Тупурковски никогаш не бил масон.
Кога сме на темата рекламирање на ложите, ме интересира коментарот на Somoteitbe за налепниците 2be1ask1, за кои мислам дека добар дел од ложите во САД ги користат. Лично мислам дека претставуваат вулгарен и очаен начин на регрутација и саморекламирање.
Лично - не ги одобрувам и не ми се допаѓаат. Но - за да се разбере нивната примена, треба да се разбере американскиот начин на функционирање, а со тоа и функционирањето на ложите во Америка.
Интересно е што многу европски масони (а во овој поглед, особено се истакнуваат нерегуларните), постојано велат како американската масонерија не е масонерија, затоа што отстапила од традициите на масонеријата. Ова не е точно и е резултат на неразбирањето на две работи - што е точно масонеријата, и какво е американското општество.
Ако ја гледаш масонеријата како некаква мистична тајна организација, затворена, која постои сама за себе и за своите членови - тогаш да, Американците имаат доста отстапено од тоа. Но... масонеријата е нешто друго. Токму таа слика е всушност извитоперена масонерија, која поскоро делува како приватен клуб на поединци (пак ќе речам - нерегуларните се особено истакнати во овој поглед), елитно (во негативна смисла на зборот) здружение на луѓе кои гледаат да стекнат лична, обично материјална корист и влијание во општеството. Американската масонерија никогаш го немала тој проблем. Да не забораваме - Американската масонерија е една од најстарите во светот, нивните ложи се спомнати дури во античките правила, каде што се спомнуваат "lodges overseas", и првата Голема Ложа во Масачусец е трета по старост во светот. Во почетокот на 18тиот век, во Америка има повеќе ложи отколку што има во континентална Европа. Во Америка, масонеријата никогаш не била принудена да се крие, да делува тајно, затоа што никогаш не била преследувана од властите, никогаш не била цел на напади на фашистички и ултра-националистички или религиозни групи (не дека нема противници во САД, но сепак, нема екстремни појави, како што е тоа случај во Европа). Тоа довело до можност за далеку појавно делување и активност во општеството. Масонските ложи отворено и јавно финансирале болници, универзитети, училишта, хуманитарни програми. Хуманитарната активност, која е суштински дел од масонеријата е многу активно присутна во САД, додека во Европа е на многу помало ниво - токму заради потребата од поголема дискретност. Во САД, имало претседатели како Франклин Рузвелт или Џералд Форд, кои биле поранешни Големи Мајстори и кои отворено го потврдувале своето членство (дури имаат и слики во целосна регалија), додека во Европа, не сум слушнал сеуште некој високо поставен политичар (во било која земја) да каже јавно дека е масон. Сето ова, доведува до многу поголема отвореност на масонеријата. Тоа од една страна, може да се смета за лошо, затоа што се примаат повеќе членови, но - тоа по никаков начин не ја поништува вредноста на тоа што се прави во ложите, напротив.
Многу погрешна идеја се добива, читајќи по интернет, кога ќе се наиде на текстови за тоа како масонеријата во САД изумира. Тоа е извадено од контекст, и без разбирање на локалните услови. Во САД, изумираат руралните ложи и ложите во малите градови. Основна причина за тоа - премногу ложи. Во 40-тите и 50-тите години на 20-тиот век, имало страшно многу членови (што е вистинска статистичка аномалија), и сега, на многумина им се чини дека бројката е мала. Сепак, бројот на масони во САД е речиси ист со бројот на масони вкупно насекаде низ светот. Во САД сеуште има ложи со по 400 членови, додека во Европа тоа е незамисливо, и обично бројките се меѓу 20 и 80. Во големите градови, ложите постојано растат, постојано се отвораат нови ложи и нема никаков проблем со тоа, додека во малите градови и руралните средини, ложите се затвораат, но тоа е едноставно промена на генерациите и промена во составот на населението. Така што - ќе прочиташ на многу места како велат "се затвораат ложи и нема нови членови", но тоа речиси без исклучок се однесува на малите средини. Никогаш нема да прочиташ некој да каже "ние пак имаме премногу кандидати и мора да ги препраќаме на други ложи", затоа што луѓето имаат тенденција да пишуваат многу почесто за своите проблеми, отколку за добрите работи (што да пишеш за доброто, да се фалиш?).
Лично сметам дека за 10-тина години, ќе заврши промената која сега се случува и ложите што не треба да постојат ќе се затворат. Тоа е природен процес, секогаш било така - и во 18-ти век, се отворале ложи, и се затворале ложи.
Ова води кон знакот 2B1ASK1. Од една страна, може да се смета за рекламирање (јас дури го сметам за таков и во Канада речиси никогаш не може да се сретне на јавно место), но пак ќе речам, американскиот менталитет е сосема различен. Таму, логиката е - достапност до информација. Ова не е ништо повеќе од достапност до информација - односно, информирање на оние кои се заинтересирани, дека ако сакаат да се зачленат, мора да прашаат некој кој веќе е. Од друга страна, значи и нешто друго - значи "можеш да ме прашаш", нема да скријам од тебе. Исто како што истото значење го има носењето на значка, прстен и слично. Секој пат кога некој од нас носи некаков амблем - тоа автоматски значи дека си отворен за дискусија, со било кој (без разлика дали е масон, потенцијален кандидат или непријателски настроен). Американците, во свој стил, се само подиректни во тој поглед.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 17:37 ---
Само да додадам...
Повеќето видни масонски автори - потекнуваат од САД. Повеќето research lodges, исто така се наоѓаат во САД. Повеќето универзитети во САД имаат катедра, каде што се изучува масонеријата на академско ниво, со магистерски и докторски студии. Повеќе научни трудови од масони на тема масонерија, симболика и историја се објавени во САД отколку вкупно низ целиот свет. Тоа го паѓа во вода аргументот за "неукоста" на американците во овој поглед.