L
.Lost Angel.
Гостин
Пајак-службата ем ќе одзема, ем ќе мие возила
- Се планира да се купат пералници со четки кои би функционирале автоматски, а една од нив може да се најде по цена од 1,5 милиони денари. Целта на оваа дисперзија на дејноста е претпријатието да обезбеди повеќе приход и да ја подобри финансиската слика бидејќи сега приливите се мали, а околу 75 отсто од нив одат за плати - вели директорот на ЈП Градски паркинг, Борче Јакимовски.
Од претпријатието најавија дека се во план да отворат и нови паркинзи како и да воведат 24-часовен мониторинг-систем, пари се планирани и за купување на лесни возила и скутери, а во план е и замена на старите пајаци со нови со што би имале вкупно шест нови пајаци.
На инвестицискиот план на претпријатието дел од советниците на Град Скопје посочија дека ова ќе биде непрофитен потег кој на фирмата од пералниците на месечно ниво би му донела заработка од само 100 илјади денари, додека пак идејата за автопазар е застарена и нема да профункционира, бидејќи сега во мода биле плацевите.