Писмово е автентично. И не се муслиманите толку лоши како што ги претставуваат.
Според законите на Отоманската империја, град кој доброволно ќе се предадел, односно без борба ќе бидел освоен, добивал верска автономија. И во него НЕ СМЕЕЛО да се турни ниту една црква или друг верски објект. Таков пример е градот Прилеп во кој за време на Отоманската власт ниту една црква не била урната или претворена во џамија. И до заминувањето на Турците од градот, односот меѓу муслиманите и христијаните бил родителско-детски. Муслиманите на Христијаните гледале како на свои деца, а Христијаните на Муслиманите како на свои родители. Од друга страна, на жалост, со доаѓањето на безбожните комунисти на власт, сите 6. џамии се урнати. Денес муслиманите во овој град немаат каде да се молат на Бога.