Телевизиски канали на МПЦ и на ИВЗ ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.457
Поени од реакции
8.651
Возраст
34
Советот за радиодифузија ја отпочна постапката за добивање на дозволи за телевизиски канали на МПЦ и на ИВЗ. Членовите се договорија на следната координација да одлучат дали ќе дадат две дозволи за непрофитни телевизии кои ќе се емитуваат преку кабловски оператори.

„Таа ТВ инсистирам да биде непрофитна бидејќи самиот карактер на телевизијата е таков и не би било пожелно да има реклами, а второ, да не се меша во рекламниот колач на останатите и да не им направи штета, а сепак да се обрати кон една целна група и да ги задоволи специфичните потреби“ истакна претседателот на СРД, Зоран Стефановски.

„Неминовно е да го истакнеме и тоа дека имаме барање и од Исламската верска заедница. Ако се оди на давање на такви дозволи да се има обзир дека и тие се во ист ранг, особено со новите промени во Утавот од 2002 година“ потсети Миљаим Фетаи.

„Ние прво треба да ја испитаме заинтересираноста и на други вакви заедници, бидејќи покрај МПЦ има и други христијански цркви кои што се многу активни“, забележа Бојан Шоптрајанов.

Според Советот за радиодифузија ваквите проекти би биле од корист и сметаат дека освен МПЦ и ИВЗ, доколку и другите верски заедници покажат интерес, повторно ќе распишат конкурс.
Превземено од Алфа тв

има и видео http://www.time.mk/read/c518465732/bda9 ... index.html
 
Немогуче! Си нашле одличен начин за перење парички, кај се видело МПЦ или ИВЗ без пари да работат. Боже време ти е да се симнеш на земјава и да ги земеш со себе, ја претераа!
 
шпански серии, турски серии, мпц и ивз канал, во надолна линија одиме :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Абе дајте од тоа парите што ги собирате на некој кој има потреба, уплатете на некоја трансакциона сметка за некое болно дете кое моли за помош и животот му зависи од потребните пари за операција, згрижете ги бездомниците, поделете на некои кои немаат леб да јадат, дајте им облека да облечат на ладново.

Престанете со бизниси на сметка на религијата имате ли вие памет бе. :facepalm:
 
Ако случајно им одобрат телевизија на МПЦ и ИВЗ јас лично ќе си основам своја религија и ќе побарам телевизија. Доволно не отруја со турски и шпански серии, киксот на МТВ за обраќањето на Севишнион беше капак и сите не исмејуваат поради тоа па сега уште и телевизија со религиозна порака ни недостига. Подобро би било тие пари за телевизија да ги искористат за отварање на народни кујни, сиропиталишта и шелтер-центри за бездомниците - ако навистина целта им е да им помогнат на луѓето, ама колку што заклучив тоа и не им е баш на дневен ред.
 
Секој нареден офтопик или сеир на темава ќе биде санкциониран со директен бан од тема и опомена со негативни поени.
Разбирам дека не сте верници, ама тоа не ви дава за право ако немате нешто паметно и издржано да кажете, да тресете зелени на темава.
 
Покрај сето срање на ТВ само уште ова фалеше. Ама ако не бараат дополнителна такса и пари од нас граѓаните, нека има, кај има се друго шо не треба, може и ова.
 
Тргнувајќи од мене и изборот на “супер“ програми шо ги имаме на располагање, моето гледање на ТВ се сведува на 5-6 канали: спорт клуб, спорт клуб +, Еуро Спорт, ЕСПН, РТЛ (даваа Ф1). Толку. Нити имам желба да го гледам, нити намера да барам канал на МПЦ (ко христијанин) на тв.

На толку голотија, интернет и незнам ти шо уште не, тие најдоа да се ориентираат на телевизија, начин на пренесување на информации кој (според мене) умира. Умира, прашање е дали за 10 години ќе гледаме ТВ на овај начин...

И баш ме интересира како мислат дека ќе поможат младината да не забега по дроги, алкохол и слични пороци со ТВ канал? Теле се учи (дури е мало), вол кој заглавил до гуша во кал... и папата да дојди тешко дека ќе го извај.

Конкретно, веронаука во училиштата е многу попаметно решение отколку ТВ канал (кој патем нема да заживеј, нити ќе има публика), ама ајде нека му биди...
 
Секој нареден офтопик или сеир на темава ќе биде санкциониран со директен бан од тема и опомена со негативни поени.
Разбирам дека не сте верници, ама тоа не ви дава за право ако немате нешто паметно и издржано да кажете, да тресете зелени на темава.

Не се работи тука за верници/неверници нема врска тоа..фаќаме сеир дали и која е потребата верскиве институции да имаат свои телевизии.ја сум верник и мислам дека тоа е непотребно.
 
Нека има, ако, ја сум за слобода нa говор ама да не е под капата на државата, да се плаќа данок како секој нормален канал нели да важат исти права. И секако да има контрола на тоа што се емитува. Верата е опасна работа и народот може брзо да се манипулира, гледаќи последниве случувајна во Струга.
 
Уште за вакви канали немав слушнато:tapp: Леле колку се аздисани ова верскиве институции, сегде се испикани и само цицаат пари.
Франкфурт мафија се гола вода спрема овие
 
Леле не ми се верува,читам или сонувам.Господи боже прости им.Не знаат што прават.

А и овие од радиодифузија нека земат да поработат да имаме еуроспорт на македонски јазик.Исто е и со кабелскиве.Кабелска имам а титл(превод)никаде.Криминал голем колку мон блан
 
Јеееј па не ве разбирам што мрчите ќе имаме две нови телевизии(или една?)кај што нема турски серии ниту реклами :cuc:.
А, можно е на цацко да му дадат да го глуми господ oh wait o_O
 
Не гледам што е проблемот под услов да не се финансира од државата. Ова е најнормална работа низ целиот свет. Мислам смешно е некој да биде против кога на ТВ се даваат порки, турски глупости и дебилни емисии и сега верски канали биле страшна работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom