Фан клуб - РК Вардар

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Осеќам ќе има некоја трампа, Никола Маркоски за Митревски :)
Они добиваат пикер, ние голман...
Типувам на ова со Николче...

или нешто у поголеми размери, Дивиот за Столе... како враќање на „отпишаните“...

сеа Chains ќе ми пише да не фантазирам, нема шанси да се деси тоа. Знам де, само моја претпоставка е ова... :D
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Добро де сега има добри голмани иво некоја екипа од сеха лига, не можат од таму некој да земат? сигурно не бара иста плата како борко :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Се надевам барем ќе добиеме добра оштета и тие пари ќе се искористат за носење голман и бек :D
Не е глуп Минчо, знае дека ептен ќе ни биде потребен голман, и мислам дека сигурно ќе се оствари трампата за Маркоски, колку и да несакаме ние.
Дури помислувам дека Никола ќе иде во Металург, Столе ќе го дадеме негде, и на крај ние ќе останеме на еден пикер...
Михјло е секогаш отворен за преговори кога се пари во прашање :icon_mrgr:
Знае дека ако почека до крај на сезона, нема да добие ништо од Борко, пошто договорот му завршува во јуни...
Митревски е најголем кретен што им седи на клупа на овие.
Во каква форма беше и види што го снајде сега.
Па маме му ебам, и тој и ред други, нели имаат желба за играње?
Па сега ако не играат дури се млади, незнам кога...
Да треба да бираме меѓу него и Дивиот, јас би го одбрал Митревски...
Истотака желба ми е и Мисовски. Искусен голман, стар лисец, од ерата на Петковски :icon_mrgr:
Одлична работа вршеше во Тинекс, па и полусезонава во Пелистер...
Незнам дали најде клуб во меѓувреме...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Сега на ред после Борко може да биде Столе да замине некаде во странство... Сигурен сум дека не би одбил добра понуда која веќе ја има. Е тука веќе е хендикеп, голман не до толку ама добар пивот да. Мислам дека полека доаѓа време за ремонт на Вардар еден солиден бек шутер е исто повеќе од потребен.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.948
Поени од реакции
15.118
леле отварам со надеж сме земале некој квалитетен бек, а вие денот ми го расипувате. Ако мора Борко да си иде се надевам Митревски ќе го земеме.
За Столе ја би направил се за да го задржам уште една година. ( до тогаш сеха лигате ќе ја стигне бундес и нема ни да сака да си оди :D )
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Сега на ред после Борко може да биде Столе да замине некаде во странство... Сигурен сум дека не би одбил добра понуда која веќе ја има. Е тука веќе е хендикеп, голман не до толку ама добар пивот да. Мислам дека полека доаѓа време за ремонт на Вардар еден солиден бек шутер е исто повеќе од потребен.
Имаме пикери не е до толку страшно и да замине Столе.
Николиќ е пикер од светска клса, Никола заостанува малку зад Ратко и Столе, ама пак е добар пикер, плус наше дете :D
Е на голмани сме тенки. Овој Абаџиќ една топка не одбрани со Ѕвезда...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Николич да ама многу потребен е солиден бек, види ги Маркович и Козлина какви шутери се нешто што на Вардар му фали...
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Вардар го плаќа цехот што има зверови репрезентативци.Не му се лутам на Борко,секој треба да ја искористи шансата да игра во Германија. За Столе,се надевам ќе остане до крај на сезоната. Тоа е,зверките растурија на ЕП,ќе ги бара елитата...

Што не бараат некој од Мојсо,Козла,Јоноски и компанија....камења до даска. Освен Миркуловски никој не одскокна од автокомадосите на ЕП.

