Тасос - островот на сирените

Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Тасос е најсеверниот остров на егејското море и е 10 километри одалечен од брегот.
Егзотичниот остров Тасос привлекува со изобилството на зеленило, белите прекрасни плажи, мирно тиркизно море, пријателски луѓе квалитетното вино и убавиот мед.
Неверојатно за Тасос е убавината на остатоците на античкиот град кои се вклопуваат во современиот град Лименас, исто така познат како Тасос Таун.
Тасос во грчката митологија е наречен како “остров на сирените”.Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив. Taсос е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје)
Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот.
Многубројните природни убавини боровите шуми, чистите песочни плажи и историјата се тие кои ке ве привлечат да го посетите овој преубав остров.

Кои плажи да ги посетите:

1.Golden beach – Се наоѓа во северниот дел на Тасос, на само 12 km оддалеченост од Лименас. Ситниот бел песок, тиркизното и кристално чисто море се оние адути кои ја прават една од најубавите плажи во Европа.





2.Saliara beach или Мермерна плажа сместена во посеверниот дел на Тасос. Патот до неа не е асфалтиран, но е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.







3.Paradise beach – Белиот песок, зеленилото околу неа и убавата бистра вода допринесуваат да се нарекува тропски рај. До неа се стигнува по тесен, земјен пат кој во ниту еден момент не треба да ве предомисли да ја посетите. Левиот дел од плажата е резервиран за нудисти, а има и помали интимни заливчиња.



4.Alyki - сместена во јужниот дел на Тасос во близина на гратчето Лименарија. Боровите и маслинови дрвја, како и мермерните каменчиња создаваат извонреден и уникатен пејсаж.





5.Psili Ammos – Се наоѓа на 40 km југозападно од Лименас. Нејзиниот мек бел песок совршено се совпаѓа со кристалната боја на морето. Нејзината убавина привлекува многу туристи кои доаѓаат да уживаат во спортовите на вода.




6.Trypiti - Природната убавина на Trypiti се состои од стрмните карпи покриени со густа вегетација и високи дрвја.Taa се наоѓа на 35 км југозападно од градот Лименас. Белиот песок и сината боја на морето создаваат фантастична средина која ги плени посетителите.





7.Salonikios beach – Се наоѓа во јужниот дел на Тасос. Ќе ве маѓепса со нејзината долга, песочна плажа, а залезот на сонцето најубаво изгледа од оваа плажа.


Ова е само дел од многуте убави плажи кои се наоѓаат на Тасос.

За да уживате вистински на островот, не заборавајте да си набавите мапа за да може да ги посетите убавините на Тасос :)

Какви се вашите впечатоци? Сте биле ли на овој прекрасен остров? Какво е вашето искуство со аранжманите кои ги нудат нашите туристички агенции за овој остров?

Доколку веќе сте го посетиле зелениот дијамант, споеделете го вашето искуство. Ако веќе сте биле сместени во некој убав објект, споделете повеќе информации околу истиот.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Зелениот дијамант ми е како втор дом :)
Исто така - Тасос е единствениот остров (на море) кој припаѓа на Македонија (не РМ туку како територија Македонија).

За мене најубави плажи се Голден Бич - затоа што е идеална за ,опуштање, во вода, доста плитко е првите 30-50 метри, водата е исклучително топла, а песокот е како брашно.
Втора по убавина ми е Псили Амос - покарпеста, како и самиот западен брег на Тасос, со малце покрупна песок.
Парадајс ја ставам како трета омилена затоа што не е урбана плажа, станува збор за дива, малку припитомена плажа, но нејзината убавина е во приватноста - зошто со кола мн. тешко се доаѓа до неа, и постојано има бранови.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 16:01 ---
Исто, не видов дали си ја спомнал плажата во Пефкари, тоа е помеѓу Потос (главниот град за ноќен живот) и Лименариа, од таа плажа (доста малечка, со камења) најубаво се гледа Атос, или Света Гора.
Подоцна ќе ставам слики...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Па може да се каже дека е еден од најубавите острови во Грција. Не сум бил но по слики што гледам а и што кажуваат, супер бил. И плажите се топ.
 
M

macgowan

Гостин
Островчето е убаво, плажи и море убави, се ок...малку отповеќе мирно, многу блиску... но голема вистина е тоа што го кажа пирин...
Јас би играл - што подалеку од `наша` раја тоа поарно.
 
M

macgowan

Гостин
Јас имам одено Тасос и на капење за еден ден. Тргнав во 06.00 сабајле, бев дома 11 вечер.
Од Битола до Керамоти(од каде се фаќа фери, а да не влегуваш во Кавала) преку Вериа по автопатот е 4 и пол сати топтан. Ако начекаш фери, а ги има нон-стоп, за пола сат си на Тасос.
Вон сезона ми се виде поубав искрено.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Маrick14 Сакав да ти кажам, дека ако имаш избор между Тасос и да речеме Халкидики, оди во Халкидики. Ова е лично мислене, не задолжувам никого.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Маrick14 Сакав да ти кажам, дека ако имаш избор между Тасос и да речеме Халкидики, оди во Халкидики. Ова е лично мислене, не задолжувам никого.
А ете, за разлика од тебе, јас не го сакам Халкидики.
Од рибарски селца, прераснат е во шаблонски туристичко место. За мене е тоа досадно.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Со кола не повеќе од 4-5 часа, освен ако не правите паузи.
Со автобус околу 8 часа.
Па ако возиш Ферари, да. За 4-5 часа се стига.
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 21:37 ---
Маrick14 Сакав да ти кажам, дека ако имаш избор между Тасос и да речеме Халкидики, оди во Халкидики. Ова е лично мислене, не задолжувам никого.
Не можам да идам ти кај што ќе ми кажеш. Не сум ти куче па да ми наредуваш. Пред се би го избрал Тасос, затоа што нема многу македонци со мајонез и кечап систем на плажа. Тасос има 100 пати подобри плажи и почисто море. Т.е. морето е исто но на Тасос е почисто.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Марик, не ти треба ферари :) Грците имаат каде-каде подобри патишта, и поодржувани, па не е проблем да си ја нагазиш колата ;)
Инаку, со возење во просек 90 на час, 6 саати му е мајката :)
 
M

macgowan

Гостин
Пред се би го избрал Тасос, затоа што нема многу македонци со мајонез и кечап систем на плажа. Тасос има 100 пати подобри плажи и почисто море. Т.е. морето е исто но на Тасос е почисто.
Морето, плажите се супер, вистина.
Ама Тасос е преплавен со тавчетуристи од Србија, Бугарија и Македонија, верувај ми.
Исто фантастично море и неверојатни плажи минус масовен тавчетуризам(не дека го нема но склопот на туристите е поинаков)имаш на Скијатос(или Скопелос) - а до Волос си за исто време колку до Кавала или Керамоти. Единствено е скапо ферито, кое оди за 2 сати до Скијатос.

А за подалеку, сосем друго „дваесет“ се Кикладите или Крит.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Морето, плажите се супер, вистина.
Ама Тасос е преплавен со тавчетуристи од Србија, Бугарија и Македонија, верувај ми.
Исто фантастично море и неверојатни плажи минус масовен тавчетуризам(не дека го нема но склопот на туристите е поинаков)имаш на Скијатос(или Скопелос) - а до Волос си за исто време колку до Кавала или Керамоти. Единствено е скапо ферито, кое оди за 2 сати до Скијатос.

А за подалеку, сосем друго „дваесет“ се Кикладите или Крит.
Колку би било ферито? Еве на пример до Тасос.
Мене не ми пречат бугари, срби и македонци, само да не се патлиџан систем на плажа. Тоа најмногу мразам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom