- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Мајер: Можно менување на границите на Македонија
МАКЕДОНИЈА | ЈАНУАРИ 21, 2012 ВО 13:46 | ВКУПНО ПРЕГЛЕДИ: 117
Сподели со твоите пријатели Споделете ја веста со Вашите пријатели

“Не е исклучен распадот на Босна и Херцеговина на две или три држави”, вели Мајер. Покрај тоа, Мајер смета дека неспособноста на лидерите во БиХ и немањето волја да останат во една заедница конечно ќе доведе до распад на државата.
Импликациите за евентуалните промени на границите ќе започнат од Косово. Замрзнатиот конфликт, според Мајер, ќе мора да го решат Белград и Приштина, а западните сили нема да может да влијаат на решението без разлика какво ќе биде тоа. Во новото прекројување на границите ќе биде вклучена и Македонија, која нема да има многу голем избор.
На крајот Мајер, кој е познат по своите анализи за Балканот уште во времето на Бил Клинтон и интервенцијата на НАТО силите врз Југославија, вели дека регионот останува надвор од агендата на САД. Неспособноста за изнаоѓање компромиси помеѓу државите и спориот развој на економски план се причината поради која Американците едноставно креваат раце од Балканот.
Дејан Стојимировски
http://www.time.mk/read/dd310bc161/5c1c2cfbee/index.html