Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Нели бог беше креатор на се? Од каде сега лукавиот творец на било што? Но еве да земеме дека е така, тогаш во која спрега се бог и лукавиот? Го наградува одметнатиот од себе со негови затвореници (маченици)?

Пеколот не е од Бога створен. Пеколот е состојба на душите, и од демоните и од луѓето. Демоните се тие кои го створија пеколот, после нивното отпаѓање од Божјата близина.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 13:35 ---
Мики бе друже, ме игнорираш?
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-Господ-казнува.18382/page-30#post-4743368
аааааа, не те примаме на пиво...:D

Во Црквата, смртта не е автоматски стекната казна: смртта може да биде само преод од минливиов во вечниот живот (во Рајот), но и преод во вечната смрт (во пеколот), зависно од состојбата на душата од покојникот.

Ц, немет туа никаква противречност.

А за пивото, че се глеаме другата недела...:D
 
1. Нема „друг„ одговор. Земи или остави...


2. Гревот, сторен од Адама, би останал заедно со Адама во Рајот, ради Адамовата потенцијална бесмртоност, (бесмртжниот Адам би го имал гревот со себе во Рајот), која Адам ја прокоцка, чинејќи го првиот грев.

3....што Семоќниот веќе го стори а Он и понатаму го чини.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 13:27 ---


4. Вистината доаѓа од вистинскиот Бог. Во Христа Бога, не се најде ниту една лага.


5. Смртта не неибзежниот крај и казна за гревот, а болестите, Он ни‘ ги допушта, за да увидиме колку сме мали и неспособни.

1. Јеби га заебано. Тејк ор ливит некако не ми соодветсвува со добронамерност на некој ентитет. Ама ај нека е така, штом нема друг одговор.

2. и 3. Епа ако семоќниот веќе го исчистил првиот грев, чему потребата за понатамошни казни:P

4. Е добро де во Христос нема ниедна лага. Се слагам. Ама откај знаеш ТИ (во смисол на она што го пишуваш, а се зборови од други луѓе, не од Христос) дека е тоа вистина? Не е библијата дело на Христос, туку на неговите следбеници, нели? А тоа не е исто.

5. Е добро де 2 000 години увидовме и отпојќе колку сме мали и неспособни. До кога ќе не тера да увидиме?
 
Пеколот не е од Бога створен. Пеколот е состојба на душите, и од демоните и од луѓето. Демоните се тие кои го створија пеколот, после нивното отпаѓање од Божјата близина.


Ц, немет туа никаква противречност.

А за пивото, че се глеаме другата недела...:D
Како немет бе Мики. Ај да го повторам прашањето, може не прочита. Која е спрегата меѓу бог и демоните. Зошто им праќа маченици?
 
@Мики1

Уствари некако цело време ми "бега" поентата на содржината и идејата на Библијата.

Од работи дека се е креација и дело според нечиј план без разлика дали некој го нарекува Бог, вонземјанин, енергија или што да е, кои можат да бидат и прифатени од проста причина што спротивните теории сеуште лебдат некаде на средината, до толкувања од типот Бог не казнува, он гледа се, он прави се за секоја жива единка итн, небаре истиот ентитет нема друга работа па води дневник за секоја жива единка.

Некако ми нема тек работава од почетокот кон крајот:) Или пак познавачите на верата и религијата немаат соодветен пристап во објаснувањето?

Што знам генерално така ми личи работава.
 
Која е спрегата меѓу бог и демоните.

Бог и демоните се целосно одвоени битија и секој од нив, делува согласно својата природа-Бог спасува, а демоните ги влечат душите човекови кон пеколот.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 14:11 ---
Зошто им праќа маченици?

Што значи ова прашање? Не „копчам„...
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 14:13 ---
@Мики1

Уствари некако цело време ми "бега" поентата на содржината и идејата на Библијата.
.

Библијата, сама од себе, не дава ниту еден конечен одговор. Библијата е дел од Црквата, така да Црквата е референтна за одредување за тоа „што е„ а „што не е„.
 
Бог и демоните се целосно одвоени битија и секој од нив, делува согласно својата природа-Бог спасува, а демоните ги влечат душите човекови кон пеколот.


Што значи ова прашање? Не „копчам„...
Нели бог казнува? Или демоните казнуваат? Ако бог казнува (ѓоамити) а демоните ја спроведуваат казната, кој е тогаш сојузот на бог со демоните?
 
Библијата, сама од себе, не дава ниту еден конечен одговор. Библијата е дел од Црквата, така да Црквата е референтна за одредување за тоа „што е„ а „што не е„.

Ok, сигурно дека не дава конечен одговор, во спротивно светот не бил она што е денес:P

Значи ли болдот дека ти априори прифаќаш за вистина се што ќе истолкува црквата, иако огромен дел од тие толкувања може да бидат во контадикција со твојата логика (земска, не духовна) и разум?

Како се надминува овој проблем на контрадикции?
Со желба, со помирување, со индиференција, со претопување во огромната маса истомисленици, или со нешто друго кое има здраворазумски корени?
 
Нели бог казнува?

Бог не‘ казнува во овој живот, не оти Он практикува осветољубие, туку за да не‘ направи достојни за (по)висока награда во Рајот.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 15:13 ---
Или демоните казнуваат?

Демоните немаат моќ да казнуваат-таква моќ не им е од Бога дадена. Но, демоните имаат моќ да ги наведат душите човекови на нивни „терен„ и по смртта, да ги наведат/насочат кон пеколот. Така, душите кои целиот живот живееле под демонско влијание, а без покајание, стануваат самоказнети, избирајќи ги демоните за свои богови.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 15:14 ---
Ако бог казнува (ѓоамити) а демоните ја спроведуваат казната, кој е тогаш сојузот на бог со демоните?

Не постои „сојуз„ меѓу Бог и демоните-постои борба меѓу Бог и демоните за секоја човекова душа-која душа кому ќе му припадне, на Бога или на лукавиот.
 
„Господ помина пред него па се јави: „Јахве! Господ! Бог дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински, искажува милост на илјадници, проштава опакост, грев и престап, но не остава неказнет виновник, туку ја казнува опакоста на татковците врз децата - и на внучињата до третото и четвртото поколение.“
 
Демоните немаат моќ да казнуваат-таква моќ не им е од Бога дадена. Но, демоните имаат моќ да ги наведат душите човекови на нивни „терен„ и по смртта, да ги наведат/насочат кон пеколот. Така, душите кои целиот живот живееле под демонско влијание, а без покајание, стануваат самоказнети, избирајќи ги демоните за свои богови.


Не постои „сојуз„ меѓу Бог и демоните-постои борба меѓу Бог и демоните за секоја човекова душа-која душа кому ќе му припадне, на Бога или на лукавиот.
Аха, тако дакљем. Они ко Вмро и Сдсм. Иста цел имаат кој ќе привлече повеќе приврзаници ама сојуз никако. Согласно ова, значи не казува бог, не казнуваат ни демоните. Па кој казнува тогаш?
 
Аха, тако дакљем. Они ко Вмро и Сдсм. Иста цел имаат кој ќе привлече повеќе приврзаници ама сојуз никако. Согласно ова, значи не казува бог, не казнуваат ни демоните. Па кој казнува тогаш?

Тоа право ексклузивно го имаат единствено Один и неговиот првороден син Семоќниот Тор.

Некои го викале Зевс, некои пак Алах, некои Јехова.
 
Значи ли болдот дека ти априори прифаќаш за вистина се што ќе истолкува црквата, иако огромен дел од тие толкувања може да бидат во контадикција со твојата логика (земска, не духовна) и разум?

Да, вистината е во Црквата а не во Писмото, само од себе. Писмото е напишано и составено/канонизирано ВО самата Црква а не надвор од Црквата или туку-така, од било кого. Понајмалку, Писмото ни‘ е од небото донесено или паднато.

Толкувањето на Писмото го чинат продуховените поединци, кои во Црквата се познати како „Свети Оци„, кои имале или имаат очистеност на своето битие до ниво, кое им овозможува правилно толкување на Писмото.

Коректив и потврдувач на точното толкување на Светите Оци, како поединци, е самата Црква, како колективен ум, и конечно Бог, како врховен коректив, кој праќа опомени до Црквата, доколку таа (Црквата) застрани од она кое Бог ни‘ го открил или открива како знаење.

Контрадикциите помеѓу точното толкување на Писмото и земската логика, се ненадминливи за световните луѓе (оние кои не веруваат...) се‘ до моментот од нивното стапување во Црквата, како нејзини членови. Личното и личносното живеењето според црковниот ред, и личната увереност во точноста од црковно учење, која потекнува од личниот духовен опит, ја чини таа контрадикторност за надминлива работа.

Така, духовното си е духовно, а материјалното си е материјално, согласно нашата сложена (духовна и материјална) природа. „Споната„ меѓу материјалноста духовноста е самиот човек.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 15:26 ---
Аха, тако дакљем.

По бе....:D
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 15:27 ---
. Па кој казнува тогаш?

Самите себе, приклонувајќи се кон доброто (Бог) или злото (демоните).
 
Самите себе, приклонувајќи се кон доброто (Бог) или злото (демоните).
Ако во рајот нема казни, а ни во пеколот нема (веќе рече немале демоните таква моќ) тогаш што толку лошо во пеколот?
 
Да, вистината е во Црквата а не во Писмото, само од себе. Писмото е напишано и составено/канонизирано ВО самата Црква а не надвор од Црквата или туку-така, од било кого. Понајмалку, Писмото ни‘ е од небото донесено или паднато.

Толкувањето на Писмото го чинат продуховените поединци, кои во Црквата се познати како „Свети Оци„, кои имале или имаат очистеност на своето битие до ниво, кое им овозможува правилно толкување на Писмото.

Коректив и потврдувач на точното толкување на Светите Оци, како поединци, е самата Црква, како колективен ум, и конечно Бог, како врховен коректив, кој праќа опомени до Црквата, доколку таа (Црквата) застрани од она кое Бог ни‘ го открил или открива како знаење.

Контрадикциите помеѓу точното толкување на Писмото и земската логика, се ненадминливи за световните луѓе (оние кои не веруваат...) се‘ до моментот од нивното стапување во Црквата, како нејзини членови. Личното и личносното живеењето според црковниот ред, и личната увереност во точноста од црковно учење, која потекнува од личниот духовен опит, ја чини таа контрадикторност за надминлива работа.

Така, духовното си е духовно, а материјалното си е материјално, согласно нашата сложена (духовна и материјална) природа. „Споната„ меѓу материјалноста духовноста е самиот човек.
.

Како обичниот човек знае дека тие поединци се навистина продуховени, а не се шалабајзери вметнати од групацијата која сака да има конторла врз народот?

Како Бог ја опоменува Црквата?
 
Ако во рајот нема казни,


Рајот е награда, од кај сеа казнување во Рајот?
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 15:41 ---
а ни во пеколот нема (веќе рече немале демоните таква моќ)

Пеколот е состојба на душите од грешниците, кои (ќе) трпат бесконечни болки, согласно своите беззаконија. Демоните немаат моќ да казнуваат, туку имаат моќ да ги насочат душите човекови кон пеколот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom