^^GoRiLLaZ^^
Happiness...?
Уште еден судир на двете најдобри екипи моментално во Италија. Милан, кој има 18 титули и е на пат да ја одбрани титулата од лани... од спротивната страна пак, Јувентус кој има 29 титули (27 официјално) кој сака да се врати повторно на врвот после 6 години. Милан оваа сезона два пати загуби од Јувентус, првиот пат во Торино (Во Серија А) со резултат од 2-0. И на 8 Февруари 2012, на Сан Сиро (Во купот) со резултат од 1-2.
Милан го има најдобриот напад во Серија А, имаат постигнато најмногу голови. А кај Јуве позитивна работа е тоа што имаат најмалце примено голови и е единствениот тим во Европа кој сеуште е непоразен. Но има 10 нерешени натпревари.
Некој веќе го нарекоа натпревар кој одлучува за тоа кој ќе биде шампион. Со ова јас не се сложувам, бидејќи преостануваат уште 13 кола до крајот.
Во меѓувреме сеуште под знак прашалник се настапите на Ibrahimovic, Aquilani, Boateng, Pato. А кај Јувентус само Luca Marrone е повреден.
Последни 6 натпревари:
Мала статистика:
Вкупно 76 натпревари се одиграни во Милано, Милан има 26 победи, Јувентус има 18 победи, од кои 32 натпревари завршиле нерешено.
Гол разлика:
Милан: 110
Јувентус: 91
Во последните 10 натпревари Милан како домаќин славеше 3 пати, Јувентус славел 2 пати, а 5 натпревари завршиле нерешено. Гол разликата е повторно на страната на Милан, 14:10.
Изјави:
Luciano Moggi: Милан - Јувентус, важен натпревар но не одлучувачки за титулата.
Giuseppe Marotta: Милан е фаворит во ова дерби, ние сме сепак аутсајдери во вакви дуели.
Maurizio Zamparini: Јувентус е без надеж на Сан Сиро, ќе загуби 3-1.
Massimiliano Allegri: Очекувам да видиме убав натпревар. Тоа ќе биде фасцинантен дуел кој би можел да ја реши битката за Скудетото.
Alessio Tacchinardi: Атмосферата ќе биде како во старите добри времиња, трите бода ќе значат многу.
Табела:
Се шпекулира дека Tagliavento ќе суди
Епа... имавте кеф за да се препукате, еве ви шанса. Со среќа и секако нека победи подобриот (Јувентус).
PS, заборавив анкета. Нека постави некој од администрацијата.




