Мрчењето подразбира контрање, инаетење без потреба кое често завршува со расправија и навредливи постови. Најголемиот дел од мрчаторите јадат трици на провокативни теми. Многу ретко ги посетуваат форумите (хит на денот , играчница- да избројме до 100 000 , хумор- охридски, кумановски речник и сл.) Единствна цел им е влезат во Филозофија и Психологија ,Мистерии, Религија или Свет и да цитираат одредени ликови при што ќе гуглаат 200 работи само да го демантираат цитатот на дотичниот. И почнува кавга контра реплика со уште 10 контра мислења само да го убедат дека е тоа така, а мрчаторот и да знае дека е тоа така никогаш нема да попушти(тоа му е испод ниво). Болдираат 2 реченици од пост долг пола страна и одма тука се крева тензија( Лол ар ју кидинг ми, види вака чоек, ова страмота е да го помислиш а не пак да го напишеш, како си можел оваа страна да ја посетуваш кога сите информации и се неверодостојни итн.)
Мрчаторите претставуваат виртуелни стенд ап комедијанти, хејтаат се што ќе прочитаат, нивниот речник е збогатен со иронија и сарказам а при секој 3 пост ги ублажуваат ударите( абе јас тоа го разбирам ама не се тие потполно во право, те разбирам што сакаш да ми кажеш ама пак види овој научников што вика). Значи сакаат да се контраат но не сакаат да стекнат непријатели, само да и докажат дека тие се попаметни и поначитани затоа нивниот вокабулар мора да е обемен на секој факт мора да се изнајде теорија што го побива фактот.