До сега се објавени многу сензационалистички биографии за Хувер, но ниту една не се базира на било какви докази. Рекла-казала муабети, претпоставки и теории на заговор - се една работа, факти се друга. Легенди околу личноста на Хувер има многу - што е вистина е сосема друга работа. Не само што ништо не е кажано додека бил жив, но и по смртта не излегува ништо криминално во врска со него, а единствените кои го плукаат и велат дека биле неправедно следени од него, се оние кои подоцна се докажува дека имаат нечисто минато и нечисти зделки. 90% од приказните за Хувер во денешно време се базираат на тоа што некој рекол на некој друг, па овој пренел на трет. Никаде до сега, не постои случај, кој бил разгледуван од ФБИ во време на Хувер, а потоа да е вратен од суд (во Америка има таква можност, затоа што судски или полициски грешки немаат давност без разлика пред колку време се случиле).
Ако Хувер бил хомосексуалец, по каков начин тоа смета на неговата работа?!
А за муабетите како во Хавана одел маскиран... дајте малку посериозно да дискутираме барем во темава...