Скромно фалење

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Муабетов го чув во една серија и ми стана интересен. Humble bragging e на англиски.

Ова е појава кога личноста се фали во форма на жалење. Демек жал и е заради тоа, а во суштина протнува фалење.

Примери:

- Леле се убивам од јадење, по 10 пати на ден, а не се дебелам, ццц...
- Не ми се верува, отидов на фитнес ненашминкана, несредена, а замисли ми се пуштаа 4-5 машки (ова беше во филмот репликата).
-Значи немам фармерки кои да ги облечам, сите ми се големи.

Сте се сретнале ли со оваа појава?
Позитивна е, негативна е?
Ви се случува ли на вас да се фалите скромно?
Некој друг пример за скромно фалење да додадете?
 
леле се отепувам од учење и све 10ки ги напраив.. абе ужас..
 
Сум приметил кај други, сигурно и мене ми се случило.Ама мислам дека е несвесно кај поголем дел од луѓето.Не ја класифицирам ниту во позитивна ниту во негативна.
За пример не можам да се сетам...
Ништо немав научено за испит, а се напишав?!
Вака нешто?
:D
 
Ништо немав научено за испит, а се напишав?!
Вака нешто?
:D

Е баш така. Или муабетот од типот: Книга не пипнав човек, не ми се верува, а имам максимум поен на бодови.
 
Е баш така. Или муабетот од типот: Книга не пипнав човек, не ми се верува, а имам максимум поен на бодови.

Таа е едната група студенти - книга не чепнале, а положиле со максимум.
Втората група ми е посимпатична - навистина книга не чепнале, ама препишале.
 
Ништо посебно.
Преувеличување на сопствените невољи и проблеми, со цел да се истакне сопствената величина* по нивното надминување.

*снаодливост, способност...
 
Е баш така. Или муабетот од типот: Книга не пипнав човек, не ми се верува, а имам максимум поен на бодови.
Eпа ова не е фалење преку жалење,само фалење е. :)

Инаку некој ако ти се жали за нешто не мора секогаш да значи дека преку тоа сака да се пофали,како примерот со фармерките на пример.Можеби ние мислиме дека се фали дека не сме на тоа ниво.На пример ако на некој питач кој буричка во контејнер да најде корка леб му речеш ’’леле колкаво влакно најдов во хамбургерот,ми се згади’’,ти со тоа не си му се пофалила дека си јадела хамбургер,но тој ќе си помисли дека се фалиш оти кутриот само корки леб глода. :)
 
Добро сега и ти како екстремен пример даде. Збориме за во случај кога некој кажува нешто што не е негативно, а го претставува како такво. Пример: А бе многу се нервирам, одам во дискотека, секогаш по 5-6 типови/типки ми се пуштаат, не можам пиво на раат да испијам. Не го претставив ко негативна особина, мислам дека на секој човек му се има случено ова.
 
Се океј,но пак ти викам има некои сакаат да си се пофалат,познавам во моја околина.А некои пак само мислиме дека се фалат бидејќи не сме како нив,а сакаме да бидеме.Рецимо ко примерот што го даде,мене може никоја да не ме загледува,а на некој лепотан му е преку глава што често му досаѓаат типки, и јас мислам дека он се фали,а човекот стварно сака на раат да испие едно пиво.Друг некој лепотан ист ко него тоа нема да го свати како фалење.
 
Имам нагон да убивам луѓе шо го праат ова.
Ме нервира, онака страшно.
Ако сакаш да се пофалиш, пофали се, не ми врти наоколу и онака те знам.
 
Прилично глупо фалење, но во одредени ситуации може да се искористи позитивно.
Лично ме нервира било какво фалење, вакво највеќе, кога ќе врти како Груевски погачата, втевме втевме втевме и на крај јас си се испофалив.
 
имам еден другар од ко знам за него го прави ова, ама најверојатно несвесно, како и да е многу иритира :mad:
 
Значи гледај, гнетам ко будала, и пак 47 кг.ццц еве гледаш најмалите фармерки широки ми се.

И да ми ја фати снег косава, ич не ми се витка, до пеглата е знајш 3000ки ја купив.
 
Мразам фалење.Ама претерано.Дури некад ми е глупо да кажам колку пари сум ги купил патиките,или тренерките,или некои такви глупи работи,бидејќи ми се гади од такви луѓе.

Исто ми се гади и од луѓе што преувеличуваат работи,скршил прст,и 100 дена ќе ти ја отупе главата,еј види каков е крив,ама не види озбилно каков е,не е твојот таков,а ти си ги имал сите прсти искршено,па не си замарал никој...:tapp::tapp::drk:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom