Според мене најдобра е уставната монархија, инкорпорирана во систем на парламентарна демократија, како во Британија. Земајќи ја предвид традицијата на Британија, мислам дека овој систем е одличен и дека доколку добро се постави check and balance системот би бил речиси совршен систем, во кој луѓето имаат право да ги одберат своите преставници во Парламентот, кој е зависен од Владата, која од друга страна е зависна од Парламентот и секако тука е кралот/кралицата која иако е уставно ограничена (иако Британија нема пишан Устав, сега зборувам општо, не конкретно за Британија), сепак може да влијае врз одредени политики доколку забележи злоупотреба на власта. Притоа, во овој случај, позитивното е тоа што кралот/кралицата е неутрален, не припаѓа на идеологија, ниту на политичка доктрина односно партија, така и расудувањето на истата ќе биде пообјективна. Не може сосема да е објективна, со оглед на тоа што 100% објективност не постои.
За мене ова е најдобар систем на уредување и политички систем.
Што се однесува до комунизмот, има благородна нишка, но муабетот: секој според можностите, секому според заслугите е тотално нереална, барем во наредните неколку векови. А и не можат луѓето да бидат целосно исти, тоа е невозможно. Има луѓе кои ќе го злоупотребат тоа. И секогаш ќе има такви, тоа е тој баланс помеѓу доброто и лошото. Политиката како таква не е благородна, ниту чиста, така да таа е директен производ на луѓето, од што може да се донесе заклучок дека голем дел од луѓето ниту се чисти, ниту благородни. За да може да постои бескласно општество, треба да постои свет без политика, кој не е возможно да не постои, затоа што тоа е еден круг кој никогаш не умира и кој не е тркалезен.
Иронијата е што, Маркс говорел дека откако ќе настапи социјализмот како преодна фаза во комунизмот и потоа со негово доаѓање ќе изумре државата, но во сите социјалистички држави до сега, државата била најцентрализирана од сите други системи. На хартија се тоа убаво звучи, но не значи дека ако е добро на хартија, дека е добро и во пракса.
Теоријата нема една работа. Живи луѓе. Речиси сите системи кои можеби добро звучат, забораваат на факторот човек и ги замислуваат системите со луѓе кои се чесни добри и бла бла, а тоа не е така. Башка со оглед на нереалната пропаганда против комунизмот, а и со оглед на реалниот неуспех на социјалистичките држави, многу ќе биде тешко повторно да се воспостави социјализам или комунизам, затоа што голем дел од светската популација е разочарана од последиците кои ги сносија на крај. Можеби друга приказна ќе се раскажува за 100 години, но збориме за реални ситуации во реално време (сегашноста и блиска иднина).
А демократијата сама по себе не е добар систем и треба да биде искомбинирана и подобрена, затоа што во моменталниот стадиум во кој се наоѓа е деструктивна и им овозможува на политичарите комплетно да ја манипулираат масата со реторики и со слатки зборови. Моментално, разликата меѓу диктатура и демократија е тоа што во демократијата луѓето сами си го бираат диктаторот. Буквално. Треба уште да се работи и да се сменат некои работи од корен, за демократијата да биде прифатлив систем на владеење.