Македонија - Чешка - ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде ајде победа над Чешка, пораз на швабите и носиме 3 бода натаму !
 
Чекајте,мора со два гола разлика да ги тепаме?Ако е така,сепак ќе ни биде отежната ситуацијата.
Вака со еден гол да се влечеме до крај,би било многу подобро.
 
Барем да извадевме нерешено со швабите , но тоа е тоа малерот не следеше .
Против чешка очекувам сигурна победа , барем заради оние 4000 кои секој момент ги бодреа и во најтешкиот момент .
Само обединети до победи !!!
 
Чекајте,мора со два гола разлика да ги тепаме?Ако е така,сепак ќе ни биде отежната ситуацијата.
Вака со еден гол да се влечеме до крај,би било многу подобро.
Нма врска, со било каква победа идеме. Кој ги вади ова муабетиве не ми е јасно :facepalm:
 
Нма врска, со било каква победа идеме. Кој ги вади ова муабетиве не ми е јасно :facepalm:

Па пишуваат секакви глупости,затоа се замислив.Од газ ги ваѓаат,ебате луѓето.
Добро е.Само нека се средат,нека го тргнат психолошкиот товар и притисок од себе и ќе биде добро.
Греота би било олку пожртвувана репрезентација да не оди понатаму.А и греота би било олку добро навивачи да не ги следат настапите на Македонија.
 
Нма врска, со било каква победа идеме. Кој ги вади ова муабетиве не ми е јасно :facepalm:

:pos:Абе зашто вака ја расипуваш работата. Остај ги луѓето да си пишуваат, барем на сета мака да се насмееме:D
 
Нма врска, со било каква победа идеме. Кој ги вади ова муабетиве не ми е јасно :facepalm:

- Со победа над Чешка одиме секако (1-3)
- Со победа на Шведска над Германија, и ние против Чешка одиме како втори во групата и - играме со третиот од А2 (Србија, Полска, Данска, Словачка)
- Со наша победа и победа на Германија против Шведска ќе ни треба гол разлика против Шведска за кој ќе биде второ/трето.. они имаат +4 ние -2 што значи 6 гола ќе се решаваат во последните дуели. Ако завршиме како трето играме со третиот од А група онаа погоре што е напишана.
- Со наша победа и нерешено помеѓу Шведска/Германија тогаш ќе бркаме гол разлика со Германија за 2ро место .. А Шведска оди како прва.
- Трета варијанта ние со нерешено а Шведска ја тепа Германија тогаш одиме како 3-ти ние а Швабите ги испраќаат дома.

Тоа е тоа накратко ..
 
- Со победа над Чешка одиме секако (1-3)
- Со победа на Шведска над Германија, и ние против Чешка одиме како втори во групата и - играме со третиот од А2 (Србија, Полска, Данска, Словачка)
- Со наша победа и победа на Германија против Шведска ќе ни треба гол разлика против Шведска за кој ќе биде второ/трето.. они имаат +4 ние -2 што значи 6 гола ќе се решаваат во последните дуели. Ако завршиме како трето играме со третиот од А група онаа погоре што е напишана.
- Со наша победа и нерешено помеѓу Шведска/Германија тогаш ќе бркаме гол разлика со Германија за 2ро место .. А Шведска оди како прва.

Тоа е тоа накратко ..

Со сите репрезентации треба да играме од другата група, не само со таа што ќе биде трето или второ или слично..
 
Треба да се смени тактика.

Треба крилата да се вмешаат малце, подавања кон нив почесто. Ако во тој момент при подавање на крило, се затвори играчот, тогаш средината е поразретчена и може да се подаде кон слободниот бек и ќе има шанса за полесен шут. Ако е слободен патот за крилото во моментот, се иде на шут или пак поинтересна но и покомплицирана варијанта, подавање кон пикерот кој стои на 6 метри линијата, каде што голманот ќе биде измамен. И уште многу други варијанти. Незнам што му е проблемот на Шундовски, сите акции се движат помеѓу бековите. Треба да се рашири одбраната малце. Чешка ќе очекува пак игра преку Кире, Стоилов и Мојсовски па зашто да не се иде на изненадување? Плус во одбрана промена на формација. 6-0 не иде никако па треба малце порастурена одбрана, со повеќе трчање на бековите, каде што ќе се затвара посебно Јиха, кој е најопасен по нашиот гол. Може и фластер на Јиха. Борбеноста е на ниво, тоа никако да се меша. Пеналите да бидат изведени од играч кој не е многу познат а сепак одличен за тоа, пример Златко Мојсовски.

Како и да е, ова е мое скромно мислење. Со среќа и само напред за победа. Се надевам среќата ќе биде на наша страна овој пат и со израз позајмен од Игорче - фајтерски да се избориме за победа!
 
Мислев ќе ги појебеме германцине за порелаксирано да се влезе у овој меч, зашто кога гледав Чешка-Германија се запрепастив колку добро изиграа чесите и реално мислев дека против нив тешко ќе ни биде.
Али ништо, бидна што бидна мора да стегнат заби нашиве и да си го остварат тоа што си планираа.

Само да имаме малце поише среќа, малце поише топката да не сака и Кире да ПОЧНЕ ДА ДАВА ПО 10 ГОЛА НА УТАКМИЦА!
Е, толку од мене :D
 
При ист број бодови решава меѓусебен дуел, не гол-разлика. Со триумф над Чесите пренесуваме три бода во следна фаза, и поразот од Германија (секако доколку тие загубат и од Шведска) ни се поништува. Јасно беше и пред првенството кој ќе биде финалниот меч за нас, на Водици ќе ни се решава судбината, жално е што имавме шанси и предтоа но не ги искористивме. Како и да е и со триумф над Германците ќе моравме да бркаме победа над Чешка за пренесување на бодови во следната фаза, тука не гледам нешто многу да се смени, напротив сега само можеме да научиме нешто повеќе од грешките и да ги натераме Чесите да се изгубат во пеколот во Чаир!
Доколку завршиме втори од нашата група, што е најреално, првиот натпревар од следната фаза би го играле против Полска, за потоа да одиме на мегдан со Данска, и на крај шлаг на тортата дуел со симпатичните ни домаќини кој би можел да претставува и дуел за полуфинале :vozbud:. Но ајде чекор по чекор, Чесите се ПРВИ!!
 
Филип Јиха има постигнато 14 гола, исто како Лазаров. Нашиов има 39% реализација, а Јиха 41 %.

И, да. И двајцата имаат по 12 асистенции
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom