....чиста финансиска операција..., или со букви: ујдурма во Македонија електрична енергија од ветер, која би ја оправдала т.е. би ги вратила парите од инвестицијата барем во време на животниот век на инсталацијата НЕМА.Потпишан договор за реализација на „Парк на ветерни електрани Богданци“
АД „Електрани на Македонија“ потпиша договор со конзорциумот „Терна – Сименс“ од Грција, за реализација на лот 2 од меѓународниот тендер за изградба на паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“.
Предмет на договорот е изградба на пристапен пат, поставување на трафостаница и на далновод што ќе го поврзуваат паркот на ветерни електрани со преносниот систем на Република Македонија. Предвидено е активностите да започнат со изработка на проектна документација, а ќе се реализираат во рок од 13 месеци.
Изградбата на ПВЕ „Богданци“, информираат од АД ЕЛЕМ, се реализира преку тендерска постапка која се состои од два лота, и тоа лот 1 – набавка и монтажа на опрема (ветерни турбини) и лот 2 – изградба на пат и поставување на трафостаница и на далновод за поврзување на ПВЕ со преносниот систем на Република Македонија.
- Средствата за реализација на овие активности се дел од кредитот обезбеден од германската КфВ банка, потпишан во април, минатата година. За проектот, чија проценета вредност е 55 милиони евра, германската КФВ Банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства, соопшти АД ЕЛЕМ.
Целта на овој пилот-проект, се нагласува во соопштението, е да ја промовира енергијата на ветерот како возможен и остварлив извор на електрична енергија во Република Македонија. Со изградбата на ветерниот парк ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството на струја од АД ЕЛЕМ за околу 100 гигават- часа годишно.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/38263/potpishan_dogovor_za_realizacija_na_„park_na_veterni_elektrani_bogdanci“.aspx
Цената дека ке порасне е факт.Само прашање е колку.Мое лично мислење е дека во делови од Македонија може да успее ваков проект.Сеа дали парите ке им се вратат за 10,15или 20години тоа треба да си го пресметат инвеститорите.Гледаме заинтересираност има,така да сигурно добро е преиспитана исплатливоста.И плус нели ЕУ ги обврзува до мислам 2020год, своите членки да го зголемат производството на струја од обновливи извори.Имаа некој процент само не ми текнува колку беше тој.Така да изгледа и ние сакаме да го исполниме тој услов.....чиста финансиска операција..., или со букви: ујдурма во Македонија електрична енергија од ветер, која би ја оправдала т.е. би ги вратила парите од инвестицијата барем во време на животниот век на инсталацијата НЕМА.
Од проста причина што таков ветер нема.
Е сеа дали некој има кристална топка во која гледа дека заради некои климатски промени ќе го има....или дека цената на струјата во наредни 10 години ќе порасне за 50 пати...тоа навистина незнам.
Занимливо, мислиш дека, ако почнам да ги произведувам, некој ќе ги купи??? ..или сепак даваат кредит САМО ЗА КУПУВАЊЕ на холандски ветерници или такви слични..Во грција знам има интересн инвестиција, али тоа го дознаа од европа, е сеа купуваш ветерници, и ги поставуваш колку шо можиш на погодно место, и струјата можиш да им ја продаваш , како кај нас на ЕСМ. Исто можеш и да си ја користиш и за твои потреби, исплатлив бизнис до некаде, во кој само влогот е битен а останатото само по себе иди.
Вака, во македонија незнам дали постои место на пазарот токму за таков бизнис, но сигурно дека постои за да си произведуваш сопствена струја. Факт е дека е луда држава и можат да ти ги одземат за нелегално продавање ел.енергија, а сепак ти не ја продаваш ја користиш во домаќинството, али со усул , се средува. Е сеа не ти го сфаќам коментарот кај што викаш “Да ги произведувам“ ако мислиш да ги произведуваш ветерниците и се стварно добри, немаш промашај во тој бизнис. А ако мислеше на струја како што спомнав погоре, со 3000 евра можеш да го почниш бизнисот,со оглед што струјата е скапа, кај нас можеш комотно да ги оставиш и да продаваш струја.Занимливо, мислиш дека, ако почнам да ги произведувам, некој ќе ги купи??? ..или сепак даваат кредит САМО ЗА КУПУВАЊЕ на холандски ветерници или такви слични..
Па сигурно дека кошта таа ветерница, баш како шо рече и ти тие работи стварно коштаат. + не може да произведува толкава моќност како хидро/термо/нуклеарна централа. Да не споменувам дека е пожелно мноогу погодно место каде шо че има константен ветар со некоја минимална брзина за да можи воопшто да ја придвижува перката.ајде некој нека ми објасни како на мало дете зошто една ветерница е толку скапа работа. што има толку во неа што е толку скапа.
генератор ??
пропелери??
бетонски столб или што да е??
некој специјални композитни материјали кои создржат благородни материјали??
и зошто една хидроцентрала би била поевтина од една ветерница.
баш би сакал да знам?
Процентот е 20 проценти од обновливи извори...Цената дека ке порасне е факт.Само прашање е колку.Мое лично мислење е дека во делови од Македонија може да успее ваков проект.Сеа дали парите ке им се вратат за 10,15или 20години тоа треба да си го пресметат инвеститорите.Гледаме заинтересираност има,така да сигурно добро е преиспитана исплатливоста.И плус нели ЕУ ги обврзува до мислам 2020год, своите членки да го зголемат производството на струја од обновливи извори.Имаа некој процент само не ми текнува колку беше тој.Така да изгледа и ние сакаме да го исполниме тој услов.
Тука си во право дека се многу пари но прашањето ЗОШТО е толкава сумата , па рачунај дека 20-30 % од сумата на проектот ќе отидат во нечи џеб хахаха тоа е реалноста . затоа штоа сите пратеници без разлика од коа влада и партија се се поврзани меѓу себе и никој немозе да ги контролира па дури и европските комисии што вршат РЕВИЗИЈА на дрзавава е поврзана.јас забележва дека кошта, тешки милиони или милијарди се споменуваат, ама реално зошто??
некоја технологија има посебна??
во хидроцентралите генераторот го врти водата, овде ветерот, во термо централите пареата исто така и во нуклеарните.
што е толку скапо во ветерниците, нема да дува ветер па затоа се скапи?? ами ако снема вода во хидроцентралите исто ке се случи.
мислам реално не ми е јасно што ги прави толку скапи. моќноста??
па нека не бидат со толкава моќност ама нека има повеќе. ветерот сепак ке дува. една ветерница од 1000мгв ке прозиведе исто како 10 ветерници од 100 мгв.
тоа мене ме интересира?
Ти доколку сакаш да експериментираш можеш да направиш примитивна ветерница од алтернатор од кола со добра перка...ама ќе имаш слаб капацитит, секако ти треба реглер и акумулатор...не се само кај нас скапи , па на друго место се евтини.
значи да не мешаме баби и жаби.
мене ме интересираше како апарат зошто е толку скап.
ако знае некој нека објасни без да меша влади и други заебанции.