Абе гледам доволно за да проценам,дали се квалитетни телма и алфа или не.
Телма последно нешто јако што даваа беше пред 4-5 години,како серија беше ама секоја епизода беше различна и се случуваа пиздарии,како измеѓу хорор,трилер така нешто беше,во најавната шпица се кажуваше нешто како ду нот тчар то аџаст да пикчр итс нафинг ронг вит вор тиви така нешто,ама беше мн јака ако му текнува на некој како се вика нека пише.
Другото реално им е срање,само го вртат по 70 пати на ден србинон што шета низ разни земји,аман веќе.
На Алфа ми се допаѓа што го собраа оној Васко Ефтов,сеа се гледа дека мора малку да фати страна човекот,ама јаки емисии правеше додека беше на Канал 5,сега мора да олабави малку ако сака да му се погледани емисиите. Што друго,она најслаба карика едно време даваа ама лошо помина,и она сега со таа Ана што има контакт емисии,гледам Трендо,оној од Зевзекманија го викнала,тоа се добри гости.
Не ми се свиѓа она со Нора Шакири,ептен е исполитизирано(нешто како бумбар ама малку посрање и по аматерски направено)....ми се допаѓа она со сопоменикот на Гоце што го даваат помеѓу реклами.
Е тоа им се цели програми,чисто да видиш дека гледам и дека сум запознаен,и пак ти кажувам срање се,нема квалитет во ниедна мк телевизија,посебно не во телма или алфа.