Мореее децава

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.442
Поени од реакции
77.833
Локација
Б'с
Ситуација 1
Еми од осмо еден пред извесно време, поради х/у причини се скара со своето момче Стефан од осмо четири. И така, скарани 2 недели тие ја посетуваа наставата во основното училиште Ѓорѓија Пулевски. Еми скришно го искористуваше секој момент да го проконтролира Стефан, но беше тврдоглава и не попушташе. Во себе таа знаеше дека тој ќе најде начин да ја поправи грешката.
Ситуација 2Изостаноците на Стефан, како и неговиот замислен лик за време на часовите резултираа со една генијална идеја. Идеја за чијашто реализација треба огромна храброст.
Некаде таму помеѓу учениците наместо камерманите од „Се за љубов“, се најде фотографката на бркајработа. Благодарение на неа, како и на нашиот фејсбук агент (Б.А од осмо два) оваа фотографија пристигна до вас.

emi-te-sakam.jpg



Напредна младинава, уште во осмо одделение прават потези кои се својствени за постарите кога решаваат да влезат во годините после животот :icon_lol:

Храбар потег :cool:
 
Некој е многу :love:. Ќе треба наскоро да го посети форумов и да побара во темите за љубов и секс, а здравје понатаму дом и семејство.:coffee:
 
добра финта изведена со најлони од кеси за ѓубре...

Штета што некој не си ја завршил родителската работа :(
 
Напредна младинава, уште во осмо одделение прават потези кои се својствени за постарите кога решаваат да влезат во годините после животот :icon_lol:

Храбар потег :cool:
Не бре, што зборуваш... како својствени за постарите. Таман работа ова на факс да го направам, ќе ме прогласат за ненормален. Таман си е ова за пубертетлии, се палат на тинејџерски филмови што гледаат...
 
и после....неконтролирано гадење и желба за јадење туршија и кисели краставички
 
Како така фотографката на бркајработа баш во тој момент била таму? Сигурен сум дека е пето одделенка. Како што им тргна на бркајработа со копирање, објавување приватни информации и глуп превод на слики и статии, ништо чудно и сите од уредниците и тимот на БР да се во основно. Плус http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=749

Откако се „спријателија“ fail.mk и brkajrabota, фаил.мк почнаа со friendly статии за бркајработа како
http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=466
http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=469
http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=461
Најверојатно на fail.mk им пораснаа влакна на јазикот.
А ако почне некој да собира глупи преводи на мемиња и демотиватори од бркајработа, глупи преводи на вести кои не се добро истражувани и преведени, може да собере цела база од 1000+ примери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom