Кајгана психолог

Utopian

Neporazen
Член од
2 април 2011
Мислења
47
Поени од реакции
33
Добро се борам како знам и умеам против се лошо што ми носи животот на секаогаш кога најмногу ми треба пријател немам никого... Ох многу ми е тешко кога се чуствувам осамен и неприметен од никого се прашувам што е тоа толку чудно кај мене што никогаш не успеав да се здобијам со пријатели? Зошто едноставно колку повеќе се обидувам да привлечам внимание не успевам да го добијам? Толку сакам да имам некој со кого ќе можам да споделам се кога ми е тешко , сакам да имам човек кој ќе ми даде совет што да правам затоа што понекогаш незнам да си одговорам! Живеам со стравот и со стресот незнам како да ги победам. Девојка немам искрено незнам ни како и да се однесувам со неа и да ја имам кога си премногу добар и фин нечиниш и веднаш ќе ти најде замена а ако си арогантен не си нејзин тип ух ми недостига нешто но никако неможам да разберам што посакував од сегогаш да имам некој кој ќе ме подучи што треба да сторам
За да решиме еден проблем најпрво мацко мора да се соочиме со проблемот. Да ја разгледаме детално ситуацијата и нејзиниот извор, т.е. почетокот на проблемот. Треба најпрво да се запрашаш зошто го имаш тој проблем а потоа да го решиш. Поголемиот дел од од нас луѓето, причината за проблемот ја бараме во околината односно, секогаш некој друг е крив за нашите проблеми, некој човек или некој настан, а никогаш самите себеси. Ти имаш проблем со социјалниот живот а тоа влијае врз твојот духовен и психички развиток. Забележливо е дека сакаш да имаш пријатели но не доволно затоа што во постот го потенцираше денешното општество и менталитетот на луѓето како една од поголемите причини на твојот прболем. Мораш да се соочиш со вистината декасветот е онаков каков што е денес и немжеш да го промениш. Единствено можеш да бидеш само промената која ти сакаш да ја видиш. Тоа што општеството и туѓите карактери кои "чекаат да растргнат" е најмал проблем, кој мораш да го занемариш и да се помириш со фактот дека тоа е така и дека нема поинаку и да сеприлагодиш на средината без да се промениш себеси.Еден толку мал пост е недоволно за да се анализира детално твојата ситуација но според твоето напишано ти сакаш но си се плашел цело време да се спријателиш поради стравот да бидеш предаден, повреден и растргнат. Би ми било доколку можам да ти го посочам патот кон решавање на проблемот но ми требаат подетални информации за твојата ситуација.Можеш да ме контактираш на skajp. Поздрав
 
saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Добро се борам како знам и умеам против се лошо што ми носи животот на секаогаш кога најмногу ми треба пријател немам никого... Ох многу ми е тешко кога се чуствувам осамен и неприметен од никого се прашувам што е тоа толку чудно кај мене што никогаш не успеав да се здобијам со пријатели? Зошто едноставно колку повеќе се обидувам да привлечам внимание не успевам да го добијам? Толку сакам да имам некој со кого ќе можам да споделам се кога ми е тешко , сакам да имам човек кој ќе ми даде совет што да правам затоа што понекогаш незнам да си одговорам! Живеам со стравот и со стресот незнам како да ги победам. Девојка немам искрено незнам ни како и да се однесувам со неа и да ја имам кога си премногу добар и фин нечиниш и веднаш ќе ти најде замена а ако си арогантен не си нејзин тип ух ми недостига нешто но никако неможам да разберам што посакував од сегогаш да имам некој кој ќе ме подучи што треба да сторам
Никогаш не се обидувај да привлекуваш внимание, затоа што ти не си по природа таков. Ти си едно заљубено момче кое сака да биде интересен и да биде ‘‘фраер‘‘ како останатите ‘‘фраери‘‘ во градот. Не сите девојки сакаат фраери, некои едноставно сакаат типови кои не глумат, се однесуваат онакави какви што се. Не мора се да споделуваш кога ти е тешко, можеш и сам да согледаш некои работи. Опшеството се менува и самиот го пишуваш тоа. Прилагоди се на него, но прилагоди се онаков каков што си, оној вистинскиот. Денес живееме во свет на хиените, не мора да бидеш хиена но секогаш пази се и имај по едно здраво.
--- надополнето: 29 декември 2011 во 21:06 ---
ПОМОШ!
Неодамна ми почина член од семејството ... едноставно неможам да преболам ,да прежалам, дури на сон ми доаѓа секоја ноќ ...
Многу се променив,се повлеков,а тоа не личи на мене,станав сериозна личност! Јас порано бев секогаш за забава,но веќе тоа не ме интересира а сум премлада... но едноставно неможам да прежалам,знам дека животот оди понатаму знам дека е природно и бла бла приказни кои ги слушам од сите и се .. и на психијатар одам и се .. но,едноставно зборовите не ја лечат болката во душата :( тешко ми е сега,и плачам и пишувам и незнам,но полесно ми е кога ќе се искажам на некого,а се надевам дека некој од овде ќе ме свати,сигурно има некој што ја чувствува истата болка,или има загубено некој близок !
Нема ништо страшно во тоа што си станала сериозна личност, напротив. Тоа значи дека твојата емоционална зрелост, твоето согледување на животот не е како порано, сега размислуваш. Сега си поцврста личност, работи кои порано те погодувале сега не можат толку лесно да допрат до тебе. Губењето на член од семејството нанесува голема болка на семејството, Животот се менува, треба да се потрудиме промените да бидат убави. Да се потрудиме да одиме напред, болката секогаш ке биде внатре во тебе. Каде и да одиш, со кого и да си, секогаш ќе боли. Сеќавај се на соновите за твојот близок, тоа се спомени. Биди поздравена и се најдобро.
 
П

Пепси_

Гостин
морам....се чуствувам како :гомце: :facepalm:

Се чуствувам како незабележителен во очите на луѓето,како никој да не ме погледнува,како никој да не е заинтересиран,шознам.....едноставно осамено,и кога се движам низ улиците. Посебно во очите на женските на моја возраст,просто како да сум одбивен и со нешто невидливо ги одбивам од мене.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

Глеј, неќам да ти праам филмови у стил мацо ај ќе пројде, ова е период само, коа двајцата знаеме дека нема да ти помогне. Можеби и е период, сите понекогаш се чувствуваме осамено, како да постоиме ама никој не не забележува. Не е ништо ново тоа. Ама ако ова станало факт за тебе, и трајна состојба, наместо период, мислам дека е време да засукаш ракавите и да се фатиш за работа. Види, факт е дека некои луѓе се похаризматични и позабележливи, други се поинтровертни и помалку забележливи. Ама тоа зависи од нив самите, и од никој друг. Значи ако ти си од овие вториве, тогаш почни да работиш на тоа да бидеш поотворен за комуникација, користи хумор, биди забавен. Тоа секој го има во себе. Ако си затворен мораш едноставно да научиш да воспоставуваш однос со луѓето и да почнат да те забележуваат. Да размислуваш за разни теми, да си градиш ставови, да се дефинираш себеси. Кога ти ќе знаеш кој си и ќе се гордееш со тоа, нема да ти е тешко да се презентираш себеси на светот. Не е тешко, само треба да почнеш. Еве на пример, за таа работа форумов е добар почеток. Чепкај по теми, размислувај, гради ставови. Почни повеќе да излегуваш со блиските, пробај да се опуштиш и да воспоставиш нови контакти со нови луѓе. Ќе успееш, не е толку тешко. Најтежок е првиот чекор, додека не излезеш од состојбава. А кога еднаш ќе ја кренеш главата, ќе немаш крај :)
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
морам....се чуствувам како :гомце: :facepalm:

Се чуствувам како незабележителен во очите на луѓето,како никој да не ме погледнува,како никој да не е заинтересиран,шознам.....едноставно осамено,и кога се движам низ улиците. Посебно во очите на женските на моја возраст,просто како да сум одбивен и со нешто невидливо ги одбивам од мене.
Се додека се трудиш да бидеш забележан од другите дотолку нема ни да успееш во тоа.

Забележи се најпрво себеси. Кој си и што си. Па потоа ќе те забележуваат другите.

Ссфати ја ситуацијата во која се наоѓаш биди среќен за тоа шо те прави среќен и бори се против тоа што те мачи.
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
морам....се чуствувам како :гомце: :facepalm:

Се чуствувам како незабележителен во очите на луѓето,како никој да не ме погледнува,како никој да не е заинтересиран,шознам.....едноставно осамено,и кога се движам низ улиците. Посебно во очите на женските на моја возраст,просто како да сум одбивен и со нешто невидливо ги одбивам од мене.
Ne si nezabelezitelen, nikako. Duri i da ti se cini deka e taka, veruvaj mi deka ne e taka.

A nie lugeto sme cesto povrsni, go gledame onoa sto galami, sto sjae, a toa voopsto ne znaci deka ona sto e zatvoreno ne vredi. Samo sto toa sto e zatvoreno treba da se otvori malku.

Vazno e da porabotis malku na veruvanjeto vo sebe, a pravilo za ova ti e "Don't care".

Zboruvaj koga si vo drustvo sto sakas i koga sakas. kazi sto ti e na um. Lugeto kako da namirisuvaat deka nekoj ima manjak na samodoverba. I voopsto nemoj da se opteretuvas koj sto misli za tebe, dali izgledas cudno, dali si smesen. I koga zboruvas so nekogo a ti deluva cudno, nikogas ne mozes da pogresis. I da pocne da se smee, pocnuvas i ti da se smees. Ne e tesko;)
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 22:19 ---
Како прво ви благодарам на сите за вашите мислења! Како второ јас сум таква личност што неможам сам да му се “тупнам“, некако страм ми е, ако не ме викни некој друг ќе имам чувство дека му сум потрчко, како некој напор, не знам дали ме разбирате што сакам да кажам. Инаку, кога ќе размислувам подлабоко, себеси се наоѓам како најголем и единствен виновник. Ќе се прашате зошто? Во прва година, додека беше оној “жар“ за оформување друштва, стекнување пријателства и сл, како што имам напоменето, бев единствено со тие двете особи и сметав дека засекогаш ќе останиме заедно како сега и не ми се потребни други “друштва и другари“. Не дека не се спријателив со никого, напротив, меѓутоа онака површно-колку за на училиште само. И кога се скаравме, останав на цедило. Другите два/две се сега со прекрасни другари/друштва, среќни и спокојни, само јас останав со прстот в’уста. Морав да преминам во “свет“ каде што ни 1% неможам да се препознам самиот себеси, се уништував, запустував... :( И сега токму сакам да излезам од оваа ситуација, и јас малку да бидам среќен, оти верувајте ме МНОГУ Е ТЕШКО!
Sto e tuka e. Sega znaes kako treba;)
Zapisi se na nekoj kurs bilo kakov, toa sto tebe te privlekuva, na nekoj sport koj sto go sakas, jazik, igraorana, ma bilo sto sto ti lezi.
Tamu, logicno, ke zapoznaes luge koi ja sakaat istata rabota sto i ti. Ete veke edna tema za muabet. Pikiraj si nekogo koj ti e najsimpaticen, koj mislis deka ti odgovara kako drugar i prasaj go kade uci/raboti, sto pravi vo slobodno vreme i sl. Pokani go posle kursot koj go posetuvate na kafe/sok/sladoled...
Istoto vredi ne samo za drugar, tuku i za devojka sto ja simpatiziras. Ako odbijat, ne se zamaraj. Ima drugi.
Za ova sto vikas deka ne sakas da se nametnuvas: Nemoj da cekas da te viknat. Moze mislat deka ne ti se simpaticni. Vikni gi ti.
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
Ехееее најдех си тема кај шо можам да искукам и исплачам.
Моментално добро сум ама пред некои две недели многу една депресија ме фати оти самичка сум си и си немам другарчиња.
Знам тука никој не го занимам и само зло сакате да ми нанесете оти вие добрина не знаете да сторите ама ако ;)

И после го видех бившиот ми дечко и две недели бев во транс.
Се потцетив на убавите времиња со него и толку мака ми стана што 3 часа на ладното шетах вонка и после се разболех.

И најмногу мразам ка ќе се врнам дома а сама сум нема ни куче ни маче да ме поздраве.

Толку ли чудна направија сум што никој нејќе да ме друже. ....

:/
 
Bogami za ova imas pravo. Ne site, ali poveketo:vozbud:
Se zezam:)
 
Член од
5 февруари 2012
Мислења
54
Поени од реакции
14
Се ближи Валентин..а несакам да го поминам сама.. Кажете ми дека не сум само јас..
 
Сфаќам дека ти е тешко ако си сама, ама не си навела ни една околност како можна причина зошто е тоа така. Темава е отворена со цел ако му е тешко на некој да каже што е проблемот, ама да ги опише и околностите во кои се наоѓа за оние што би сакале да му помогнат, да имаат од каде да тргнат. Ако сакаше само да кажеш дека ти е тешко, и со тоа да добиеш сочувство, верувај ќе си го добиела само и ако си пишела на оваа тема... Кајгана психолог е отворена со цел решавање на проблемите и добивање совети од другите членови... Ако ти треба совет ќе мораш да ни дадеш повеќе информации.

Се ближи Валентин..а несакам да го поминам сама.. Кажете ми дека не сум само јас..
Не си, те уверувам. Али и на тебе сакам да ти го посочам истото што и го пишав и на Емотивно Луда, ако ова го сметаш за проблем и тежнееш кон негово решавање, дај ни нешто повеќе.
 
Член од
5 февруари 2012
Мислења
54
Поени од реакции
14
Па всушност јас си го знам проблемот..ама еве нека се разгледа и од други перспективи..мислам дека сум воздржана на сметка на културно однесување..а тоа ме прави не доволно ,,кул'' . На пример многу соученички си се однесуваат лабаво со машките и седат на сечиј скут, мене тоа не ми е ок. Отворена сум за контакти,љубезна а незнам зошто тоа не го забележува спротивниот пол. Кога разговарам со некого секогаш се обидувам да му биде пријатно, не го осудувам не го навредувам итн..Водам сметка за изгледот колку што ми се можностите..Не одам валкана и немиена..Дали проблемот е тоа што мојата коса не е пеглана? Себе си се сметам за убава. Знам дека има и многу поатрактивни девојки но за себе сум убава и пријатно ми е во моја кожа. Знам да се шалам. Но немам големо друштво, ама со тие што се дружам ми вредат. Немам доволно контакти и изгледа треба повеќе да им се ''пикам'' на фаците! Не сум најнашетана ама затоа сум начитана..и што мислите?
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888

Па ти бе девојче немаш никаков проблем.Излегувај, заведувај,задевај, смешкај се и верувај дека една убава насмевка многу значи.Опкружена си со луѓе кои сигурно вредат многу, а и не е многу добро во големо друштво верувај од искуство ти зборам.Во денешно време ретки се девојките како тебе и многу ценети и труди се да го искористиш тоа пошо не сите мажи трчаат по згодни празноглави девојки.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Па всушност јас си го знам проблемот..ама еве нека се разгледа и од други перспективи..мислам дека сум воздржана на сметка на културно однесување..а тоа ме прави не доволно ,,кул'' . На пример многу соученички си се однесуваат лабаво со машките и седат на сечиј скут, мене тоа не ми е ок. Отворена сум за контакти,љубезна а незнам зошто тоа не го забележува спротивниот пол. Кога разговарам со некого секогаш се обидувам да му биде пријатно, не го осудувам не го навредувам итн..Водам сметка за изгледот колку што ми се можностите..Не одам валкана и немиена..Дали проблемот е тоа што мојата коса не е пеглана? Себе си се сметам за убава. Знам дека има и многу поатрактивни девојки но за себе сум убава и пријатно ми е во моја кожа. Знам да се шалам. Но немам големо друштво, ама со тие што се дружам ми вредат. Немам доволно контакти и изгледа треба повеќе да им се ''пикам'' на фаците! Не сум најнашетана ама затоа сум начитана..и што мислите?
Фросе.. ич да не те секира Св. Валентин.. тоа е уште еден обичен ден на кои некои му придаваат преголемо значење затоа што сакаат да бидат поинакви и сакаат да бидат кул.. па пошо ние неаме као демек своја култура и празници.. ќе крадеме од туѓото, па тој ден ќе се занесуваме дека мора некого да сакаме и да добиеме нешто од некого. Сето тоа е погрешно.. луѓето секој ден треба да ја слават љубовта и да ја искажуваат.. а не тоа да биде само еден ден во годината.
Тоа што моментално си сама не значи дека така ќе биде и во иднина.. немој премногу да се оптеретуваш со тоа што чини кај тебе а што не, или дали е проблемот во тебе затоа што немаш дечко. За се си има време..

Од тоа што го прочитав.. ти си навистина добро воспитана девојка и тоа е денес многу ретко.. како што кажа и lux погоре. Пегланата коса, високите штикли, пренападната шминка и провокативната облека нема да ти донесат љубов.. затоа што на тој начин машките ќе те гледаат како предмет а не као суштество со чувства. Не мора да се дружиш со фаците само за да фанеш дечко..
Подобро да имаш и 2 другарки... али прави другарки.. отколку да имаш 10 околу тебе а секоја од нив зад грб да ти збори се и сешто.
Запомни.. не е битна само фасадата на една куќа.... битна е и внатрешноста..
 
Член од
5 февруари 2012
Мислења
54
Поени од реакции
14
Фала ви на подршката..сепак не мислев да го поминам Валентин плачејќи..ама криво ми е што има многу глупави, разгалени и секакви што ќе доживеат прекрасни љубовни моменти а за нас нормалните се чини нема правда..Едноставно чувствуам дека ми е потребна љубов за да биде се избалансирано..Имам од се по малку и вистина го ценам тоа.:гик:
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.506
Се ближи Валентин..а несакам да го поминам сама.. Кажете ми дека не сум само јас..
If you’re one in a million, there are six thousand people exactly like you :)
Некако не гледам проблем тука сама си па што.
Од другиот пост гледам дека немаш други проблеми очигледно не си ниту грда ниту премногу депресивна па ако мислиш дека си подготвена за врска излези и побарај некој кој те заслужува.
Problem Solved
 
Kajgana Shop

На врв Bottom