Јас како пример ќе се земам. Пушам марихуана од 1996(ах тогаш потешко се најдуваше а и можеа да ти шитнат слаба, само устата да ти ја суши). Е сега муабетов не е демек пушам15/16 години а не сум зависен ха ха, бла бла, туку имало периоди кога со месеци не сум запалил, еднаш се случи 2 години да не запалам, се случувало еднаш неделно да палам...и секако се случувало секој ден(понекогаш повеќе пати на ден) со месеци. Значи никогаш, НИКОГАШ не сум почувствувал потреба да МОРАМ да земам, тотално ми е сеедно дали ќе пушам или не, сеедно (повеќе сум се напнувал кога со денови немало луѓе за баскет).
Додека пак ако не запалам цигара подолго од 4/5 часа МОМЕНТАЛНО имам напади како мала вртоглавица проследена со чудна нервоза и интензивно потење(посебно на дланките), се ми смета, не ми се праи муабет, сакам да удрам, да скршам, да трчам, да спијам се одеднаш.
Никој и Никогаш не може да ме убеди дека предизвикува зависност, зошто? Затоа што ЗНАМ, затоа што "сум бил таму".