Во голем дел да, но името е само дел од идентитетот. Мора да се внимава и на идентитетот на нацијата, јазикот, па и во голема мера црквата.
ФИРОМ не е прифатливо решение, не само за Македонија, туку и за Грција. Со оглед на фактот дека е привремено решение (децениско додуша, ама нема веза), Грците никогаш не би прифатиле Македонија да влезе како ФИРОМ (настрана што според мене и ние не би требале), затоа што по нашата интеграција, нашата политичка моќ значително ќе се зголеми, нема да имаат со што да не уценуваат, ќе бидеме политичко еднакви и имаме поголеми шанси да победиме во нашиот спор. Вака, сакаат да не фатат на кондиција, со блокади и вето, мислат дека полесно ќе се скршиме. Под ФИРОМ не влегуваме сто посто, мислам дека на самитот во Букурешт и ова било спомнато како дел од предлозите, демек да добиеме покана вака, па потоа да продолжат преговорите, но сето тоа било одбиено.
Зависи многу од политичката клима, пред се од нашата издржливост и решеност да не потклекнеме, затоа што како што кажав веќе еднаш, сојузите не се вечни, а на мала држава како Македонија, најубаво би било да држи одреден баланс помеѓу моќните држави, во случај едните да ослабат, а други нагло да станат помоќни, да имаме баланс. Лошо би било кога би се свртеле само кон одредени сили, а да запоставуваме други, затоа што доколку се сменат улогите (а историјата покажала дека се менуваат, политичката моќ не е константна) би останале со прстот во уста. Малите држави треба да се мудри и да си го бркаат сопствениот интерес преку балансирање на односите со сите битни геополитички актери, без запоставување на ниеден од нив. Во политика никогаш не знаеш како ќе ти се сврти интересот.
Затоа, мудро и без избрзани потези.