Од возилата кои сум ги имал, ниедно, од половните, не беше купено од странство, сите беа тукашни... добро... тоа е пред 10 години и повеќе, којнае од каде некогаш биле носени... некои ОК беа, некои баш и не, но... да се навратам на темата.
Кога сега би купувал половно возило, би купил возило кое е купено ново во Македонија.
По можност, од градот во којшто живеам, т.е. Струмица, бидејќи горе-долу се знаеме луѓето, ги знаеме колите.
Кола од увоз јас не би земал. Додуша, секоја кола купена половна е мачка во вреќа, незнаеш што може да стане со неа, ама тоа е.
Некој погоре спомна дека треба плус инвестиција да се сменат работи по неа и тоа е ОК.
Секако, доколку дозволуваат финансиите, најубаво е ново, па макар и пониска класа, отколку половно. Јас сеуште се водам по тоа, но тоа не значи дека сум секако во право.