Ја сфатив дискусијата - ако дискусијата ви се однесува на тоа као настанала првата жива клетка, тогаш многу погрешно го употребувате изразот „органска материја“. Прочитајте дефиниција што е тоа органска материја, а што е тоа жив организам.
Органска материја спонтано се создава во природата уште од пред неколку милијарди години, нема потреба човекот да постоел тогаш.
Стенли Милер во 1953 година синтетизирал амино киселини (многу комплексни органски соединенија) во едноставна мешавина од неоргански гасови. Ако муабетот ви е дека тој експеримент не е доказ дека на тој начин може да се синтетизира РНК, повторно многу грешите. Разликата меѓу синтеза на аминокиселини и на РНК од неоргански соединенија е само во комплексноста на процесот на синтеза на тие органски молекули. Тоа што досега не е синтетизирана РНК е затоа што не се познати сите потребните услови за тоа, а не дека тоа е невозможно - ниту еден физички закон не забранува синтеза на РНК од неоргански соединенија! А ако ја потегнувате како аргумент малата веројатност за тоа, повторно математиката ви лежи на погрешна основа. Hint: колкав број молекули земате како почетна состојба?
Континуирано сум кул со ладно пиво!