Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Ма мене искрено гајле ми е дали ќе била или нема да била. Со претпоставки не се занимавам. Овие моментално ја раководат државата и не сотреа до гола кожа. Да беше Бранко, за Бранко ќе зборевме и ќе критикувавме ако се случуваше ова во негово време.

Тие што раководат тие се критикуваат.

Не можеш да влезеш во тема за нешто што поскапува а да не видиш споредба со Бранко, страшно нешто.
Па треба да имаш основа за да критикуваш. Не да лупаш без врска. Иначе може и за времево да ја критикуваме власта.
 
бранко да беше колку ќе беше цената? 50? :)

Се јави, не издржа. :D

Ич не ме заболе како е во регионот, не живеам во регионот живеам во Македонија и доколку не ми дадат поддржано објаснување зошто упорно ја креваат цената, ќе верувам дека е за да ни ја дерат кожата.
 
Некој рече дека Грујо е крив, значи треба друг да дојде. Друг некој според сите анкети и изборите лани кои има барем приближно гласови до Грујо е бранко. Значи ако не е грујо ќе биде бранко. Ако цената на нафтата зависи од грујо т.е. неговата замена прашувам колку ќе беше цената да беше бранко на власт?
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 14:09 ---
http://en.wikipedia.org/wiki/Gasoli...nd_pricing#Countries_with_subsidised_gasoline

Малку подоле се цените на нафта и бензин во светот а ги има и земјите од регионот. Ние спаѓаме во земјите со поефтина нафта. Ама разликата е 5 до 15 центи од Албанија, Србија...Тоа е тоа. Цената може малку пак да се мења ради Иран.
Сега 95 октански бензин кај нас е 1.36 евра а во Германија е 1.68 евра (103 денари) само што во Македонија просечна плата е 200 евра а во Германија 1500.
 
бранко да беше колку ќе беше цената? 50? :)
А од кај знаеш дека можеби нема да беше?
Да беше буанко ке збореевме за буанко, али во моментов гујо е тој што не краде и збориме за гујо.
 
Се јави, не издржа. :D

Ич не ме заболе како е во регионот, не живеам во регионот живеам во Македонија и доколку не ми дадат поддржано објаснување зошто упорно ја креваат цената, ќе верувам дека е за да ни ја дерат кожата.
Како може да не те интересира? Па ние не произведуваме нафта. Ние само преработуваме. Т.е. ние не ни преработуваме туку единствениот преработувач е приватната компанија ОКТА. Регулаторната комисија носи одлуки на секои две недели по барање на единствената нафтена компанија во земјава ОКТА. Единствено има простор да се менаџира ДДВто и тоа е тоа. Мислам дека подобро е да почнеме да бараме нафта по дворовите, отколку да се дебатира на темава.
 
Па треба да имаш основа за да критикуваш. Не да лупаш без врска. Иначе може и за времево да ја критикуваме власта.

Која поголема основа за критика од тоа што литар бензин стотка дојде? Каква друга основа бараш не ми е јасно?
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 14:20 ---
А од кај знаеш дека можеби нема да беше?
Да беше буанко ке збореевме за буанко, али во моментов гујо е тој што не краде и збориме за гујо.

Да беше Бранко ќе викаа еее да беше Грујо сега бензинот ќе беше 10 денари, ко во Катар :pos: :tapp:
 
Па јас не спомнав прв политика другарке леандра,прочитај ги постовите пред мене од извесен Goran. Ете ти листа на цени на нафта во регионов. Па повели дискутирај.

Не ми кажувај региони, нити бранковци, ниту грујовци. Ти сигурно во пребарувач го имаш ставено грујо и на тој начин влегуваш на теми само каде е спомнато неговото име. Дај батали више еднаш, ние незнаеме кај ни е главата од цениве ти ми дрндлаш без врска.
Сакам поефтин бензин, нафта, парно и струја во својата земја! Во согласност платите и животниот стандард.
 
Која поголема основа за критика од тоа што литар бензин стотка дојде? Каква друга основа бараш не ми е јасно?
Ај ти објасни ми како магично може да ја намалиме цената и тоа значително во услови кога кај нас нема НАФТА пријателе? Можда треба санкции да им воведеме на Иран, Либија, венецуела па да не молат да ни продаваат ефтина нафта?
 
Па треба да имаш основа за да критикуваш. Не да лупаш без врска. Иначе може и за времево да ја критикуваме власта.
Бате нема потреба да го браниш ни грујо ни бранко ни љупчо исто така нема потреба да се споменуваат.
Ова поскапување паѓа на грбот на народот, нив нема да ги засега што им се мислите. Во конкретниов случај следиги статистиките ќе ти стане појасно зошто се напаѓа Грујо, ете и јас да не се цитирам повторно. Во последниве 2 години Мекедонија стана рекордер, прочитај го моето мислење погоре ќе ги видиш дисциплините. Јас еве ќе ја нападнам оваа власт од многу причини, еве ти пример зошто да се инвестира во Скопје 2014 во некој си лавови, порти а не се инвестира во Скопје 2014 фабрики , болници или крај краева зошто пак во Скопје. Општо познато е дека Алшар поседува 2 метали кои ги нема во светов , наместо рудникот да се даде под концесија нека го земе државата нека вработи луѓе, нека инвестира во нешто што му одговара на народот. Целта е да се отворат нови работни места и сите да земаат плата, а не да штрајковаат 1000ци фирми како македонија пат, вчера беше блокирано Ѓавато и си седев 2 сати во кола на 5cm снег, затоа што нема кој да го исчисти. Па сега и нафтата и бензинот ќе ги креваат, а секако дека голем удел има власта на цената на горивата.
 
Ај ти објасни ми како магично може да ја намалиме цената и тоа значително во услови кога кај нас нема НАФТА пријателе? Можда треба санкции да им воведеме на Иран, Либија, венецуела па да не молат да ни продаваат ефтина нафта?

Не знам, државава има големи умови, магистри, доктори, академици кои седат во фотеља и треба тоа да го смислат. Никој од нас што дискутираме тука не е платен за да мисли за ова (најверојатно). Си имаме ние свои проблеми. Ко овој.
 
Не ми кажувај региони, нити бранковци, ниту грујовци. Ти сигурно во пребарувач го имаш ставено грујо и на тој начин влегуваш на теми само каде е спомнато неговото име. Дај батали више еднаш, ние незнаеме кај ни е главата од цениве ти ми дрндлаш без врска.
Сакам поефтин бензин, нафта, парно и струја во својата земја! Во согласност платите и животниот стандард.
Ај кажи за колку сакаш литар бензин? Ќе му јавам на Грујо пошо сум у штабот. После ја дрндам без врска а она сакала цена на нафта според стандардот, хаха. Да не сакаш и XBOX за 20 евра нели според стандардот? :-)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom