победа, но не сум задоволен со прикажаното, не смеат такви зицери да промашуваат.
прво, лазари во прво полувреме нешто со глава се обиде наместо да ја смири на 2м од гол, а во второ амаури исто од 5м шутира во голман, а толкав гол пред него.
овој Oliveira мене многу ми се свиѓаше кога играше во јувентус, ако сеуште е толку добар ќе биде повеќе од добра замена за бескорисниот лазари.
не го знам овој аргентинецот и останува да се види како ќе ги игра делио.
исто, не ми се допадна што нон стоп акциите идат преку левата страна со нафрлања на пасквал, касани на десно е сосема солиден имаше само едно добро нафрлање, топката за лазари. ни фали таму играч, ал хам се надевам ке игра таму или некој друг не знам. исто варгас не го игра пошто не знае како да го игра.
играме под нашите можности.
друго, деновиве имало јавна презентација за новиот стадион, што не му се допаднало на дела вале, пошто нели била јавна, а тој сакал се за него. местото кај што треба да се гради исто не му се допаднало пошто било мало, немало баш место за хотели и трговски центри како што сакал иако местото е поголемо од новиот стадион на јувентус. властите во фиренца сакаат да останат главни сопственици на тие малку продавниците и стадионот што ќе се градат и затоа е јавно надавањето за да можат и други да аплицираат. не е како што сакал дела вале, тој да биде газда на се, така да работава останува како што беше и предходно, прашањето е дали сега дела вале ќе одлучат да си отидат или не!