Најдобар политички систем?

Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Според мене тоа е Комунизмот, имаш се што ти треба и што го имаат другите ( го имаш тоа што можеш да го имаш, а не да посегнуваш по нешто што не можеш да го имаш ) Работиш и жевееш убаво, не се занимаваш со тоа како ќе ја браниш државата од други, со политика и разни срања... Си живееш и си свиркаш.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Според мене најдобро уредување е безкласното општество што е слично со комунизмот ама сепак не е исто. Во безкласното општество не би постоеле парите и секој би го добивал она што му е најнеопходно.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Комунизам не, ептен органичено општество.
Капитализам, отвори бизнис направи 100.000-200.000 евра, повлечисе и свиркајси до крај на живот.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
20
Поени од реакции
8
Toa sto Peliknovac i deXterche go spomnaa ne e komunizam, tuku socijlaziam sto pretstavuva skala kon komunizmot koj nikogas ne ni bil dostignat. Inaku, nikoe vladeenje ne e dobro, valjda na site vi e jasno toa.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Деспотија од источен вид со теократско оправдување на власта...

Не за друго - gets shit done.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ако ги исфрлиме идиличните и нереалните општества како комунизам пошо е неможен нели ... Тогаш од постоечкиве системи тоа е секако демократија и тоа според мене од претседателски тип (како во САД), сите тоталитарни системи како социјализам и фашизам у минус идат нез како може некој да сака тоталитаризам o_O како и да е секој со своето. Нормално со капитализам , пазарна економија.

п.с. Темава до модераторите нека ја сменат темава у Најдобар политички систем според вас ?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Ако ги исфрлиме идиличните и нереалните општества како комунизам пошо е неможен нели ... Тогаш од постоечкиве системи тоа е секако демократија и тоа според мене од претседателски тип (како во САД), сите тоталитарни системи како социјализам и фашизам у минус идат нез како може некој да сака тоталитаризам o_O како и да е секој со своето.

п.с. Темава до модераторите нека ја сменат темава у Најдобар политички систем според вас ?
Преголем либерализам еве на што доведува - Америка и либералниот капитализам доведоа до голем крах на берзата исто како во крајот на 20тите од ХХ век. Од друга страна тоталитаризмот па го закочува системот што веднаш после паѓањето на истиот, преголемиот либерализам е нешто идеално и се прифаќа без да се пресмета на последиците. И така ќе се вртиме во круг. Еден поидеален систем од САД е Германија во денешни рамки.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Преголем либерализам еве на што доведува - Америка и либералниот капитализам доведоа до голем крах на берзата исто како во крајот на 20тите од ХХ век. Од друга страна тоталитаризмот па го закочува системот што веднаш после паѓањето на истиот, преголемиот либерализам е нешто идеално и се прифаќа без да се пресмета на последиците. И така ќе се вртиме во круг. Еден поидеален систем од САД е Германија во денешни рамки.
алчноста на бандата од волстрит ги донесе до крах не преголемиот либерализам и ја зборам за политичкиот систем како претседателски тоа го споредив со САД не економскиот
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Според мене најдобра е уставната монархија, инкорпорирана во систем на парламентарна демократија, како во Британија. Земајќи ја предвид традицијата на Британија, мислам дека овој систем е одличен и дека доколку добро се постави check and balance системот би бил речиси совршен систем, во кој луѓето имаат право да ги одберат своите преставници во Парламентот, кој е зависен од Владата, која од друга страна е зависна од Парламентот и секако тука е кралот/кралицата која иако е уставно ограничена (иако Британија нема пишан Устав, сега зборувам општо, не конкретно за Британија), сепак може да влијае врз одредени политики доколку забележи злоупотреба на власта. Притоа, во овој случај, позитивното е тоа што кралот/кралицата е неутрален, не припаѓа на идеологија, ниту на политичка доктрина односно партија, така и расудувањето на истата ќе биде пообјективна. Не може сосема да е објективна, со оглед на тоа што 100% објективност не постои.

За мене ова е најдобар систем на уредување и политички систем.

Што се однесува до комунизмот, има благородна нишка, но муабетот: секој според можностите, секому според заслугите е тотално нереална, барем во наредните неколку векови. А и не можат луѓето да бидат целосно исти, тоа е невозможно. Има луѓе кои ќе го злоупотребат тоа. И секогаш ќе има такви, тоа е тој баланс помеѓу доброто и лошото. Политиката како таква не е благородна, ниту чиста, така да таа е директен производ на луѓето, од што може да се донесе заклучок дека голем дел од луѓето ниту се чисти, ниту благородни. За да може да постои бескласно општество, треба да постои свет без политика, кој не е возможно да не постои, затоа што тоа е еден круг кој никогаш не умира и кој не е тркалезен.

Иронијата е што, Маркс говорел дека откако ќе настапи социјализмот како преодна фаза во комунизмот и потоа со негово доаѓање ќе изумре државата, но во сите социјалистички држави до сега, државата била најцентрализирана од сите други системи. На хартија се тоа убаво звучи, но не значи дека ако е добро на хартија, дека е добро и во пракса.

Теоријата нема една работа. Живи луѓе. Речиси сите системи кои можеби добро звучат, забораваат на факторот човек и ги замислуваат системите со луѓе кои се чесни добри и бла бла, а тоа не е така. Башка со оглед на нереалната пропаганда против комунизмот, а и со оглед на реалниот неуспех на социјалистичките држави, многу ќе биде тешко повторно да се воспостави социјализам или комунизам, затоа што голем дел од светската популација е разочарана од последиците кои ги сносија на крај. Можеби друга приказна ќе се раскажува за 100 години, но збориме за реални ситуации во реално време (сегашноста и блиска иднина).

А демократијата сама по себе не е добар систем и треба да биде искомбинирана и подобрена, затоа што во моменталниот стадиум во кој се наоѓа е деструктивна и им овозможува на политичарите комплетно да ја манипулираат масата со реторики и со слатки зборови. Моментално, разликата меѓу диктатура и демократија е тоа што во демократијата луѓето сами си го бираат диктаторот. Буквално. Треба уште да се работи и да се сменат некои работи од корен, за демократијата да биде прифатлив систем на владеење.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Демократија, но за жал постојат големи манипулации со самиот термин.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тетрархија владеење од четворица кралеви.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.977
Поени од реакции
8.651
Според мене најдобра е уставната монархија, инкорпорирана во систем на парламентарна демократија, како во Британија. Земајќи ја во предвид традицијата на Британија, мислам дека овој систем е одличен и дека доколку добро се постави check and balance системот би бил речиси совршен систем, во кој луѓето имаат право да ги одберат своите преставници во Парламентот, кој е зависен од Владата, која од друга страна е зависна од Парламентот и секако тука е кралот/кралицата која иако е уставно ограничена (иако Британија нема пишан Устав, сега зборувам општо не конкретно за Британија), сепак може да влијае врз одредени политики доколку забележи злоупотреба на власта.
Кралицата не може да влијае на одлуки, нејзината работа е само церемонијална а за да може таа да си ја "прчи" со нејзиното семејство пари добива од царината на Британија (затоа и Британија е во ЕУ ама како да не е) доколку има злоупотреба на власта ќе се распишат превремени избори, кралицата не е никаков фактор.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кралицата не може да влијае на одлуки, нејзината работа е само церемонијална а за да може таа да си ја "прчи" со нејзиното семејство пари добива од царината на Британија (затоа и Британија е во ЕУ ама како да не е) доколку има злоупотреба на власта ќе се распишат превремени избори, кралицата не е никаков фактор.
Веруј ми дека може да влијае. Може и да става вето, само со текот на времето, кралиците се решавале да не ставаат вето. Последен пат вето е ставено во 1884 мислам. Сепак го има правото. Инаку, да, ако има злоупотреба, се распишуваат избори, ама кралицата е таа која ги распишува изборите и го распушта Парламентот. ;)
Тоа што кралицата се решава да не учествува многу активно во политичкиот живот, не значи дека нема права. Има, ограничена е со Уставот, но има моќ, ама нејзино е колку од таа моќ ќе употреби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom