер има девојки кои излегуваат доцна во ноќта, а пред врата ги чека некој и тоа најчесто со автомобили како "БМВ" или некој луд мерцедес".
- Едноставно немав пари доволно за да живеам како сакам и морав така да направам, оти моите немаат да ми ги задоволат потребите. Вака сметам дека не грешам... И онака тоа го правам со дечко, кој ништо не знае за ова... и не сакам да дознае, оти ќе го изгубам... сум била досега со 10-мина за пари и сите се дискретни и со кондом имаме секс... оти ми е страв да не останам бремена... досега сум имала односи само со студенти кои живеат по домови (не само каде што сум јас), иако ми понудиле и постари луѓе, но, не можам да одам со нив, гнасно ми е... ако другарка ми ме убедува, вели во изјавата за Вечер нашата соговорничка.
Студент кој по препорака на својот другар ја искористил сексуалната услугата кај една девојка во домот "Стив Наумов" вели дека тоа му било прво искуство во животот да оди со девојка за пари.
Значи, слушнав од другарот дека тој и уште еден негов колега од факултет биле со некои девојчиња исто од нашиот дом. Овие им се понудиле на една од журките кај нас и им рекле дека може орално да ги задоволат, ако имаат по 200-300 денари... Ако сакаат со двете другарки, или само со една со нив... Не им било проблем..., вели за Вечер уште еден студент кој ни го раскажа неговото искуство.
- И решив и јас да појдам, за да видам што се нуди... И да ви кажам право, чудно, но вистинито ми беше, оти девојкиве се како улави. Оти сакале да бидат облечени подобро од оние што живеат по станови во Скопјево, и да им биле рамни, а немале друг начин, решиле да им се даваат на овие од домов или од другите, а демек овие да ги чувале во тајност работите. Па така, типката, која има 19-тина години ми рече дека може комплет се за 2000 да добијам, што ми беше многу и и го кажав тоа, па ми намали на 1500... може и ќе ми намалеше уште, ако напнев, оти се виде дека и требаат парите... Само ми рече типката дека требало да сум чист, оти во спротивно немало да има ништо со мене... демек таа била чиста и проверена... Со неа сум бил неколку пати... некогаш дури и од жал одам, иако не сум во моментот многу попален, додава студентот. Податоците до кој дојдовме велат дека тарифите за сексуални услуги достигнуваат и до 100 евра од час. Имало случаи кога од собата на некоја студентка еден излегува, друг влегува... и се тоа за пари. А, доколку видите црвена панделка на бравата, не влегувајте - зафатено е!!! (И.Р)


за орален 10, за класичен 100 евра!

Тарифата за студентски орален секс некогаш достигнува и до 700 денари, а за еден час секс е од две илјади денари па до 100 евра, зависи кој е клиентот. Најчесто се оди по станови, коли, а и хотели, а најскапо се плаќа за придружба. Бизнисмени и млади момци кои сакале да бидат главни и видени со убави девојки, изнајмувале убави студентки за придружба и скапо ги плаќале. Освен кеш, студентките сакаат и скапи подароци и луксузни вечери и одмори, во зависност од клиентот.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=EB6E8B449A07F841A22D3D926F03D7FB :facepalm:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.829
Поени од реакции
11.467
Кои бе 100 евра, убаво пишале за тегла ајвар се џиткаат. А ако начека некој клапчо тогаш Стаменка му се вселува дома и станува скопска дама, ами како другачие. Жално но вистинито, пазете се од провинцијалки, не доаѓаат во Скопје за да завршат факултет, поентата им е друга.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Жално но вистинито:(
Со неа сум бил неколку пати... некогаш дури и од жал одам, иако не сум во моментот многу попален, додава студентот.
А овај студентот што одел затоа што му било жал, има и друг начин да и помогне, не мора да и плати за секс, само така му одговара.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.746
Поени од реакции
4.512
Жално.
Не знам што да кажам друго.:(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Една што ја знам што студира тука јавно си кажува јас дојдов тука да се омажам :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И според тебе, ќе се омажи или нема?:pos:
Уф, тројца кандидати се сега за сега заинтересирани ама кога ќе дознаат дека женачка ги чека можеби ќе е касно :pos:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Уф, тројца кандидати се сега за сега заинтересирани ама кога ќе дознаат дека женачка ги чека можеби ќе е касно :pos:
Јас ќе стегам палци да се омажи, за вас не знам:D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сериозни сте?

И да ви кажам право, чудно, но вистинито ми беше, оти девојкиве се како улави. Оти сакале да бидат облечени подобро од оние што живеат по станови во Скопјево, и да им биле рамни, а немале друг начин,
Кој по станови бре? Другите студенти што живеат по станови или Скопјани?
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Нема да се омажи бе, ќе се свести дека образованието е сила, образованието е моќ. Шега на страна, ваквите провинцијалки (терминот не го користам како понижувачки бидејќи еве и јас сум провинцијалец) боље ќе поминат у живот отколку провинцијалките што ќе завршат факултет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom