Многу сакам софизми, ама не помагаат многу многу во дискусијава.
Помагам затоа што сакам,а ти како сакаш поврзи го тоа.Ти стана масон само за да помагаш?
Не. Прашањето е како твоето помагање можеш да го врзеш со масонеријата (што произлезе од коментарот дека "Кога можам помагам и
тоа не го поврзувам со масоните") - со оглед на тоа дека не си масон?
Начинот на кој комуницираш со мене не е соодветен, верувам си свесен за тоа.
Начинот на кој комуницирам е многу соодветен. Не употребувам никакви навреди, ниту пак употребувам вулгарен јазик, ниту пак се исмевам на нешто што си рекол. Напротив. Но - отворено те напаѓам за твоите обиди да се прикажеш како масон, затоа што не си, а тоа ме води да мислам дека имаш лоши намери или се обидуваш да подведеш некого да мисли дека си масон, за да извлечеш лична корист. Ако грешам - длабоко се извинувам, но за да потврдиш дека грешам, мораш да објасниш зошто се прикажуваш како масон.
Како можеш да знаеш дали сум или не сум?
Ако беше масон, ќе знаеше како можам да знам. Како што знаев дека Somoteitbe е масон, и како што тој знаеше дека јас сум. Многу лесно се проверува тоа и уште полесно се потврдува. Ти дадов многу шанси да ми докажеш дека си член на братството и ако беше, ќе го направеше тоа на пропишаниот начин.
Темава не е дали Тубал е масон или не.
Не е. Но е неопходна забелешка кога Тубал се обидува да се прикаже како масон, а не е.
Јас не се сомневам дали си или не си, гледам дека имаш големи познавања и прашувам.
Еден масон препознава друг не врз основа на познавањата кои ги има, а врз основа на утврдени методи за распознавање, кои постојат во цел свет.
П.С. Многу итересен момент, читатели на форумов се уште се убедени, а верувам ќе бидат и во иднина дека во масонеријата има триста ѓаволи, а ти пак се сомневаш дека може да се случат такви работи кај масоните(што ги наведов во погорните текстови), дури и бараш да посведочам „тука„ како би се уверил...
О да, инсистирам дури да посведочиш во која точно ложа си бил "
сведок дека лугето и во масоните нудат пари за да напредуваат, затоа што ги мрзи да ја совладаат проблематиката и сите тие состаноци,работилници и симболики и сл...". Затоа што знам дека не е возможно да си бил во ложа, бидејќи таму присуствуваат само членови... а ти не си.
Ако беше член, ќе знаеше малку повеќе за методите и начинот на напредување низ степените и ќе знаеше дека ова што го имаш напишано е апсурдно.
Како што реков - немам проблем со тебе како личност. Имам проблем со твоето лажно претставување, затоа што ме води да мислам дека имаш лоши намери и сакаш да подведеш некого да мисли дека е масон, за да извлечеш лична корист од тоа по некаков начин (дали е тоа материјална корист или е тоа растење на егото, не знам, но е некаква корист). Многу е лесно да кажеш на која ложа си член (без да си го кажуваш името, како што јас тоа го имам веќе пишано) и сето тоа лесно да се провери.
Патем, не си прв кој што лажно се претставувал тука на форумов.