- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.774
- Поени од реакции
- 9.896
Само до пред неколку недели 70 проценти од населението во изолираното шпанско село Содета, тешко се справувало со економската криза во земјата, надополнета со долгата суша во нивниот крај, а потоа преку ноќ се' се променило.
Сиромашното село Содета , кое се наоѓа недалеку од Барселона , преку ноќ стана село на милионери.
Некои од мештаните биле толку разочарани од начинот на кој живеат, што имале намера да го прескокнат уплатувањето за шпанската божиќна лотарија, која поради големата добивка се вика „Ел Гардо“ (дебело) и која во Шпанија претставува еден вид на национална опсесија.
Меѓутоа, на крајот, 69 од вкупно 70 домаќинства уплатиле лотарија, поради лојалноста кон месното здружение на домаќинства , кое ги продава тикетите и од тоа заработуваат многу мал процент, а потоа започнале да пристигнуваат броевите!
Тикетот од Содета ја освоил првата награда, која изнесувала 950 милиони долари, што претставува најголема добивка во историјата.
Не ја освоиле истата оваа сума сите жители на Содета. Износот на добивка кај секој жител зависел од придонес во целокупната заедничка уплата. Некои станале побогати за милиони, но и оние „најмалку среќните“ добиле минимум по 130 илјади долари.
Откако во селото сфатиле кои броеви биле извлечени, настанало општо лудило, како што вели еден од тамошните мештани.
Луѓето како река се слевале кон центарот на селото, а началничката Роса Понс со мегафон на главниот плоштад, на сите им го честитала овој најсреќен момент во историјата на ова место.
„Некои жени првото нешто што го кажаа е „Веднаш одам на фризер.“ Меѓутоа, фризерката исто така била една од среќните добитници и одлучила дека повеќе нема да работи“, вели Понс.
Веќе во следните денови, таа точка на географската карта, која се наоќа северозападно од Барселона, станала место за печалба на многу банкари, продавачи на автомобили и посакувана дестинација за сите видови патувачки трговци.
Единствен кој не го посетиле бил оној мештанин кој не уплатил, гркот Костис Мицотакис, кој во тоа село се доселил поради неговата љубена.
Но, Мицотакис немал среќа ни во тоа, љубовта „пукнала“, а тој останал и понатаму да живее во Содета, на место кое е оддалечено на еден километар од центарот на селото. Кога жените од здружението на домаќинства ги обиколувале куќите и нуделе тикети за лотаријата, него едноставно го заборавиле.