Меѓународно право, договори, конвенции...

Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Живееме во свет каде Меѓународното право зема се поголем замав во неговиот развиток. Државите меѓусебе склучуваат договори кои со самото тоа што се билатерални или мултилатерални се дел од Меѓународното право. Денес голем дел од правото е регулиран со меѓународните договори.
Македонија има склучено доста меѓудржавни договори, а тие стануваат дел од нашето право, бидејќи со договорите се регулира област од правото кое важи само за државите кои го склучиле.
Темата ја отворам за дискусии за меѓународни договори кои ги склучува Македонија со останатите држави, коментари.
Но, ја отворам и за оние кои имаат потреба од информација за некаква конвенција, договор, а не можат да ја пронајдат сами.
На форумот како што можам да видам има доста голем дел членови што се по струка правници или се на Правен факултет, вклучувајќи ме и мене. Па да се потрудеме да помогнеме на оние што имаат потреба од некоја информација од правната област.
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455

Со оглед на тоа дека пред една недела полагав МЈП, би сакал да одморам едно месец,два од овие теми:) Али во секој случај добра тема, има што да се каже, и може многу да помогне не само за правници туку и за сите други луѓе што барем сакаат да отидат во странство, а посебно за оние кој си имаат подолг престој таму и се вклучени во било какви меѓунардни договори. Имап лајк за темава :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мене ми е итно потребен совет од учесниците на оваа тема.
Во Скопје, ЈП „ Градски паркинг “ и ЈП „ Паркинзи на Општина Центар “, вршат дискриминација и незаконско казнување наплатувајќи за паркирање и казнувајќи ги тие што не платиле за паркирање.
За ова, бидејќи не можев да обезбедам заштита пред надлежните домашни органи, веќе вложив жалба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за повредите на Европската конвенцијата за заштита на човековите права.
Но со овие дела исто се повредени и Униврзалната декларација за правата на човекот и Пактот за човекови права на ООН.
Затоа сакам сега, паралелно, да поднесам жалба и до ООН.
Може ли некој да ми каже какви постапки можат да се покренат пред ООН?
 
Ништо не можеш да покренеш пред ООН. Тоа не е судска организација. ООН има веќе Меѓународен суд на правдата, но тој е во Хаг, а како субјекти не може да се појават физички лица, само субјекти на меѓународното право, како држави и меѓународни организации. Стразбур е вистинското место што си го одбрал, но таму се чека со години за преглед па и за пресуда.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Мошне интересна тема. МЈП ми беше еден од омилените предмети. Сега го изучувам и на втор циклус преку правната практика на некои случаи од Меѓународниот суд на правдата. Се надевам дека ќе отвориме добри дебати и ќе се судруваме со мислења, анализи и решенија за одредени случаи (y)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ништо не можеш да покренеш пред ООН. Тоа не е судска организација. ООН има веќе Меѓународен суд на правдата, но тој е во Хаг, а како субјекти не може да се појават физички лица, само субјекти на меѓународното право, како држави и меѓународни организации. Стразбур е вистинското место што си го одбрал, но таму се чека со години за преглед па и за пресуда.
Така и јас разбрав, но се мислев дали можам да напишам представка до некоја друга држава или меѓународна организација, во која ќе замолам да таа покрене постапка пред Меѓународниот суд на правдата? Исто слушнав дека постои и Комитет за човекови права на ООН, дали таму има можност да се обратам?
Бидејќи имам доста години, стравувам дали мојот случај ќе го разгледа Стразбур додека сум жив.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Така и јас разбрав, но се мислев дали можам да напишам представка до некоја друга држава или меѓународна организација, во која ќе замолам да таа покрене постапка пред Меѓународниот суд на правдата? Исто слушнав дека постои и Комитет за човекови права на ООН, дали таму има можност да се обратам?
Бидејќи имам доста години, стравувам дали мојот случај ќе го разгледа Стразбур додека сум жив.
Никој не може да покрене тужба наместо тебе, а посебно не држава или меѓународна организација. Постапка пред меѓународниот суд на правдата не може да се покрене за приватно лице како што си ти, тој суд е за спорови помеѓу субјекти на меѓународното право, човекот не е субјект, субјект е меѓународна организација или држава, освен исклучоци кај компании каде што акционен удел има држава, но тоа не е битно во случајов.
Значи, можеш да покренеш тужба пред Европски суд за човекови права во Стразбур, а за чекањето, никој не бил помилуван. Сите чекаат
Комитетите на ООН се внатрешни органи кои ја прават организацијата да функционира, тие не се тела кои се грижат за проблеми на граѓаните. Тоа се тела составени од стручни лица за потреби на ООН.
 
