Солунски Атентатор
НУДИСТ
- Член од
- 10 мај 2010
- Мислења
- 2.727
- Поени од реакции
- 1.970
Ne me tepaj odma .Каква врска има ова со темата?
Ne me tepaj odma .Каква врска има ова со темата?
Хм, мислам дека не се доразбравме добро. Јас реков било да е машко или женско, обично со викања, дерења, урлања, се покажуваат некакви фрустрации и незадовилство од нешто. Тоа што боде очи кога девојка се однесува така, е точно дека се работи за двоен стандард, пошто нели од порано си го тегнеме аманетот дека жената треба да си ќути и трае кога нешто не и е по кејф. Мене лично ми смета кога на таков начин некој си исполува незадовоство, без разлика на полот, а тоа дека такво однесување "не и личи" на жена, е факат стереотип. Муабетот ми беше, дека треба да се разреши тоа што е проблем во врската, конкретно за врски ако збориме, пошто темава е во тој подфорум, пошто кога некој така се однесува очигледно е дека има некаква нерзарешена ситуација која смета. Може тоа да се опраи и без непотребните урлања, тоа ми е поентата.Види мајката!?
Ем жената не е виновна за таквото нејзино однесување, затоа што сиротата не добива доволно внимание од муж и (парадокс), ем во исто време треба да се контролира затоа што тоа се очекува од неа. Не дека мене не ми се гади на дневна база од ваквите прокламации и изјави од рандом мажи и жени (да ти ибам полот мутав-ете, ете, пцујам), само онака, интересни ми се двојните стандарди.
Лично, пушам цигари ко Турчин и не сакам да живеам без нив, пцујам кога ми е ќеиф, а за дерење, па се дешава и тоа понекад. И во исто време можам да се носам како животот да ми зависи од бон-тон и манири. Генерално стојам зад тоа дека не сакам вулгарност, но, нели сите бевме луѓе? Или не?
Секој има свој сопствен шарм. Да, во некои кругови, тоа е најголемиот шарм на светот! Ухх, шок.
Генерализации, генерализации.. Јас пушам, неретко се дерам и пцујам, а да ме видиш колку сум воспитана и културна околу луѓеШто ќе ти е таква агресивна жена ?Секоја жена треба да биде дама, културна и паметна, а ваквите постапки се резултат на невоспитаност и некултура
Нормално, секој бара она што му недостига...Ме привлекуваат девојки со памет...
хахаха јас имам памет и за продавање edit leandraНормално, секој бара она што му недостига...
Па може ли да има поинтересна екипа од таа во средна школа? Што треба да прават на 16 години да везат гоблен? Да ќутат како бубалици?Па и мене ме нервираат такви женски затоа што во мојот клас сите се такви .Во клас сме 6 машки а 17 женски,некој ќе рече многу е јако така,ама јас не би рекол така ние машките сме помирни од женските .Ме нервираат со тоа што пцујат на секој збор,се караат со професорите зошто и ставил 2,а немаат мозок за 1,се смеат гласно без причина онака со сила не дека им се смее,се опиваат секоја вечер,смрдат на тутун и пот,идат на утро намрштени и се дерат затоа што вчера се испијанчиле и сега ги боли главата,имаат дечковци од 25,26 години а тие имаат 15...Е отприлика вака и поминува еден мој ден во училиште..........
А што доликува за средна школа? Да ќути како нема и да крева раче од клупа, да не пуши, да не пие?хаха абе има и интересни моменти ама зборот ми е не доликува на женско да прави така,јас не барам некоја за да се пијанчам со неа и да пцујам кај ќе стигнам..
Има други девојки кои не го прават ова,ама имаат други женски квалитети,не ќутат си зборат нормално и не се дерат,имаат смисла за хумор,не ќутат како бубалици ама имаат основно воспитување..
Екипата интересна може да биде на улица или за времето после школо.Па може ли да има поинтересна екипа од таа во средна школа? Што треба да прават на 16 години да везат гоблен? Да ќутат како бубалици?
Е што чудна младина имаме.
Ако сега не се понашаат така, никогаш нема да можат. Тие години се токму за тоа лудување, хормоните играат, се прават дешавки и глупости.Екипата интересна може да биде на улица или за времето после школо.
На 16 години треба веќе да сфатат дека веќе не се мали и да прават само глупости без да обрнат малце внимание и на училиштето.
Не да ќутат како бубалици,но не и да изиграваат шерифи за време на часот.
Немаме чудна младина,туку имаме чуден македонски народ ништо не му е како што треба. Не му чини ни вака ни така, ни ДА ни НЕ.
Мила, нашите генерации беа други. Колку и да бевме откачени, гласни и да правевме глупости, сепак имаше некоја трошка женственост и достоинство во сето тоа. И јас бев гласна, и јас ги организирав моите за бегање од час, и зезанции со професори, но се имаше граница. Се знаеше кога треба да се забавуваш, кога треба да си културен.Ако сега не се понашаат така, никогаш нема да можат. Тие години се токму за тоа лудување, хормоните играат, се прават дешавки и глупости.
Барем во наши генерации тоа беше интересното, оние што ќутеа и бубалиците го јадеа, немаа друштво, сите ги клоцаа настрана. Епа тоа си го носат годините од секогаш било така. После истите тие девојчиња ќе се смират ич да не се секирате за нив. И ќе изживеат и ќе видат доста работи и ситуации за утре да може да ви се смеат на паметот и подобро да се снајдат во секоја ситуација.
Наместо машките да бидат лидери за вакви ствари денешниве младичи кукаат на тоа понашање. И после невини до 25 години, море ако продолжите вака невини и до 35 ќе бидете ( не се однесува ова лично на тебе).