Исус (нека е Божјиот мир врз него) имал неколку ученици, свои следбеници, кои што Аллах ги определил за да го поткрепат и да го пазат. Во меѓувреме неверниците планирале да го убијат Исус (нека е Божјиот мир врз него), но се исполнила Аллаховата волја како што Он ни говори во Светиот Куран:
52. А кога Иса се увери дека тие нема да веруваат, тој извика: “Кои ќе бидат мои помошници на Аллаховиот пат?” - “Ние”, - рекоа учениците, - “ние ќе бидеме помошници на Аллаховата вера, а ти биди сведок дека ние сме му послушни Нему.
53. Господару наш, ние веруваме во она што го објавуваш Ти и ние Пратеникот го следиме, затоа забележи не како сведоци на верата!.”
54. И неверниците почнаа сплетки да смислуваат, но Аллах ги отклони , бидејќи Тој тоа го умее најдобро!
55. И кога Аллах рече: ”О Иса, душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам и ќе те спасам од неверниците и ќе сторам твоите следбеници да бидат над неверниците сé до Судниот Ден. На Мене, потоа, сите ќе ми се вратите и Јас ќе ви пресудам за она во што не се сложувавте:
56. оние кои што не веруваат на тешки маки ќе наидат и на овој и на оној свет и никој нема да може да им помогне. (сура Ал-Имран, 52-56)
Како што се подразбира од горните ајети, Исус бил издигнат на небо, а тоа според Светиот Куран значи дека не бил распнат на крст. Планот на непријателите на Исус (нека е Божјиот мир врз него) бил да го распнат на крст за да умре, но Аллах го сочувал и така некој друг, кој што изгледал како Исус бил распнат. Во врска со тоа и со грешните тврдења што биле искажани за сметка на Марија, се гледа како на гревови на неверните Јудејци. Тоа се објаснува во следните ајети:
156. и поради неверувањето нивно и поради изнесување тешки клевети против Мерјема(Марија)
157. и поради зборовите нивни: „Ние го убивме Месија, Исаа, синот Мерјемин, Аллаховиот пратеник…А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причинило. Оние кои во размислувањето за него се раздвојуваа(поделија), тие самите за тоа во сомнеж беа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија,
158. туку Аллах го воздигна кон (кај) Себе. – А Аллах е силен и мудар.
159. И нема ниеден следбеник на Книгата кој, кога ќе умира, нема како што треба во него да поверува, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи. (сура Ен-Ниса, 156-159)
Ние сведочиме дека нема друг Бог освен Аллах и дека освен Него, не постои ништо друго , кое што е достојно за почит. Убедени сме во тоа, дека никој не е еднаков со Него и дека Мухаммед е Негов слуга и пратеник. Исто така сме сигурни дека Исус, синот на Марија, е Аллахов слуга, Негов Пратеник, Негов збор (Биди! И тоа токму ќе биде!), што и го дал на Марија и дека е душа создадена од Него. Ние прифаќаме дека сите пратеници се браќа и дека нема разлика во нивните религии. Религијата е една „исламот“ (или верата во Едноштвото на Бога).
Сведочиме дека Рајот постои, дека и Пеколот постои и дека Аллах во Денот на Страшниот Суд ќе ги воскресне луѓето од нивните гробови. И тоа онака како што Аллах кажува во Куранот:
„Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет и на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: ’Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!’ Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа.“ (сура Еш-Шура, 13)
Тоа е нашето послание. Во Денот кога секој ќе прими награда за своите дела, ќе посведочиме дека го доставивме посланието на вистината, и дека оставивме секој човек да одлучи сам, дали ќе го прифати или ќе го одбие, дали ќе ја следи вистината или ќе остане во темнината (мракот – тука се мисли на мракот на незнаењето).
Севишниот Аллах кажува во Куранот:
„Аллах! Нема друг Бог освен Него! Жив и Постоен! Не го обзема ни дремка ни сон. Сè што е на небесата и на Земјата е – Негова! И кој може кај Него, без одобрението Негово, да се заземе!? Он го знае и она што е пред нив и она што е зад нив. И од знаењето Негово, само со посак Негов, оние мал дел опфаќаат. Претсолот Негов поширок е и од небесата и од Земјата. Чувањето на овие не е никаква тешкотија за Него. Он е Вишен и Голем!“ (сура Ел-Бекара, 255)
Белезите на вистината
Како да разбереме дека едно Откровение како Куранот е вистинско Аллахово слово? Вистиноста на едно божествено послание може најдобро да биде докажана, откако биде испитано според критериумите кои што можат да ја докажат неверноста на божјето послание како што следува:
1.Разумни учења: откако Бог им дал на луѓето разум и расудување, наша должност е да ги исползуваме потполно и целисходно, за да моќеме да ја разликуваме вистината од лагата. Затоа вистинското и непроменето божјо Откровение треба да биде логично, да им се обраќа на луѓето и да може да биде разбрано умствено од сите праведни луѓе;
2.Совршенство: имајќи предвид дека Бог е Соврпен, исто така треба и Неговото Откровение да биде соврпено и точно, без заблуди, пропусти, дополнувања или безбројни верзии. Со други зборови – беспрекорно – во таа смисла дека е без грешки како противречности и несоодветности;
3.Никакви басни или суеверија: Вистинското Божјо Откровение не содржи басни или суеверија, кои шо го понижуваат достоинството на Бога или на човекот;
4.Научно: бидејќи Бог е изворот на секое знаење, едно вистинско Откровение треба да е научно и да опстане, во секое време, пред предизвиците на науката;
5.Претскажување: Бог го познава минатото, сегашноста и иднината. Оттука произлегува дека претскажувањата запишани во Неговите Книги се остваруваат, токму онака како што било претскажано од Него;
6.Неимитирано од луѓето: Вистинитото Божјо Откровение е едно „живо“ чудо, една отворена книга, која што ги предизвикува луѓето да ја видат нејзината перфектност и да ја докажат.
И така, искористете ја можноста и прочитајте го Куранот, немате што да изгубите, дури и би можеле да спечалите сè!