Не се работи за тужба туку за жалба.
Република Македонија, со потпишување и ратификување на одредени меѓународни договори се обврзала дека ќе ги почитува, во конкретниов случај, основните човекови права.
Јас до Судот во Стразбур поднесов жалба и доставив докази, дека не се почитувани правата гарантирани со членовите 6,7 и 12 од Конвенцијата и член 1 од Протокол 12 кон Европската конвенцијата на основните човекови права.
Сега сакам слично да направам и кон ООН.
Постои Универзалната декларација за правата на човекот, но постои и Пактот за основните граѓански и политички права. Еве го тој документ:
Во делот 4, членовите 28 до 45, предвидено е постоење на Комитет за човекови права. На овој Комитет планирам да доставам представка во кој ќе ги опишам делата на кои се жалам.
 
Attachments

Да, со потпишување на конвенции Македонија се обврзува за нивно почитување и спроведување.
Но, ниту една меѓународна организација не смее да и наложува на нејзините членки да почитуваат конвенции бидејќи станува збор за непочитување на суверенитетот на државите членки. Можно е да меѓународната организација да интервенира со препораки, како што и препорачуваа на Грција да ги почитува правата на малцинствата односно нивното самоопределување, но санкција не видовме нели. Бугарија неколку пати беше опомена затоа што одбива да ја регистрира ОМО Илинден Пирин, но санкција немаше исто така.
Испрати ја жалбата, го имаш правото, но за резултат тешко.
--- надополнето: 6 февруари 2012 во 16:18 ---
Да дополнам на погорното. Ако ја тужиш државата поради тоа што ти прекршило твое индивидуално право, а тоа е заштитено со Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи која што е ратификувана од страна на Македонија, тогаш државата е одговорна во меѓународното право. Ова е така бидејќи човековите права и слободи се дел од меѓународното задолжително право ius cogens, а тоа државите не смеат да го прекршуваат. Државата ќе одговара за прекршување на ова право ако ја тужи граѓанин на Европскиот суд за човекови права. Но, во твојот случај не станува збор за тужба.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Испрати ја жалбата, го имаш правото, но за резултат тешко.
--- надополнето: 6 февруари 2012 во 16:18 ---
Мислам дека си премногу скептичен во однос на моќта на Советот на Европа и на ООН.
Република Македонија не е постојана членка на Советот за безбедност па да вложи вето. А ООН може не само да даде препорака, туку и многу други работи, на пример да воведе санкции, да ја исклучи од членство, дури и војно да интервенира. А не верувам дека некој во Македонија ќе се најде некој кој е подготвен да војува со ООН, само за да неколку директори „ стопанисуваат и поштено заработуваат “.
Втора работа е дека она што го прави ЈП е спротивно на нашиот Устав и закони. Со зонското паркирање, меѓу другото, воведена е јавна давачка која не е предвидена со закон, ограничена е слободата на движење, се врши не законско казнување на тие што неплатиле и се врши дискриминација. Тоа се дела кои се спротивни на Уставот. И не само тоа, дискриминацијата е кривично дело, казниво по член 137 од Кривичниот законик.
Во мојот случај, Уставниот суд донесе решенија со кои одби да поведе постапка по три мои иницијативи и верувам дека Судот во Стразбур, најнапред ќе препорача Уставниот суд, да поведе постапка, да се произнесе по нив. И мислам дека на тој начин се ќе се заврши.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Мислам дека си премногу скептичен во однос на моќта на Советот на Европа и на ООН.
Република Македонија не е постојана членка на Советот за безбедност па да вложи вето.1. А ООН може не само да даде препорака, туку и многу други работи, на пример да воведе санкции, да ја исклучи од членство, дури и војно да интервенира. А не верувам дека некој во Македонија ќе се најде некој кој е подготвен да војува со ООН, само за да неколку директори „ стопанисуваат и поштено заработуваат “.
Втора работа е дека она што го прави ЈП е спротивно на нашиот Устав и закони.2. Со зонското паркирање, меѓу другото, воведена е јавна давачка која не е предвидена со закон, ограничена е слободата на движење, се врши не законско казнување на тие што неплатиле и се врши дискриминација. Тоа се дела кои се спротивни на Уставот. И не само тоа, дискриминацијата е кривично дело, казниво по член 137 од Кривичниот законик.
Во мојот случај, Уставниот суд донесе решенија со кои одби да поведе постапка по три мои иницијативи и верувам дека Судот во Стразбур, најнапред ќе препорача Уставниот суд, да поведе постапка, да се произнесе по нив. И мислам дека на тој начин се ќе се заврши.
1. ООН може да ги направи тие работи што ги наведе, но не поради тоа што Македонија не почитувала некои членови од Општата декларација за човекови права. Го нема тоа право. Со Комитетот за човекови права што го наведе горе врши надзор за тоа колку државите ја почитуваат декларацијата, но го нема правото да им наложи.
Европа во Рим донесе пактови што ги наведе горе, Пакт за заштита на политички и граѓански права и Пактот за економско-социјални и културни права за колективно државите од Европа полесно да ја прифатат Општата декларација за човекови права на ООН. За да се осигура дека ќе бидат спроведени овие права го создаде Европскиот суд за човекови права што на граѓаните од државите потписнички на овој суд им даде право да ги тужат своите држави. Затоа ти препорачав да пратиш тужба во овој суд затоа што само така можеш да добиеш. Македонија е потписник на судот и мора да почитува одлуки на судот. Во Европскиот суд за заштита на човекови права тужат граѓани кои во Македонија немале праведно судење.
2. Јавната давачка можеби е предвидена со уредба, не мора со закон. И зошто да не казнуваат кога не платиле? Тоа не е дискриминација. И како е ограничена слободата на движење?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
2. Јавната давачка можеби е предвидена со уредба, не мора со закон. И зошто да не казнуваат кога не платиле? Тоа не е дискриминација. И како е ограничена слободата на движење?
Според член 68 од Уставот - Собранието ги утврдува јавните давачки.
Според член 14 од Уставот - Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
Според Амандман ХХ од Уставот - За прекршоци определени со закон санкција може да изрече орган на државната управа..
Делото - не плаќање паркирање, не е предвидно како казниво дело во ниеден закон.
Според член 259 став 3 од Законот за облигациони односи - договорна казна не може да биде предвидена за парични обврски.
Според член 3 од Законот за Јавни патишта - Јавните патишта се добро во општа употреба
Според член 27 од Уставот - Секој граѓанин има право слободно да се движи на територијата на Републиката.
Според член 9 од Уставот - Граѓаните на Република Македонија се еднакви во однос на слободите и правата...
На зонските и рампаџиските паркиралишта постојат различни цени врз основа на: кој каде живее, кој каде и дали работи, кој колку коли има. Овие лични особини, статус и имотна состојба се основ за дискриминацијата. А дискриминацијата се однесува на пристап кон добро во општа употреба и кон плаќање на јавна давачка - комуналната такса.
Ако некогаш си плаќал на рампаџиските паркиралишта, на фискалната сметка стои дека ти е наплатено 10 денари на саат - комунална такса. Оваа такса воопшто не ја плаќаат, привилегираните кои за цел месец плаќаат 100, 200, 500 и тн ... денари. А во Законот за комунални такси јасно стои дека комуналната такса се одредува подеднакво за сите корисници... Vis legis..
Подетално за ова можеш да прочиташ во мојата представка до ЗЕЛС, која ја поставив во темата автомобилизам мотоциклизам - зонско ( револтирани граѓани )
 
Во ред. Овие аргументи што ги наброја само судот ќе одлучи дали ќе ги прифати против страната од која се жалиш или не. Тоа е во област на внатрешното право. Ако сакаш да ги тужиш овде тогаш ти треба адвокат, јас не сум и не можам толку стручно да ти помогнам.
Што беше до мене за советот за меѓународното право мислам дека ти користеше.
Да резимираме, ООН не може да ја санкционира Македонија поради прекршување некои членови од Општата конвенција за човекови права. Но, тоа право го има Европскиот суд за човекови права, кои постои за да ги штити Конвенцијата за заштита на човекови права и слободи, Пактот за политички и граѓански права, Пактот за економско социјални и културни права, и сите други меѓународни договори што се потпишани во Европа и што важат за сите потписнички на судот. Македонија е потписник затоа можеш да ја тужиш.
Ова спаѓа во меѓународното право и за тоа можеме да дискутираме, затоа е и темата.
Се надевам дека ти помогнав, ако имаш друго прашање слободно повели.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова спаѓа во меѓународното право и за тоа можеме да дискутираме, затоа е и темата.
Се надевам дека ти помогнав, ако имаш друго прашање слободно повели.
Не само што ми помогна, туку разговорот со тебе беше пријатен.
Моја цел е да ги употребам сите легални средства што постојат околу ова.
Не знам дали постојат некои други меѓународни организации каде би можел паралелно да се обратам. Дали знаеш нешто за тоа? ( На пример, Амнести интернешенел, Хјуман раијтс воч и такви или слични )
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Не само што ми помогна, туку разговорот со тебе беше пријатен.
Моја цел е да ги употребам сите легални средства што постојат околу ова.
Не знам дали постојат некои други меѓународни организации каде би можел паралелно да се обратам. Дали знаеш нешто за тоа? ( На пример, Амнести интернешенел, Хјуман раијтс воч и такви или слични )
Мило ми е што помогнав.
Амнести Интернешенал мислам дека повеќе се занимава со прашања за зголемување на правата на децата и жената, права на затвореници, интелектуални права на човекот, укинување на смртна казна, намалување на тортурата по затворите, барем како што сум јас информиран.
А, која ти е целта со жалбите што сакаш да ги пратиш по меѓународните организации што се бават со човековите права? Мислам дали сакаш да ја оцрниш државата, да и пратат препорака, да го оцрниш уставниот суд, препорака до Уставниот суд да ги разгледа твоите жалби? Кажи ми ја целта за да се бараат организации кои имаат моќ да сторат нешто, но највеќе што можат е препорака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom