Годишнина од масакрот во Дрезден

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Локација
Скопје, Обединета Македонија
На 13 февруари 1945 започнала сојузничката офанзива врз германскиот град Дрезден. Во следните 2 дена се случил еден од најголемите масакри на цивили во Втората Светска Војна. Дрзеден е средновековен германски град, центар на културата. Во тие моменти во него имало околу 600.000 илјади бегалци од најисточните делови на Германија дојдени под налетот на Црвената Армија. Непрестаното бомбардирање на англиските и американските авиони ги уништиле речиси сите знаменитости во градот, а целите за бомбардирање не биле бирани. Повеќе од 100.000 цивили загинале во лесно бранетиот град а повеќе од третина од зградите во градот разурнати(центарот целосно). Вкупно употребените бомби биле во сооднос 1:2 во однос на населението во Дрезден. Целта била јасна - одмазда. За ова воено злосторство никој никогаш не одговорал.
dresden1.jpg
 
Поради еден лудак (Хитлер) ,Германија изгуби многу важни културни објекти и прекрасна архитектура плус и иљадници невини цивили..уствари не бил само еден лудак,повеќе имало во тоа време..
 
Точно. Сепак за жал војната имала и друга страна а тоа е нецивилизираното однесување и на сојузниците. Страшни се приказните на цивилите од Германија. Сега очекувам некој космополит, либерал да рече е па така им требало. Двојни стандарди имаат луѓето. Нирберншкиот процес се водел пред се врз основа на обичајно воено право пред ад хок суд и судени биле само нацисти, ниту еден сојузнички офицер не бил суден и не само што не бил суден туку овие воени злосторства денес не се ни споменуваат...
 
Дрезден е екстремен случај ама големите градови скоро сите биле во најголем дел уништени и секако дека многу жртви цивили имало меѓу Германците. Го разбирам гневот на другите земји кој исто така многу страдаа од Германците но никако не смее да се релативира фактот, што и тие направија злосторства на пример бомбардирајнето на Дрезден.
 
Истите тие цивили излегувале масовно на митинзи на Хитлер и Sieg Heil му мафтале. Требале да знаат што ги очекува, ниедна империја не успеала во својот поход.
Народот е исто толку виновен за злосторствата колку и нивниот лидер кој ги наредува истите.
 
Поради еден лудак (Хитлер) ,Германија изгуби многу важни културни објекти и прекрасна архитектура плус и иљадници невини цивили..уствари не бил само еден лудак,повеќе имало во тоа време..

Да, поради некој лудак, САД се изнафрлале бомби врз градов.
Тие = миротворци
Хитла' - лудак

Битно е да ти го изџвака друг, па за после лесно е.
 
Дрезден е екстремен случај ама големите градови скоро сите биле во најголем дел уништени и секако дека многу жртви цивили имало меѓу Германците. Го разбирам гневот на другите земји кој исто така многу страдаа од Германците но никако не смее да се релативира фактот, што и тие направија злосторства на пример бомбардирајнето на Дрезден.

Ја знаеш онаа старската, памти па врати?! Епа исти случај и овде....Сметам дека и двете страни направија и вратија на начини кои не се хумани ( додуша во никоја војна нема ништо хумано во убивање на други луѓе ) ама тоа е војната, мораш да го удриш на непријателот таму каде што најмногу го боли и каде што има најмногу од што да изгуби.
 
Поради еден лудак (Хитлер) ,Германија изгуби многу важни културни објекти и прекрасна архитектура плус и иљадници невини цивили..уствари не бил само еден лудак,повеќе имало во тоа време..
подари тој истиот хитлер може да се каже дека германија е толку напредна денеска. да не бил он многу работи би биле сега скорз поразлични.
 
Не само што го заслужиле тоа Германците, туку и малку им било. Сојузниците не ја завршиле работата. 67 години по Втората Светска војна Германија повторно е најсилна држава во Европа, откако ја почнале најкрвавата војна во историјата на човештвото и на индустриски начин убивале луѓе.
 
Не само што го заслужиле тоа Германците, туку и малку им било.
То шо го збораш се прикаски за мали деца. Германците многу малку имаат уништено од европското културно наследство во втората светска војна. Башка не е темава дали заслужиле, туку темава е дали некој треба да одговара за убивањето на цивили и уништувањето на еден град.

Сојузниците не ја завршиле работата. 67 години по Втората Светска војна Германија повторно е најсилна држава во Европа
И да ги убиеле сите германци на територијата на Германија, богатствата на тоа место се огромни... Дури и македонче со тие ресурси можи да се развие. Така да теоријата дека не си завршиле работа и не ти држи баш многу многу вода...

откако ја почнале најкрвавата војна во историјата на човештвото и на индустриски начин убивале луѓе.
Каков е тој индустриски начин на убивање луѓе? Прв пат од тебе го слушам. Како и да е, бројката на загинати евреи во холокаустот е многу дискутабилна...
 
Не само што го заслужиле тоа Германците, туку и малку им било. Сојузниците не ја завршиле работата. 67 години по Втората Светска војна Германија повторно е најсилна држава во Европа, откако ја почнале најкрвавата војна во историјата на човештвото и на индустриски начин убивале луѓе.

Ај прочитај шти ти пишува под никот и послушај се самиот себе си.
 
На 13 февруари 1945 започнала сојузничката офанзива врз германскиот град Дрезден. Во следните 2 дена се случил еден од најголемите масакри на цивили во Втората Светска Војна. Дрзеден е средновековен германски град, центар на културата. Во тие моменти во него имало околу 600.000 илјади бегалци од најисточните делови на Германија дојдени под налетот на Црвената Армија. Непрестаното бомбардирање на англиските и американските авиони ги уништиле речиси сите знаменитости во градот, а целите за бомбардирање не биле бирани. Повеќе од 100.000 цивили загинале во лесно бранетиот град а повеќе од третина од зградите во градот разурнати(центарот целосно). Вкупно употребените бомби биле во сооднос 1:2 во однос на населението во Дрезден. Целта била јасна - одмазда. За ова воено злосторство никој никогаш не одговорал.
Aко внимателно се прочита твојот пост, посебно изразите што ги подвлеков, читателот ќе се запраша зошто се изнесени овие лаги.
Лага е твоето тврдење за 100. 000 загинати цивили и затоа те прашувам од каде тие овој податок?
Јас проверив на wikipedia и германска и англиска никаде не најдов бројка поголема од 25.000. Еве што стои во германска wikipedia http://de.wikipedia.org/wiki/Dresden
Зошто ја зголемуваш бројката на загинатите?
Во Втората Светска Војна животите ги изгубија повеќе од 50 милиони луѓе, се направени многу злосторства од кои сега се срами Човечкиот род. Многу градови се уништени со бомбардирања. Не сакам да спомнам ниту еден град, за да не се ставам во ситуација да објаснувам колку жртви имало овде, а колку онде и врз основа на тоа да дискутираме кое било помало а кое поголемо злосторство. Злосторство е убиството на еден човек. Меѓутоа овде можеш да прочиташ за бомбардирањето на Ротердам:http://en.wikipedia.org/wiki/Rotterdam_Blitz
Но ти во твојот пост употребуваш изрази: сојузничка офанзива, налетот на Црвената Армија, целта е јасна - одмазда.
Зошто користиш такви изрази?
 
Реков според неофицијални податоци над 100.000, официјалните се разбира се помали. Англичаните и ден денес нормално не признаваат. Исто како што нели во Егејска Македонија немаше Македонци, немаше напалм бомби, немаше убиства на цивили и на крај немаше бегалци. Понатака во твојот одговор се содржи тоа што сакам и јас да го кажам. Дека не е се така црно-бело. Хитлер направи огромно злосторство но не беа поарни ни неговите противници. Истите тие армии англиска, американска и руска, многу пред Хитлер правеа масакри значи не беше тоа некаков гнев само кон Хитлер. Сталин уби илјадници во гулазите, Американците се пресметуваа со Индијанците и црнците, Англиската империја се простираше од островот Велика Британија па се до пацификот. Денес сите го знаеме Хитлер лудакот а никој не вика дека некој крал, кралица, премиер, претседател од овие земји што ги набројав биле лудаци, а загинале илјадници луѓе под нивна команда...
 
Да, поради некој лудак, САД се изнафрлале бомби врз градов.
Тие = миротворци
Хитла' - лудак

Битно е да ти го изџвака друг, па за после лесно е.

Пишав ја..не бил само Хитлер лудакот..и од другарата страна имало..само треба да прочиташ убаво..едноставно,се поклопиле коцките во тој период..Лудаците биле на власт,а Хитлер прв ја р'чнал мечката .
 
То шо го збораш се прикаски за мали деца. Германците многу малку имаат уништено од европското културно наследство во втората светска војна. Башка не е темава дали заслужиле, туку темава е дали некој треба да одговара за убивањето на цивили и уништувањето на еден град.

И да ги убиеле сите германци на територијата на Германија, богатствата на тоа место се огромни... Дури и македонче со тие ресурси можи да се развие. Така да теоријата дека не си завршиле работа и не ти држи баш многу многу вода...

Каков е тој индустриски начин на убивање луѓе? Прв пат од тебе го слушам. Како и да е, бројката на загинати евреи во холокаустот е многу дискутабилна...

Не уништувале, краделе. До ден денес не се пронајдени сите уметнички дела кои Нацистите ги украле.

Не велам дека требало да ги убијат сите Германци. Со тоа ништо не се постигнува. Токму со тие богатства за кои зборуваш требало да ги обесштетат жртвите од Втората Светска војна. Ако тоа го направеле уште ќе плаќаше Германија.

Зборувам за индустријата во Треблинка, Аушвиц ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom