Mjolnir
Духот на рамковниот договор
Од 1ви февруари заради мерките на министерството за здравство цените на 860 лекови се намалени. Еве неколку примери
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не сум прочитал никаде такво нешто...ова го пренесов од весник што прочитав. Ако зборуваш за некој специфичен лек...иначе ова е второ намалување на цените на лекови за 2-3 години. Факт е дека лековите општо земено се поевтини отколку пред да речеме 4 години.Каде е претходната листа на покачени лекови од пред неколку месеци? Со од 100 до 300%?
Да веста е октомври. Министерството направи сега се од своја страна за намалување на цената, на потег се фармацевтските компании. Ги намалија цените на повеќето лекови но за некои категории не се откажуваат дури и додаваат во цените.Наместо намалени цени на 236 лекови од 1 октомври, поради тоа што дел од дообавувачите не го послушаа фондовскиот менаџмент цените на лековите пораснаа. Астматичарите, пациентите со кардиоваскуларни заболувања, дијабетичарите и пациентите со трансплантирани органи, во скопските аптеки се соочија со поскапи цени на лековите за 20-100 денари. Тие велат дека повторно мора да извадат повеќе пари од својот џеб за да си го купат потребниот лек.
Лекови за срцеви заболувања, лек за простата, спрејеви за астматичарите се само дел од лековите кои се најдоа на листата на поскапени лекови.
- Одам во аптека, сакав да земам конкор, но наместо по цената по која досега го земав, тој беше за 30 денари поскап. Па нели работата беше лековите да бидат намалени и подостапни за пациентите. Сега испадна дека ова било само празно ветување. Со повеќето пријатели со кои се видов во саботата и тие се пожалија дека лековите сега се поскапи – објаснува 39-годишната Маја М.
Аптекарите во скопските аптеки и во аптеките низ внатрешноста на земјата, уште во петок почнаа да ги прават новите цени на лековите , но не знаеа дали се поскапи или поевтини.
Според најавата на Фондот за здравство, 236 лекови во аптеките ќе се купуваат без доплата, со што дури 75 отсто од лековите кои се на позитивна листа ќе бидат без или со минимална доплата до 100 денари.
Пред неколку денови, пациентите се пожалија, дека лековите мора да ги купуваат приватно, затоа што шифрата за земање на лековите не се поклопува со дијагнозата и затоа наместо на рецепт со доплата, тие плаќаат од сопствен џеб.
Линк
Од 1-ви февруари, цените на лековите за онколошки заболувања, бронхијална астма, за цистична фиброза, антибиотиците ќе бидат намалени.
Според министерството за здравство намалени ќе бидат цените на околу 1.200 лекови кои ги набавуваат болниците и другите јавни здравствени установи.
„Намалувањето на малопродажната цена ќе овозможи намалување и на малопродажната цена“, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
И покрај убавата вест која што дојде од министрството за здравство, фармацевтите пак се со друга математика. Според нив за сметка на едни, граѓаните ќе плаќаат поскапи други лекови, поточно според нив иако големопродажната цена на дел од лековите ќе се намали, во исто време ќе се зголеми малопродажната маржа, со што лековите во аптеките ќе поскапат. Тие тврдат дека поевтинувањето на лековите, граѓаните ќе го почувствуваат само при престој во болница.
Кога сме кај капките за очи, јас ги користам и ќе ги користам цел живот за жал. Така да за мене е одбра вест тоаТоа е муабетот премногу лекови се качија пред неколку месеци, лекови кои луѓето треба да ги пијат по неколку години или до крајот на животот, а сега се намалуваат капки за очи. И последниот пасос, доволно кажува.

Кога сме кај капките за очи, јас ги користам и ќе ги користам цел живот за жал. Така да за мене е одбра вест тоа![]()
Е сега јас не разбирам на која цена се мисли? Какво е тоа болничко лекување(срцев болен што треба редовно да зема лекови не може да лежи во болница цел живот)? Дали се мисли на цената на лековите со партиципација преку фондот односно доколку е човек осигуран? Или само доколку ги земаш приватно без осигурување? Да не е само за ова второто.Не е дека сакав да истакнувам или понижувам нечија болест, но реално да зборуваме. Колку се луѓето како тебе што ги користат капките за очи додека се живи, а колку се луѓето што пијат апчиња за дијабет, срцеви болести, астма ... додека се живи.
И да сублимирам, добро е што има намалување иако тоа намалување ќе се осети само кај пациентите кои се хоспитализирани, но треба да се даде и претходната листа на лекови и тоа кои лекови и колку ги покачија. За да се добие убаво-целосната слика.
Е сега јас не разбирам на која цена се мисли? Какво е тоа болничко лекување(срцев болен што треба редовно да зема лекови не може да лежи во болница цел живот)? Дали се мисли на цената на лековите со партиципација преку фондот односно доколку е човек осигуран? Или само доколку ги земаш приватно без осигурување? Да не е само за ова второто.

Врз основа на одлуката од мин за здравство ја отворив темата и некои мои скромни искуства. Иначе луѓево што се расфрлаат со изјави некако не ми се веродостојни а и аптеките прават дубари. Пола од луѓево не знаат што е рецепт, што е партиципација и тн.

Претпоставувам не си лежел во болница (и така нека останеЕ сега јас не разбирам на која цена се мисли? Какво е тоа болничко лекување(срцев болен што треба редовно да зема лекови не може да лежи во болница цел живот)? Дали се мисли на цената на лековите со партиципација преку фондот односно доколку е човек осигуран? Или само доколку ги земаш приватно без осигурување? Да не е само за ова второто.
), кога си на болничко лекување се плаќа партиципација и за сите лекови кои ги примаш во тек на болничкото лекување. Веројатно се намалени цените на тие лекови кои се примаат во болнички услови, па на крај ќе биде помала и сумата за партиципација која треба да се плати.