Тоа е момци,баш се понадевавме дека ќе имаме конкурентна екипа,се случи ова. Михо треба да бара сега плус и голман,се надевам дека гледа малку подалеку и нема да им го даде Никола на металург,зошто од 3ца пикери може да останеме на еден. Голман да се бара стрикно како трансфер а не да правиме замени. Митревски да си го вратиме,со кеш платен секако.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.948
Поени од реакции
15.118
Дел од парите од борко да се реинвестираат во Митревски и готова работа. Ако остане Столе и дојде Митревски и те како имаме шанси против металург.
Гледав табелата и малку ни фали и за прво место. И со металург, Загреб и Нексе играме дома. Од јаките само со Татран сме во гости. Имаме поволен распоред па се надевам ќе го искористиме.
И Загред и Металург мислам дека треба со Татран на гости да играат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Дел од парите од борко да се реинвестираат во Митревски и готова работа. Ако остане Столе и дојде Митревски и те како имаме шанси против металург.
Гледав табелата и малку ни фали и за прво место. И со металург, Загреб и Нексе играме дома. Од јаките само со Татран сме во гости. Имаме поволен распоред па се надевам ќе го искористиме.
Загреб и Металург треба во гости или дома да играат со Татран ??
Со Нексе играме на гости.
Имаме три екстремно тешки гостувања во кои ќе видиме колкави ни се можностите.
Досега гостувавме кај екипи кои се бар за класа послаби од нас, е сега ќе видиме колкави ни се ВИСТИНСКИТЕ можности.
Гостуваме и кај Металопластика, и кај Нексе и кај Татран.
Во Прешов не верувам да тепаме, ама со Нексе и Металопластика мора да атакуваме на некој бод.
Веќе во сабота гостуваме кај Металопластика...
Знаеме каков менталитет имаат Македонските екипи на гостувањата, и морам да признаам дека сум изненаден што годинава имаме толку победи на гости.
Да не летаме, мислам дека нема теорија да завршиме пред Загреб и Металург во регуларниов дел, ако не купиме некој бек шутер како Стојановиќ во меѓувреме :)

Бтв и Металург гостува кај Металопластика, Нексе (веќе гостуваше тука) и Татран, но гостува и кај нас и кај Загреб.
Загреб игра дома со Татран или веќе играа во Загреб. Во Прешов Татран славеше со еден гол разлика.
Тежок кикс ни беше нерешеното дома со Босна :facepalm:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Загреб изгуби во Прешов,Металург треба да гостува во Словачка...
Околу Митревски,реално дечкото одамна е излезен од форма...
Да го праевме овај муабет пред 4,5 сезони(не знам точно која сезона беше),кога Митревски едноставно ЕКСПОЛОДИРА во Вардар и парче напрај во ЛШ(со еден Загреб на гости Вардар извади нерешено)....е ако во случајот го оставеа во Вардар,да му се дадеше шанса да биди прв голман тогаш Митревски сега ќе беше прв голман на репрезентацијата...
Тогаш го сменија Вујо,кој му даде огромна минутажа,дојдоа нови голмани во Вардар,нови тренери и се заборави на Митревски...
Вака го запустија,+НАЈЛОШ ПОТЕГму беше шо замина во Металург,да дреми на клупа,лани на Дивиот му беше резерва сега на двајца...
Излезен е од колосек шо би се рекло,но ако му дадат шанса да игра нон-стоп можеби ќе се врати во фрома...(но се е под знак ?)
Јас кога би бирал,би го зел Мисовски,класа голман искусен,баш каков шо му треба на Вардар......
Со оглед дека Пелистер веќе не смета на него,во моментот ако не се лажам е без анганжман...
Многу поевтина варијанта би бил,со оглед дека тешко би се откажал Металург од Митревски(затоа и им ги зеде Минчо сите тие играчи на Вардар,да се ослабни максимално директниот конкурент за титулата, и да го принуди да носи непроверени странци)...
Искрено јас не верувам Металург да се откажи од Никучот за пари,можеби ако Вардар понуди некоја директна трампа за еден од пикерите,со оглед дека тие останаа без пикер(Ванчо не го сметам,се виде неговото):D ....
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Па најпаметно решение ќе биде да се земе Мисовски, ако веќе дефинитивно Борко уште зимава оди за Германија. Квалитетен и искусен голман е, и реално најдобар после Борко и Станиќ во нашава лига. За Митревски ми нема логика да се плаќа оштета кога веќе се откажаа од него пред нецели 2 години, а и момакот подолг период е надвор од натпреварувачки ритам. Не знам колку би ни бил од корист во моментов.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.948
Поени од реакции
15.118
оваа сехава па тотално не организирана е . Нема нигде резултати од минатите натпревари. Се што пишував од сеќавање беше :D.
Со Татран не верувам да извадиме бод. Со Металопластика ако игра Столе ќе биде одлично. Со Нексе исто мислам дека можеме да победиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom