Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Знам, ама ако го решава политиката, само ќе го пикне проблемот под тепих и ќе го зголеми антагонизмот. Доколку почне со реципроцитет, не сум сигурен каде ќе заврши таа спирала на настани.
Инаку одлично организиран инцидент, со одлични реперкусии. Сигурен сум дека осмислувачот е среќен.
Сигурно си свесен дека тоа и ќе биде на крај. Реално да правиме муабет, која институција е кадарна да се справи со овој проблем? Која? Нема. Едноставно нема флексибилност, ни стручност во македонските институции за справување со вакви кризи и тоа е факт. Мене ми е жал, но кај нас политиката е она што де факто ги решава ситуациите и проблемите, а институциите постојат само онака де јуре и ништо повеќе.