се дигна голема врева, но ситуацијата е сложена и дискутабилна. јас лично се сомневам воопшто во здравата логика на авторските права. Пред стотици и стотици години Кина ја чуваше тајната на свилената бубачка. Пред 150-200 години имаме развој на индустријата но имаме и независно работење на повеќе автори на иста проблематика... н.пр. ОТО мотор, авион , да не зборувам за Никола Тесла кому многу од трудовите други му ги патентираа. Во периодот на студената војна во УСА беше егзекутиран брачен пар, полуписмен хауѕмајстор беше обвинет дека ги украл нацртите за атомската бомба и ги продал на СССР... и кобајаги демократската УСА го проголта тоа. Од друга страна имаме некој правила по 10г да ти истекне патентот, па пред неколку години хрватска Плива остана без сопствениот Сунамед. А има друга крајност, некој ( не пеачот или композиторот) заштитува некоја 50-60г стара песна.( Кога сме кај песните да напомнам дека еден обичен наш МК хит, Сребрени улици на Маја Оџаклиева никако неможе да го најдеш на ЈуТуб поради авторски права, единствено ако напишеш на кирилица ќе го најдеш, кирилицата е неразбирлива за нив..). Кај музиката пак има недоречености со вагони...90% од топ светските хитови се Ковер верзии, малкумина од народот го знаат тоа. Исто така има многу случаи да се направат мали иѕмени во насловот и музиката и тоа е друга песна. Ако некој мисли вистински ова да го расчистува, ке биде више дара него масло, треба секој 3 вработен човек да биде ангажиран со авторските права... лудило невидено... не зборувам за препишување на трудови, слични имиња... туку има огромна работа кај веќе заштитените работи... а исто така се сеќавам кога во 60-70-тите еден германец за подрачјето на Западна Германија плати заштита на Далматинско вино и го попречи извозот на далматинското вино од СФРЈ. Освен тоа, направи и голема штета , пушти во промет некој бучкуриши со етикети Далматинско Вино... а свежи се и случките со Ајварот, а Грција по мислам 10 годинишен спор го зема монополот на Фета сирење, па Холандија која го изгуби спорот ќе мора да прави само Фетта сирење.... грчкиот Кипар пак пред некоја година си патентира за ЕУ производство на Локум ??? и дузина глупости на кој им нема крај