Атина гори, над 50 повредени од кои повеќето полицајци

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Не верувам во тоа, ама ајде да речеме дека е така, нели е себична класната поделба?
Абе не е убава класната поделба, ама знаеш, ај вака дај ти пример, оди во Шутка, има луѓе што живеат бедно, буквално под картони, земи една фамилија кај тебе стави ги да живеат во предсобје, немора повеќе и остави ги да живеат до Мај, додека не затопли. Дај ти жртва, па после сите ќе те следат.
 
A

AnFem

Гостин

Давав жртва и ќе давам жртва. Никој не ме следи, а некои оние кои ми ја знаат ситуацијата, знаат да ме направат будала. Е рака на срце, не сум вдомила никој, ние за нас немаме простор... :)
 
P

PewDiePie

Гостин
Анфем за ова време што го дрвеше на форумов и што глумиш нешто,Господ само знае што,ќе отидеше до гејлада и ќе им дадеше поддршка на напатените душички што протестираат. Сериозно.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Абе не е убава класната поделба, ама знаеш, ај вака дај ти пример, оди во Шутка, има луѓе што живеат бедно, буквално под картони, земи една фамилија кај тебе стави ги да живеат во предсобје, немора повеќе и остави ги да живеат до Мај, додека не затопли. Дај ти жртва, па после сите ќе те следат.
Под класна поделба повеќе се мисли на дискриминаторскиот и игнорантниот однос на луѓето што повисоко котираат во социјалниот живот спрема оние кои се едно ниво или повеќе подоле од овие споменативе.Што значи нема тука никаква врска со жртвување и сл.Ти можеш на пр. да си многу моќен човек кој живее во замок и не живеел во сиромашна населба а сепак да си космополит или граѓанин на светот и да живееш по старата добра дефиниција дека во светот треба луѓето да се делат само на добри и на лоши луѓе.Со ова ти не си на ниту еден начин дискриминаторски и игнорантно поставен спрема оние кои се на едно ниво подоле од тебе.
Што значи кога ќе се спомене тоа се мисли повеќе на односот, а не на жртвите......
 
H

HITCH

Гостин
Затоа и реков, јасно ми е од каде гневот.
Чие име те тераат да смениш? Твое? И каква врска има грчката црква со обичниот народ кој се бори за своите права? Мрази ја црквата, не народот (особено не оние кои не се крстат во неа).
А, целта ти е да идеш контра без аргументи, па до кај се може?! Ти навистина го мислиш сето ова? Ти ги следиш настаните кај јужниве само од последнава недела, последниов период ти текна да ѕирнеш што се случува таму, или бетер информации добиваш од форумов?!
Да не ја ширам и преоптоварувам темава, но те упатувам тебе, а и сите оние кои не се баш во тек, да ги проверат случувањата со проневера на пари кај јужниве од лани и од пред НАТО самитот во Романија. Дражавата сега им се распаѓа токму поради проневерите по кои се познати, оти тие само со проневера се занимаваат. Така ја зедоа македонската историја, Беломорска Македонија, така влегоа во ЕУ и на крај им ги собраа и парите.
Црквата е замешана во проневера на пари, а вклучени се и политичари. Кај јужниве кој стигнал - тој крадел пари од ЕУ. Поповите на литургиите ги повикуваат јужните да не дозволуваат името на нашата држава да го содржи зборот Македонија, а народот не се буни против таквата проповед. Јас не сум сретнала некој да се побунил, а верувај ми дневно се информирам за случувањата долу.
Не ти е јасно од каде е гневот?! Протестираат оние кои досега живееле многу убаво и кои работеле малку, а земале многу. Ниту во комунистички системи нема онаква убавина. Да добиваш 500 евра бонус само затоа што си измил раце и си дошол на работа точно на време?!? Протестираат затоа што сега парите секнаа. Ќе мора да се плати она што го зедоа, а нив тоа воопшто не им се допаѓа.
Знаеш колку е извозот на Германија? Првпат оваа година надмина милијарда! Ама „Немачка“ има огромни фабрики со кои може да ја задоволи побарувачката во својата држава и да ги задоволи побарувањата на другите драви, а јужниве имаат банки, од кои само се вадат пари. Знаеш зашто паднаа толку брзо? Прво нешто што направија откако слушнаа дека земјата може да се соочи со мерки за штедење беше повлекување на парите од нивните банки и вложување во други европски банки. Парадоксот е тоа што државата нема своја валута, нема што да штампа, па се потпира на стабилноста на еврото кое сами го бутнаа, а треба други да го држат во живот.
Народот кај јужниве е виновен исто колку што се виновни и Црквата и Државата за политиката која се води кон Македонија и Македонците.

И уште нешто, нацонализмот е убава работа, ама за паметни луѓе. Останатите само го употребуваат во негативна конотација, без да го знаат значењето.

Анархизмот е супер идологија, за тинејџери. Во првиот судир со реалноста, се сведува на цртање А по ѕидови...
Потполно се согласувам!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Давав жртва и ќе давам жртва. Никој не ме следи, а некои оние кои ми ја знаат ситуацијата, знаат да ме направат будала. Е рака на срце, не сум вдомила никој, ние за нас немаме простор... :)
Хммм, зборам за луѓе што живеат во картони, на кои зимава ќе им скрати минимум 10 години од животот. Имаш повеќе простор од нив, во секој случај. На паркет да легнат па ќе бидат задоволни.
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 22:42 ---
Под класна поделба повеќе се мисли на дискриминаторскиот и игнорантниот однос на луѓето што повисоко котираат во социјалниот живот спрема оние кои се едно ниво или повеќе подоле од овие споменативе.Што значи нема тука никаква врска со жртвување и сл.Ти можеш на пр. да си многу моќен човек кој живее во замок и не живеел во сиромашна населба а сепак да си космополит или граѓанин на светот и да живееш по старата добра дефиниција дека во светот треба луѓето да се делат само на добри и на лоши луѓе.Со ова ти не си на ниту еден начин дискриминаторски и игнорантно поставен спрема оние кои се на едно ниво подоле од тебе.
Што значи кога ќе се спомене тоа се мисли повеќе на односот, а не на жртвите......
Постот беше одговор на постот на Анфем, дека она не верува дека богатството може да се стекне чесно и да е стекнувано со генерации. А при тоа ги генерализира луѓето со пари (а од друга страна обвинува за генерализирање). Јас и дадов пример, како треба да се бори за она во што верува, ама она ете немала место дома.
 
H

HITCH

Гостин
Ако живееш во пичкарска земја ( упс, каква дискриминација кон женскиот пол преку овакви фрази) или кукавичка како нашава тогаш сигурно анархизмот ке ти изгледа нестварен. Во 2011 се соочивме со протести и демонстрации од целиот свет за светската криза што ги снашла при таков убав животен стандард а не ни сакам да помислам што сме направиле ние во тој поглед за цели дваесет години.(?!) Тоа што тонат како говна ке се одрази и кај нас ( економска политика јбг многу фактори се замешани) и оние фабричиња каде што вагаат леб некои македонски работнички за сто евра плата пак ТИЕ им ги овозможиле , друг коментар е излишен оти тоа е реалноста.
О, г-це Љубов, па Вие изгледа сте многу млада. Во оваа држава имаше протести! Не се само оние кои беа иницирани од смртта на детето, оние за кои Вие знаете. Порано г-це да знаете каков ќотек јадеше Муратовски... `ко магаре го тепаа! Вие не знаете, мали сте биле, ама прашајте ги родителите, кои пак требало да протестираат кога почна приватизацијата во Македонија, за сега да не вагаат леб во „туѓи фабричиња.“ Но, за жал и тие изгледа се разбудиле сега, кога виделе дека животот им поминал без да изустат збор.

А, за делов дека ТИЕ некому му обезбедиле плата не знам баш. Државата ги субвенционира, заете за тоа?! Тоа нема да се одрази кај нас, оти кај нас цените се многу пониски од нивните. Ние не увезуваме неопходни прехрамбени продукти од нив. Ние не увезуваме пиперки, патлиџан, кромид, јачмен, пченица, брашно, млеко, јајца... Ние увезуваме 7 days, пасти за заби, шампони, тоа се продукти кои може да се увезат и од друго место, ОТИ таму не се произведуваат. Кај јужниве нема фабрики има само транзит на роба. :pos:

Престанете да глумите некои анархисти, освен ако не знаете што навистина значи тоа! Се бунтувате без причина!

П.С. И нафта увезуваме од кај нив. :giggle:
 
A

AnFem

Гостин
Ти немаш појма за она што зборував до сега, нели?
Него ептен сте напорни, а гледам она што го зборувам не го ни земате во обзир, или го сметате за нереално, или којзнае што.

Анархизмот тинејџерско лудило? Па и јас го сметам национализмот за производ на отупавениот ум и за една од човечките грешки... Никаде не одиме со муабет...

Поддршка за народот во Грција, да си ја дозапали државата, со надеж дека ќе продолжат и нагоре и ќе не спасат нас, игнорантните!
 
H

HITCH

Гостин
Поддршка за народот во Грција, да си ја дозапали државата, со надеж дека ќе продолжат и нагоре и ќе не спасат нас, игнорантните!
Како мислиш да продолажат нагоре? Да дојдат да не запалат и нас?! Хеј, па, уште тоа не им текнало! Трк да им кажеш. :pos:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ти немаш појма за она што зборував до сега, нели?
Него ептен сте напорни, а гледам она што го зборувам не го ни земате во обзир, или го сметате за нереално, или којзнае што.
За класите, за четвртта интернационала, за интернационалистите, за смрт фашизму слобода народу збореше. Времето на црвената „бескласна“ буржоазија заврши и нема никогаш да дојде. Како што ти нема да ги вдомиш тие од под картоните.

Анархизмот тинејџерско лудило? Па и јас го сметам национализмот за производ на отупавениот ум и за една од човечките грешки... Никаде не одиме со муабет...
Ај види кај однела човештвтото анационалната идеологија која се борела против национализмот, почнувајќи од 1917 година, која ја следат истите тие „космополити“, кои не бираат чив капитал горат. И не очекувај некој да ти аплаудира за твојот „космополитизам“. Забрана на сите нации и религии, нели? Никогаш повеќе. Тој џокер го изигравте, и тоа што рипате сеуште во држави каде се научени да живеат на туѓ грб ќе го снема за брзо време.
 
Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Не ме зезај, па со оваа парола беше створен најозлогласениот општестесвен систем кој некогаш постоел, земајќи на душа 100 пати повеќе луѓе отколку што земала инквизицијата и крстоносните војни заедно. И најмалку 4 пати повеќе одколку двете светски војни заедно.

Лага на векот произлезена од две книги. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom