Не прифаќам тоа што ќе ми се допадне, туку само она што е во корелација со мојата логика и сознанија - без разлика дали ми се допаѓа тоа или не. Видиш, мене многу ми се допаѓаат сите оние разни згодни разголени девојки кои ми праќаат спамови со желби за „дружење“ и тоа пази - само со мене, ама мојата логика и знаење кажува дека тоа нема врска со реалноста. Не прифаќам се' што ке ми се допадне на интернет, сфаќаш?
Првиот болд: да те потсетам,
ти си тој што ја негираше можноста за еволуција од едноклеточни во повеќеклеточни организми. Тој експеримент докажува тоа е можно, односно докажува дека си погрешил. Јас тука не сум битен, единствено важно е дали твојата изјава/негирање е точна или не. Елементарна логика.
Е сеа, дали ти го прифаќаш тој експеримент? Очигледно не, ама не ми е јасно - зошто? Имам впечаток дека го одбиваш/негираш, а воопшто не си го прочитал.
За да се разбереме како цивилизирани луѓе и за да немаме проблеми со различните перцепции за истите работи, те молам прочитај го научниот труд од Вилијам Ретклиф
http://www.pnas.org/content/early/2012/01/10/1115323109.full.pdf html
и дупло те молам да одговориш на следните прашања:
1) Дали тој експеримент е изведен по сите општи правила на научната методологија? Ако не е, каде е грешката?
2) Дали на почетокот на експериментот се ставени
само едноклеточни организми и никаков друг жив организам?
3) Дали после 60 дена се добил повеќеклеточен организам? Ако не, кои ти се аргументите дека тоа што се добило не претставува повеќеклеточен организам?
4) Дали најде некаква, било каква грешка во тој експеримент? Ако да, кажи што. Ако не, дали ќе признаеш дека е погрешно твоето негирање на еволуцијата од едноклеточни во повеќеклеточни организми?
5) Ако не си нашол некаква грешка во експериментот ама се сомневаш дека четворицата автори едноставно излажале за се', кој те спречува тебе (или некој друг) да го репродуцираш повторно истиот експеримент и резултатите/негирањата од тоа испитување да ги објавиш во истото научно списание, добивајќи светска слава?
Вториот болд: за ова заслужуваш кец! Воопшто не си го прочитал научниот труд на Милер (го дадов линкот претходно)! Основна работа од која тргнал Милер е препоставката за условите кои владееле во тогашната атмосфера - затоа таму ги цитирал трудовите на Опарин и на Бернал.
Третиот болд: Факт е дека доказот за еволуција од едноклеточни во повеќеклеточни не е изолиран случај, туку важна алка која е во тесна корелација со целиот ланец на теоријата на еволуција.
Фактот дека ја победивме Србија сам по себе не значи ништо, ама во корелација со другите наши победи значи дека освоивме 5 место во Европа. Сфаќаш? Ама и онака аналогијава ти е утната. Правилната аналогија со ракометот би била оваа: Ако Miki1976 претходно апсолутно ја негирал можноста Македонија да ја победи Србија, после победата на Македонија над Србија Miki1976
мора да признае дека таа победа е факт кој докажува дека погрешил. Спореди ја оваа аналогија со
плавиот текст погоре. Како и да го користиш фактот дека постои доказ дека си погрешил, секогаш испаѓа исто - си погрешил!