Mjolnir
Духот на рамковниот договор
На 13 февруари 1945 започнала сојузничката офанзива врз германскиот град Дрезден. Во следните 2 дена се случил еден од најголемите масакри на цивили во Втората Светска Војна. Дрзеден е средновековен германски град, центар на културата. Во тие моменти во него имало околу 600.000 илјади бегалци од најисточните делови на Германија дојдени под налетот на Црвената Армија. Непрестаното бомбардирање на англиските и американските авиони ги уништиле речиси сите знаменитости во градот, а целите за бомбардирање не биле бирани. Повеќе од 100.000 цивили загинале во лесно бранетиот град а повеќе од третина од зградите во градот разурнати(центарот целосно). Вкупно употребените бомби биле во сооднос 1:2 во однос на населението во Дрезден. Целта била јасна - одмазда. За ова воено злосторство никој никогаш не одговорал.
