Повторни закани на спортски план од Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата Holy Temple
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Закана од Косово: тие што ни го палеа знамето сега им се закануваат на ракометарите

09
ФЕВ 2012​
21:30​

Косовската навивачка група „Плисат“, која минатиот ноември го запали македонското знаме на фудбалски натпревар во Гњилане, подготвува нова акција насочена против Македонија, а која треба да се случи за време на пријателскиот ракометен турнир што од 14 до 16 февруари ќе се одржи во Приштина, со учество на младинските селекции на Македонија, Бугарија, Црна Гора и на Косово.


Принт скрин од веста објавена на интернет-страницата на „Журнал“
Според весникот на албански јазик „Журнал“, косовските навивачи веќе извесен период се организирале по социјалните мрежи и упатувале повици, сè со цел да бидат во што е можно поголем број во салата за време на ракометните средби, особено на тие на кои ќе игра Македонија.
Тоа всушност би било одмазда за „навредите“ што македонските навивачи ги искажале на сметка на Албанците за време на неодамнешното Европско првенство (ЕП) во ракомет во Србија.
„Ќе се обидеме да дојдеме во огромен број во салата и да развиориме што е можно поголем број албански и косовски знамиња. Со тоа би покажале дека сме горди што сме Албанци и ќе ги исвиркуваме тие тие што постојано ја исвиркуваат нашата нација и нашиот јазик.“, се вели во изјавата на навивачите за весникот „Журнал“.
Евентуалните инциденти во Приштина би значеле и ескалирање на меѓуетничката криза, која, според албанскиот фактор, почнала со наводните навредливи скандирања на македонските навивачи на ЕП во Србија кон албанската етничка заедница во земјава.
Заканите се реални и треба да се сфатат максимално сериозно бидејќи доаѓаат од група таканаречени навивачи што немаа никаков проблем јавно да го запалат македонското знаме во Гњилане и истовремено да ја истакнат паролата „2012 не е крај на светот, туку крај за Македонија“.
Според нивните изјави за косовските медиуми по натпреварот, палењето на знамето се случило како одмазда, како што велат тие, за навредливото навивање на македонските навивачи во Прилеп за време на пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Албанија, десетина дена пред овој инцидент.
Игор Крстевски

Запаленото македонско знаме лани во ноември

Паролата против Македонија на истиот меч

Истата парола со поинаква кореографија
 
Место да се смирува ситуацијата некои структури пак провоцираат, тоа само ќе доведе до поголема омраза и одмазда кон Албанците од Македонска страна
 
Разговор со соодветната федерација на Косово, ветување за остранување на ваквите идеи и нивното случување на натпреварите, гледање на дело дека такви работи ќе нема со пре-акции за апсење и силно обезбедување.

Ако не се оствари ова што би било пред турнирот, повлекување од турнирот и не идење во Косово. Ако се случи за време на турнирот, поради очигледната неспособност или немање на желба за остранување на овие идеи целосно повлекување од турнирот и раскин на односите со таа федерација и испраќање на дипломатска или владина нота до органите на Косово.
 
браво за Косово. Косово е типичен пример од типот: Рани куче да те лае.
брзо заборавија кој ги хранеше кога Милошевиќ ги бркаше.
Пу! Јаз'к!

Не бе супер си се они..него ние сме глупаците што ги раневме.. и од тие што ги раневме пола останаа тука и 2001 не доведоа до војна...ако ние сега.
 
Ако толку беа изреволтирани од ракометарите може да протестираат кога беше , а не како во Вевчани кога ќе им текне. Ај немаме попаметна работа ќе им палиме знамиња. И онака сите во Европа ги знаат Косоварите како дифтари.
Или па тоа е исто како јас да земам да протестирам за тоа кога правеле Турците пред 5 века. Ве молам еј...
 
Албанскиве националисти изгледа ќе го надминат рекордот на Српскиве Националисти во палење знамиња. :P
 
голема сиромаштија во Српската Административна Покраина Косово и Метохија (САПКиМ)
палат знамиња со сонца за да се згреат....
 
Значи не е битно они први што почнаа со палење знамиња и отворени закани дека ќе ја нема Македонија :facepalm:, ај што ние не вративме, сега уште проблеми ќе правеле на турниров што којзнае како им го дале да го организираат. А на страна тоа што ги собравме 400.000 тука кога сакаше Милошевиќ да ги истреби.
Јас мислам дека најпаметно е моментално да се откажеме од учество. Ем ќе им пропадне турнирон беден, ем нема да се замараме тука нешто да не им направат на нашите спортисти.
Тууу, колку се воздржувам да не се распцујам....
 
Знам одамна дека нашите немаат памет кога станува збор за политика, ама ако ги пуштат нашите деца во српскава покраина стварно ќе стават потпис на ова.
 
Во таква земја е нормална оваа ојава, инаку од РФМ соопштија дека најверојатно нема да учествуваат на овој ионака квази турнир.
 
сеуште ги чекам принц, дарданиа и хотмејл со нивните логични причинско-последични теории и оправданија за делата на дивјациве...
 
Нема соживот со такво племе одамна е тоа јасно, со овој и со изминатите вакви слични дејствија го покажуваат тоа, само лошо е што нема речиси никаква реакција од наша страна...
 
Од кога играат во Косово ракомет и дали е признаена нивната федерација?

Не знам што потреба има да учествуваме, посебно не покрај вакви најави. Се работи за малдински репрезентации овие шупаци изгледа грам мозок немаат, од спорт и фер плеј уште помалку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom