Срам,срам,срам за Македонија.А уште повеќе се срамам од одредени членови кои се палат како фитил за војна.Не си маж ако предизвикаш војна,маш си ако умееш на мирен начин да ја спречиш.Зарем толку дебилно мислење се има во оваа држава бе,срамота...
Сите Македонци и Албанци што се палите на војна,зарем заборавивте што се случуваше пред 10 години? Зарем умот нема да ви дојде бе? Зарем војна е решение?
За карневалот,мене како припадник на исламската религија ми е огромна навреда (што имаа на ум овие од вевчани се прашувам? Зарем сметаат дека живеат сами во оваа држава?).
Протестот го оправдувам(Само ако е мирен протест и без тензии).
Ние како муслимани, сме слика за себе исто така представуваме слика за исламот и ако се спуштаме на вевчанското ниво , нема да сме ништо различни од нив.
Во протестите крајно ме изнервира виорењето Албански знамиња(исламот е религија,но некој ги меша овие две работи во ист кош заради нивни одредени каузи).
Инаку спомињате Демократија? Човече,демократијата е замислен поим(да не речам фикција).Мора да постојат правила,морал и етика за соживот со луѓето.Ако не постојат тие работи т.е да биде АБСОЛУТНА ДЕМОКРАТИЈА(ударај кого сакаш,фрлај каде сакаш,прави што сакаш) ќе ојде државата у курац уште првиот ден.Така да , научите да се почитувате меѓу себе и она што сте,овој карневалскиов испад е далеку од таканаречената Демократија оти удара шамар на луѓе кои се чуствителни на тоа поле.
Немам што да кажам,жал ми е поради ваквата состојба во државата(држава,каде неколку моронски суштества ќе предизвикаат неизбежна војна).Ќе дојде она народното:Поради сувото и сурото ќе изгоре....