Фудбалерите на Манчестер ј. обвинети за силување Фудбалерите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед се под стрес откако 26-годишна девојка пријавила во полицијата во Манчестер дека е силувана на забавата на клубот, во вторникот во раните утрински часови.
По триумфот над Ливерпул (0-1) целиот тим на „црвените ѓаволи“, со исклучок на Кристијано Роналдо кој беше на доделувањето на наградите на ФИФА, бил собран на божиќна забава во хотелот „Грејт Џон Стрит“ во центарот на градот. Секој фудбалер можел да си донесе и свои гости, така што на забавата биле присутни околу 150 гости, од кои повеќе од 90 биле млади девојки на возраст од 18 до 30 години.
- Околу 4.15 часот наутро во полицијата пристигна пријава за силување од хотелот во центарот на градот, кој клубот Манчестер јунајтед го резервирал за прослава на своите фудбалери. Истрагата ќе продолжи се додека не бидат откриени виновниците – стои во официјалното соопштение од полицијата на Манчестер, објавено во англиските медиуми.
Полициските органи уапсиле 19-годишно момче, чиј идентитет се држи во тајност, а треба да помогне во текот на истрагата.
На забавата на Манчестер јунајтед било лудо и незаборавно. Биле испиени 800 литри пиво, безброј шишиња виски и вотка, а биле изнајмени и стриптизети како посебен декор за фудбалерите.
- Девојките им се нафрлуваа на славните фудбалери, а тие беа мртви пијани и речиси се капеа во пиво, виски и во вотка. Вејн Руни и Рио Фердинанд не го напуштија подиумот за танцување, а сер Алекс Фегусон им кажа на фудбалерите дека слободно можат да се опуштат и да се веселат – открива еден од присутните на божиќната забава.
Лудориите на фудбалерите на Манчестер јунајтед продолжиле во казино, каде што, според англиските медиуми, сите заедно прокоцкале околу 2 милиони евра.
- Забавата продолжи во казиното „Манчестер 235“, каде што пијаните фудбалери му се препуштија на рулетот и на коцкањето – дополни изворот.