25 март 2004
Суспендиран теренот на Шкендија 79
По инцидентот што се случи по завршување на второлигашкиот меч Шкендија 79 - Куманово (1:1), теренот на домаќините е суспендиран и тие се предадени на Дисциплинската комисија
15 април 2008
Суспендиран теренот на Шкендија
Како што е познато на неделниот натпревар во Тетово, во првото полувреме тренерот на Работнички К. Драгољуб Беквалац бил удрен со камен од трибините, а на интервенција кај полицијата за да реагира, потоа задобил удар и во главата од луѓето кои се претставиле како обезбедување. На пат кон соблекувалната на полувремето во тунелот група од 6-7 играчи на Работнички К. биле исто така физички нападнати, по што раководството на "романтичарите" одлучило да не го продолжи натпреварот.
10 октомври 2008
Суспендиран теренот во Тетово
Натпреварот во Тетово беше прекинат по првите 45 минути, при резултат 1:0 за Македонија ЃП, откако гостинскиот играч Жорж Амбурует по исклучувањето на пат кон соблекувалната физички го нападнаа неслужбени лица. Габонскиот интернационалец во бесознаени со брза помош беше пренесен во болница, каде е констатиран потрес на мозокот, но е пуштен на домашно лекување.
18 декември 2007
Суспендиран теренот во Тетово
Во Тетово, по неделниот натпревар Ренова - Вардар (1-1) се случи тежок инцидент, во кој судиската четворка од Битола, на чело со Љубомир Крстевски, беше цел на физички напади на група од околу стотина домашни навивачи. Незадоволни од израмнетиот резултат во последните секунди од натпреварот, домашните навивачи одлучиле да делат своја правда. Во бркотницата на теренот, Вардар пријави дека настрадале и негови играчи, кои добиле по некој удар со палка од полицијата.
5 Мај 2006
Суспендиран теренот во Тетово
Поради присуство на неслужбени лица на средбата со Цементарница, суспендиран е теренот во Тетово, во кој како домаќин игра и прволигашот Ренова од Џепчиште, соопштија вчера во Фудбалската федерација на Македонија.
28 септември 2005
По инцидентот по мечот Ренова- Вардар
Теренот во Тетово суспендиран
Натпреварувачката комисија на ФФМ вчера го суспендира Градскиот Стадион Тетово, а фудбалскиот прволигаш Ренова, организатор на мечот, го предаде на Дисцплинската комисија, која ќе ја одмери и казната. Ваквата одлука е донесена откака по завршување на неделниот натпревар, што се одигра во рамките од шестото коло на Првата фудбалска лига, помеѓу Ренова и Вардар (0:1), во теренот влегле неслужбени лица кои го нападнале главниот судијата Сашо Лазаревски како и неговите помошници Горан Кипријановски и Драган Ристовски, сите од Куманово.