Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Пууу бе Алегри. Кај најде баш сега. Ги остави хејтерчињава без материјал за пцуење.

Пукнаа денеска оние 4 години чекање на победа во нокаут фаза. Редно време беше англичаниве да паднат на Сан Сиро.

Венгер денеска целосно прочитан. Арсенал иако имаа посед не направија ништо посериозно. А се добиваше впечаток дека Милан кога сака може да тргне во напад и тој напад да заврши со сериозна шанса за гол. Голема победа со која пласманот во 1/4 финале е скоро сигурен(:mad: Ла Коруња).

Промашенконо станал денеска на лева нога изгледа. Најдобар натпревар сезонава. Ако ја темпирал формава за остатоков од сезонава ќе се изнагледаме голови од него. Ибра стандард. Насекаде по теренот. 2 асистенции и гол. Боатенг фантастичен иако не е 100% спремен после повредата. Антонини не сакам да го коментирам. Толку му се можностите. Денеска имаше среќа што Урби беше тука да го покрива цело време. Победата можеше да биде и поголема ама во вакви натпревари секој гори од желба да постигне гол што до негде и ги оправдува неколкуте промашувања и себичноста во моменти кај некои од играчите.

Реваншот е за 2 недели а до тогаш ни престојат 3 натпревари во Сериа А. Мора да се искористи моментов и да се продолжи победничката сериа. Се надевам на барем 3-4 бода предност пред второ пласираниот пред реваншот со Арсенал. После тој натпревар ќе може малку и да здивнат.
 
Феноменално!

--- надополнето: 16 февруари 2012 во 02:05 ---
После големото водство сакав Ван Бомел да добие жолт, да паузира на гостувањето, па потоа да го имаме на поважни натпревари. На крај, Амброзини доби жолт картон, можеби и незаслужен.
 
Браво, да не речам фантастично. Сите беа на ниво, сите до еден. Одамна не ме израдувале вака поубаво и да сакав неможеше да биде. Очигледно Боатенг си станува класа играч и прави разлика на терен, за головите што ги дава да незнаеш кој да го одбереш како најубав, убаво кажа некој чисто ремек дело само напред царе. Страшно беа компактни како под конец функционираше се можеа да победат и поубедливо, бар и Пато да дадеше гол ... И да небидеме само критични према Алегри, конечно како што треба и како што доликува фантастично издание, браво.Изгледа не за џабе ги даваше тие изјави пред почеток на кампањава дека учел од минатогодишните грешки.

Коцките пополека се враќаат на место, Јуве згора на се изиграл нерешено со Парма, поубаво и да сме сакале неможел да биде денов ( во овој поглед наравно ). Играчите се враќаат од повреди, формата иде нагоре па останува да видиме до кај ќе догураме до крај.

Искрено не сакав да дадат Арсенал гол иако Милан има убедлива предност не треба во никој случај да се отпишуваат шансите на Арсенал ( иако се очајни од моментална гледана точка ), само ќе ве потцетам незнам колку од вас се сеќаваат 2004та Милан играше против ЛаКоруња првата заврши 4-1 на СанСиро и кога сите ја отпишаа ЛаКоруња оп за 2 недели на реваншот се деси чудо, магија едноставно ЛаКоруња победи 4-0 али таа година во ЛигаШампиони се деси баш чудо на крај финале играа Порто - Монако .. Така да само внимателно на реваншот и се ќе биде во најдобар ред.

Види мајката и Робињо знаел да изигра како што доликува за него само нека продолжи вака ипак поседува страшен талент.
 
Боатенг-Робињо-Ибра , тоа е магичното трио!(y) , и никако не смее да се раздели, Пато нека ја грее клупата.

БРАВО Абијати! - маестрална интервенција, на 3-0 му ја скина на Перси ..можеше утакмицава да добие поинаков тек.

БРАВО Мексес!, - најдовме замена за Неста. не е баш долгорочна пошто за еден месец прави 30, али тоа се
најубавите години за дефанзивец - има добри 2-3 сезони во него.

БРАВО Бомел! - прав диригент вечерва, ќе ни треба искуството негово и му посакувам повеќе вакви утакмици.


Немам лош збор вечерва за никој, дури и Антонини ме изненади ..Волкот во џеб го стави-колку само смешно звучи.


Изјава на Ибра:
-When we're compact, we're stronger than all other teams. We've had some strange injuries, but thee things happen and now hat they're coming back, we're definitely better than the others.
Уште Аквилани да се врати, и ќе дишат прашина Јуве :icon_lol:


-ФАКТ: two-legged European KO rounds started with a 4-0, the losing team NEVER passed to the next round.(y)
 
Честито победа момци, искрено многу се изненадив од резултатот, голема разлика. Останува уште еден тренинг натпревар и да чекате противник за следна фаза.
 
Ви викам јас Робињо ќе даде гол :icon_lol:
Изигравме одлична утакмица,имаа се на се 2 асални шута на гол,ние покрај 4те можевме уште некој да им здрвиме.Ама ако доста се и овие.Ночерино изигра исто така добро,одлична асистенција му даде на принцот.Од кај нив па ептен сите се посраа и резултатот 4-0 е таман.
Сеа јуве имаат уште 1 заостаната со Болоња ми се чини,а ако се игра после дербито мислам дека со победа ќе им набиеме уште повеќе притисок да тепаат.Работите полека доаѓаат на свое место.
Сепак Ибра освојува првенство каде и да игра ви текнува :icon_mrgr:
Кореографијата и некој натписи од утакмицата
 
Стварно зборуваат глупости, во право си!

На сите шо им е името со В шо им почнува ги вели со Ф, Фан Бомел, СилФа, а за Сидорф „Зедорф“!

Затоа не ми се гледа на Канал 5 мене ЛШ али тоа е тоа.
Холанѓани (а и германци) што имаат van во името треба да се изговара фан.
 
А Зедорф?Силфа?Ајде бе....
Добро па ти, шо се напна толку?
Сите знајме дека коментаторите се неписмени, ама ај шо да прајме.

Едит:
396242_278764865522072_127121614019732_674688_98554217_n.jpg


Сеа ќе му го продолжат договорот :)
 
Сидорф се изговара само со потенцирање на И-то
Гледајте малце фудбал на Скај
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom