Z
zmej gorjanin
Гостин
Со ова дефинитивно не се слагам, изгледа само на форум налетувам на вакво нешто кажано од жена. Ама реалноста ми кажува друго, жените се тие кои постојано трагаат по нешто подобро и нешто ново, не одолеваат на искушенијата а за жртвување па да не збориме. Тоа особено важи ако налетаат на некој подобар и потолерантен, џабе му е и работа и добар секс и одговорност, се тоа бледнее со тек на време, и нормално и станува досаден и одвратен и не може да го гледа. Џабе он што рмба ко коњ и не видел бел ден, уште и крив ќе испадне ради тоа дека не и посветува доволно внимание. За многу од негативните работи кажани за мажите се слагам истото важи и за жените, а тоа е резултат на апатијата и безнадежноста која владее во Македонија. За да тука пркнеш потребен ти е благослов од некаква виша сила, заради тоа ова општество ќе продуцира само дегенерици без разлика на полот.Ајде да зборуваме малку околу притисоците (психолошко-кулутуролошко-социјални) , оние наметнатите од страна (потесен и поширок семејно-пријателски круг) и самонаметнатите . Прво, грешиш во 2 наврати - мислејќи дека сите ние од спротивниот пол сме целосно несвесвни и слепи за притисокот на кој сте вие изложени, друго - занемаруваш битна одлика - постои притисок чиј таргет сме ние... Точно е дека ,,вредноста,, на машкото се цени низ професионалното реализирање и во наши, македонски услови често нема соодветен фидбек на оствареност во однос на неговиот реален капацитет и позицијата која ја поседува или пак воопшто не ја поседува. Наивно е да мислите дека сме несвесни за истово. Сепак, не сме и ние имуни на ,,очекувањата,, од нас, ни па животот ни е претворен во неподнослива леснотија на постоењето... Исто како што секој од вас во позиција на референтче, ако не се спротистави на полуписменото шефче, па нема да напредува никогаш, ќе биде преќутно или отворено сметан за губитник од својот татко, брат, стрико, другари и сл. така било која од нас, ако има неуспешна врска или не дај Боже остане немажена е исто сметана за ,,врвен неуспех и разочарување,, од мајката, тетките, другарките со ,,поголема среќа во љубовта,, сосетките итн. Значи, сликата е иста - и ние и вие сме предмет на валоризирање и оценување, се разликува само рамката - критериумот од кој се тргнува.
И за да биде иронијата поголема - еманципацијата стапува на сцена. До 19 век во поцивилизираните земји било модерно идната невеста да знае да свири на по некој инструмент, да слика или рецитира стихови и најглавното - да плете... Денес навидум сме многу напредни, имаме високообразован кадар во нашите редови, кариеристки со ласкави приходи, ама доколку е сама (бидејќи раскинала со дечкото, кој ја изе*ал нејзината најдобра другарка) таа пак е ,,за греота,, или ,,така и и‘ требаше, надмена една,, ,,ааа, сигурно пребира премногу,,... И како надополнување вметни ги тука сите мачни и болни ,,придобивки,, на полот - циклуси (па и психолошкиот притисок тука, како ,,неговото височество,, ќе одреагира на веста дека и‘ доцни...), депилации, хигиеничарење во просторот -домашен и професионален и други тракатанци и НЕМОЈ повторно да се дрзне некој да смета како нашата позиција е лесна и сме способни само за трепкање со очињата и срамежливи насмевки, бидејќи тоа е се‘ што од нас се очекува, референца - финоЌата и вАспитанието кое го имаш споменато...И вие нас ни пресудивте непознавајќи не во добри 99% , па дури и ај-кју помало од точак ни влепивте... Инаку да, интересен ми е моментот кога сум предмет на вакви и слични проценки, реални или виртуелни, на машки од кои поголемиот дел јасно ми е колку се ,,тешки,, ама најчесто ќе да е во кг. нивната единствена предност.
Околу ,,фактографската,, распределба на платите и буџетите семејни, повторно, има големи отстапки од реалната слика. Низ најголемиот дел градови, единствено што работи се текстилните фабричиња и сопругите се често единствените со приходи во семејството... И во случаеви на вработеност на двајцата - развратно потрошувачки ориентираната македонска жена, е повеќе мит, отколку стварност... Постои и друг вид на премерување, меѓу припадничките на нашиов пол и тука сите сме многу вешти - со рендген поглед одредуваш капут од пред 4 год. чизми од пред 3 год. фејк Луј Витон ташна, лошо испеглана фризура во домашни услови, всушност - соу ласт сизн(с) аутфит, внимание - за вас девојката изгледа дури фенси и модерно, ама ние ја ,,читаме,, нејзината оскудација и шопинг апстинација непогрешливо... За оној мал процент исклучоци, припадници на високата класа, ова секако не се однесува.
Сега, околу бирањето на тепачи и секјурити персонал и урбани или рурални орангутани - ова е повеќе изразен тренд кај шестнаесетгодишните девојчиња, ако и после декада врши ист избор, не би да ја амортизирам ни тастатурава непотребно коментирајќи ја ...
И се изначитав како не знаеме што сакаме. Дали?! Всушност многу едноставно е - сигурност и стабилност. Кога ќе сме во брак петти месец и бременост во девети, да знаеме дека ќе сте тука, а не којзнае каде по ѓаволите... И кога од вас очекуваме храброст, не мислиме не тоа да сте во состојба да го искршите од ќотек цело маало, туку да сте присутни и во делот - и во зло(од заклетвата)... Доколку сме сигурни во ова ќе дојдеме во вашата семејна куќа, да делиме покрив со уште 13 души иако избраникот на нашето срце е и веројатно ќе остане засекогаш дистрибутер на леб и бели пецива... И гарантирам дека огромен дел од оние кариеристки, ако треба да направат жртва би ја напуштиле работата, за да не трпи семејството, не бидејќи сакаат да одат по линија на помал отпор, паразитирајќи на вашиот грб и не радо, ама бидејќи знаат дека емотивната реализација е приоритет и најголема среќа за една жена. И за крај - сите сте се нашле во оние ситуации кога таа ја споделува со вас нејзината тага, дури и премногу зборувајќи често, а вие немоќно ја гледате како шарена врата или нудите ,,инстант неприменливи сугестии,, колку нешто да се рече, па ја иритирате се‘ повеќе. Само прегрнете ја. Тоа е доволно и се‘ што и‘ треба...
Мислам дека доловив кој е вистинскиот херој во наши очи, без разлика дали е пекар, месар, хирург, адвокат, автомеханичар, физиотерапевт, атеист или религиозен фанатик...