Снег

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Еве за сите поддржувачи за на Македонија Пат, видете колку тие си ја вршат работата...среќа немало повредени.Видете во каква состојба е патот :tapp:

Посети:: 3363
Автобус на Галеб излета од пат кај Кичево

Автобус на охридски Галеб кој превезувал патници од Охрид за Скопје излетал од коловозот и ''заринкал'' во снегот на магистралниот пат после Кичево.
До инцидентот неофицијално дошло од како пред автобусот излегол камион кое се излизгало на другата коловозна лента, по што автобусот за да го избегне директниот судар со камионот излетал во нива до патот.
Нема повредени, а патниците во моментов се наоѓаат во угостителски објект кој бил во близина на местото на настанот.

Автобус на „Галеб“ слетал од патот, нема повредени
Автобус на „Галеб“ кој сообраќал на релација Охрид - Скопје во 15 часот, попладнево околу 16.30 часот имал незгода во близина на Зајас - Кичевско. Имено, пред автобусот на лизгавиот коловоз се испречил камион, а за да го избегне, возачот на звтобусот реагирал присебно и го спуштил автобусот покрај патот.

-Во незгодата нема повредени, а патниците се претоварени во друго возило со кое се упатиле кон крајната дестинација, информираат од „Галеб“. Оттаму уште додаваат дека поради лошите временски услови автобусот сеуште не е извлечен од местото на незгодата и засега никој не се одзвал на апелот на компанијата за помош. „Поради лошите временски услови и забраната за товарни возила на Пресека не сме во можност да испратиме сопствено возило да го извлече автобусот“, посочуваат од „Галеб“.

Граѓани кои во моментов патуваат алармираат дека условите на патниот правец Охрид - Кичево се крајно лоши, особено на магистралата во делот на Дебрца каде поради врнежите од дожд коловозот на кој има остатоци од снег е лизгав и крајно опасен, поради што на возачите им се препорачува да бидат крајно внимателни и да не патуваат во текот на ноќта.

OhridNerws​




12.02.2012 19:46​

Прочитана е : 1355 пати​
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Во Куманово конечно паѓа вистински снег - густо и крупен е снегот. За половина час има нови 2-3цм, улиците станаа лизгалици за кратко време.

Гледам на идивиди дека во Битола паѓа дожд, во Прилеп и Велес drizzle, а во Охрид мешано?? Зар само у Ку паѓа снег? :cool:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Кичево, свежо

Автомобил слета од пат на стариот пат Струга - Охрид
Снегот, лизгавиот коловоз и неприлагодената брзина се причина за голем број незгоди. Вчера попладне автомобил „Шевролет“ излета на стариот пат Охрид - Струга. За среќа во незгодата нема повредени, а причинета е помала материјална штета.

Инаку, сообраќајот по стариот пат Охрид - Струга се одвива крајно отежнато, бидејќи не е исчистен. На коловозот има снег, поради што на возачите им се препорачува да бидат крајно внимателни.

OhridNews
12.02.2012 00:05

Прочитана е : 4440 пати


© 2012 Ohridnews.com
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Во Скопје почнаа да врнат чудовишта. Стварно, волку големи снегулки немам видено никад :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.784
Поени од реакции
11.347
Во Скопје почнаа да врнат чудовишта. Стварно, волку големи снегулки немам видено никад :)
Таман запалив кола, тргнав у град ама снегот ми рече не си фраер ако не возиш тенк.
И ништо, немам тенк јбг :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom