Meне фрижидерот ми се расипа прошлиот месец од шо си играа со струјата, цела недела го поправаа трансформаторот. Прилично нов фрижидер, пашлаци глупи.
Нема многу фајде ама си можел да пријавиш одма на 089012345 па после мајсторот да прегледа, напише потврда што е квар и од што е и поднеси им пријава нека ти исплатат.
Реков нема фајде, оти се идиоти, јас многу претрпев неправдина од нив, 3 напајања, 1 графичка, едно 3-4 пати менуваа кондензатори на матична плоча, 1 панел за греење делталукс, 2 нео радијатори по 3 пати сервисирани осигурачи, 1 тлачна склопка на хидрофор, 1 упс расипан (ова е последното). Имав струја од 158-190 волта максимум се до април 2011(сега е 200-225 скоро секогаш) кога ставија бетонски бандери и нов дебел кабел од трафо до последната бандера кај мене, на крај сум на улица. Секогаш во недела беше околу 150-160волти. Упс по цел ден пишти. Можам да замислам што ќе беа деловите во пц без упс, испржени. Замислете кварцна грејалка и нејзините цевки кога ќе жарат само, НЕ грејат воопшто, ете таква струја имав. Микробранова смрдеше и како да виеше кога работи.
Кога ми цркна тлачна склопка од снемување и доаѓање на струја, пријавив одма вечерта, утредента дојдоа проверија, кажаа викни мајстор, нека ти ја поправат или купи нова, донеси фискална ќе ти ја плати евн. Однесов сметка, ми побараа точно датум и час кога точно се случило снемувањето на струја. Не знаев точно и не потполнив пријава поради тоа, велеа НЕ можеме да знаеме ние кога снемало? Дојдов дома вртев на евн да ги замолам да видат таму во снимени повици кога сум вртел, вика не можеме. И останавме на тоа, бидејќи не сум памтел кога ми снемало струја.
И така кога се расипа упс-от ми пукна веќе филм, после редовно пријавување за слаб напон и НИкаква реакција од евн и неисплаќање на тлачната склопка, пријавив во евн за упс-от, рекоа однеси го долу во Кец Куманово ќе го прегледаат ќе ти исплатат отштета. Го однесов па ме шетаа(а тежок е упсот сигурно 5-6кг) носи го по мајстори, го носев рекоа поправка ќе чини околу 2-3000ден, некои интегрални кола бла бла бла. Им пишав на евн, ги потсетив дека сум пријавувал слаб напон, ме отфрлија, како немало причина за одштета. И покрај долгогодишно пријавување за слаб напон и прегорување на куќни апарати, за нив(за тој Ѓоко Тасевски) немало причина. ВО декември 2010 година им пишав писмо на австријанците, одма ми одговорија да си се обратам до евн македонија. Австријанците направиле препраќање на писмото до нашиве лоповски евн и тие уште едно препраќање до мене со одговор на англиски со истите ветувања, се работи на проект бла бла бла со месеци лажење.
Бев во план во пазарна да одам, но ми требаа вештаци за упс и грејалките а немав пари за фрлање во ветер, бидејќи НЕ верував дека ќе успеам против евн нешто.
Верувате ли, уште за нова година одма почнаа да местат бандери и да работат на подобрување, сигурно сум ги пецнал кај најмногу ги боли: Евн Австрија.
Поука, ако нешто ти се расипе од снемување струја, запиши кој ден, колку часот, ќе ти треба за идиотиве.