Mjolnir
Духот на рамковниот договор
Датум: 17.02.2012, 14:57
Сведочење на новинар од Алфа: Куршумот ми помина покрај глава
Куршумот ми поминал буквално покрај главата. Среќа е како не сме настрадале. Ова е сведочењето на новинарот Зоран Фидановски од ТВ „Алфа“ каде денеска пред 13 часот два куршуми завршија во кругот од телевизијата. Едниот проектил го оштетил телевизиското возило, а другиот завршил во прозорец од телевизијата.
- Го чекав возачот да одиме на работна задача во Центар. Бев пред влезот од телевизијата кога во еден момент чув силен заглушувачки звук кој наликуваше на истрел од огнено оружје. Забележав дека проектилот заврши во телелевизијата. Подоцна го видов и проектилот кој завршил во прозорецот. Тој поминал покрај нашите глави и лесно сме можеле да настрадаме - вели Фидановски за „Дневник“.
Тој не сакаше да шпекулира дали телевизијата била мета на напад или пак станува збор за заталкан куршум . Во моментов полицијата врши увид на местото и разговара со сведоците.
#
***
Доколку не е заталкан куршум (а според изјавиве тешко да е), можам само да погодувам, ама нешто многу ме влече опцијата дека сторител е газда на една фирма од Визбегово кој пред три дена им ја искрши камерата на Алфа затоа што ги снимале полицајците и ЕВН како му ја гасат струја затоа што диво се приклучил на мрежата. Ако е така само остро ќотек и затвор нека гние говедото.