Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.423
Поени од реакции
16.710
Значи ми се испуни желбата Столе да биде ко тенк а Миркуловски да крене отпочеток, али Кирево никако да распали ко шо очекувам :D
Маму им јебем швапску, ни се протнаа со триста маки. Какви радости му удрија ко првенство да освоиле.
Чешка, мора да зачешаме кај шо не ја чеша, доста беа заебанции.

И тоа публиката, АЛО ШМИНКЕРИ, ОДЛИЧНИ БЕВТЕ ВЕЧЕРВА! :D

Аман бе, сериозно не ни признале гол!?
Таман се смирив, сега пак ќе почнам да се нервирам.
 
H

HITCH

Гостин
Начевски се јави сега во живо на Канал 5, рече дека можеме само да добиеме усно извинување од ЕХФ, ништо друго.
Ниту извини нема да добијат, ако се извинат ќе треба да се преигра. Ќе им кажат на нив `ко на жими мајка, па овие ќе треба да ни пренесат. НО, сепак важно е да се поднесе жалба, за на нас да ни биде чиста совеста дека сме ја увиделе нивната неправда и сме им посочиле дека не ја прифаќаме подредената улога која ни ја наметнуваат. Јасно ни е дека „Немачка“ вложува огромни пари во меѓународните организации, ама тоа не им дава за право да не потшутнуваат како „пусти гојда“, што би рекол Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Ние одигравме феноменален натпревар и треба да им се оддаде почит на дечките, кои изгинаа на терен за Македонија.
 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Македонија е аутсајдер во групава...
За каков аутсајдер зборуваш според кладилниците тврдиш !?
Нашата игра кажува се , германците се радувааа како да го освоиле европското а не како што ти тврдиш аутсајдери :tapp:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.052
Поени од реакции
45.788
Колку што не е „заради Лазаров изгубивме“, толку не е и „заради Манасков изгубивме“. :)
.
Ја се изјаснив на оваа тема, губиме како тим, победуваме како тим ... толку.
 
П

Паспарту

Гостин
За каков аутсајдер зборуваш според кладилниците тврдиш !?
Нашата игра кажува се , германците се радувааа како да го освоиле европското а не како што ти тврдиш аутсајдери :tapp:
Да, Македонија беше аутсајдер (и сеуште е во групава). Проблемот е во тоа што ние добрата игра против СВЕТСКИ ВЕЛЕСИЛИ ја гледаме како нешто лошо, а со тоа ги омаловажуваме играчите. Не е мој проблем што некои во државава создадоа атмосфера дека ние сме топ фаворит за медал, а тоа е најголемиот проблем во моментов!

Инаку мојот коментар се однесува за тоа што дечкото што го цитирав кажа дека нас ни требале БОДОВИ, небаре самиот пласман ни е однапред обезбеден па сега со овие изгубени бодови ние нема да имаме шанса за финале... Затоа треба да се остане присебен и на земја, за да не се случи неконтролирано плукање после секој пораз од некој ФАВОРИТ.


Околу играта веќе напишав, така да потруди се да ми ги прочиташ постовите за да не се повторувам.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.577
Ќе биде тешко со Чешка ги гледав со Шведска па можеа и нив да ги победат незнам мора многу да работат на крилата и да се најде решение за очајното бранење на голманите секако Кире треба да се рзбуди . Инаку беше гол се одби од горната пречка мавна на гол линијата и искочи ама тоа е.......
 
В

Вори

Гостин
Ја се изјаснив на оваа тема, губиме како тим, победуваме како тим ... толку.
Не е точно.Зошто Кире да играше добро,а другиве да беа лоши,тогаш сите ќе ги критикуваа и плукаа останатите,дека биле лузери,дека само Лазаров вредел.
А сега кога другите горе-доле си беа на место,а капитенот укака,тогаш него не смее да го критикуваме.И после иде паролава твоја.
 
?

..........

Гостин
Ние одигравме феноменален натпревар и треба да им се оддаде почит на дечките, кои изгинаа на терен за Македонија.
Но за жал изгубија, џабе илјадници евра фрлени за нив..
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.794
Поени од реакции
49.765
Било - не било сега е касно и џабе да се пљампа. Ако се излагами убаво ситуацијата, ако се направи добар притисок, во кој ние сме жртви и обесправени, може да добиеме некоја поволност во натамошниот тек на шампионатов како компеназација..
Нормално, тука подразбирам демолирање на Чешка по секоја цена.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Во самиот пост се демантираш, тебе очигледно не ти е јасно значењето на препишувањето на вина за пораз на еден единствен играч ...
Тоа што Кире е мозок на екипата и лидер под дифолт не значи дека ако има лош ден, или денови, дека он е и причината за лошите резултати, он е ЕДНА од причините, но да се каже дека заради него изгубиле а уз пут се исцртани сите останати негативности на нашиот тим од дуелот со Германија е навистина смешно.

Само ако се замижи пред промашениот зицер на Манасков, 2та промашени зицери во последни 10мин со играч повеќе и 5те примени голови од втора шанса, може да се истурка тврдењето дека поради Кире загубиле.
Не гледам кај се демантирам кога и во двата поста на темава викам дека Кире шутира од неизградени позиции онака од ќејф.
Со ова ‘‘лош ден‘‘ од авион се гледа која ти е намерата.Неможе тоа да биде оправдание за ШУТЕВИ ОД НЕИЗГРАДЕНА ПОЗИЦИЈА.Најтрагично е тоа што тие шутеви беа во ситуација кога со гол во мрежата на Германците ќе ставевме точка на утакмицата.После утакмицата со Шведска исто пишав дека во некој ситуации избрза и он и Наумче ама еве денес пак се повторува тоа.Кире со неговото искуство мора во ситуација кога имаме +2 да ја смири играта ама он го прави спротивното.Ајде првиот пат згреши не казнија Германците и се доближија на 1 гол ама во нападот после тој Кире пак избрзува и пак промашува.Германците изедначуваат и тоа им дава желба за надигрување а нашите ги мава по психа.
За останатите грешки мислам дека убаво се изјаснив и кажав дека недозволиво е такво нешто поготово они 6+ топки што ги собраа Германците по одбрана на Диви.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Браво за “големата“ Германија што го тепаше “аутсајдерот“ Македонија на “чист и поштен“ начин. Браво. Немам коментар. Навистина, топ сте, кис4е, идете направете си харикири со џамлија. Германија со судиско свирче победи “една малечка и бедна“ Македонија. И на Светското првенство во фудбал на Лампард не му признаа гол, сега на Лазаров не му признаа гол, да не имаат нешто против Л буквата?:cautious:

И го отековте со Кире, вие да бевте, а беее еј, мрежата ќе ја пробушевте, не само мрежата, туку и ѕидот, надвор од сала ќе ја бараа топката. И преку три играчи што ве тегнат имаше да бушите. Не е Кире, брат близнак на Чак Норис, аман. Боже, напнавте.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
добро бе вие глупи сте или глупи? Кире не ви чинел, е ај кој чини за вас? Видовте кој беше прв стрелец на натпреварот? Кој му асистираше на Стојанче? Или ако и без то пак ќе беше ваков резултат, односно нерешено, како шо треба да биди? Сега ако го признат голо, Кире ќе ви стани херој, зато шо погодил гол за нерешено.... ај избришете си го профилот од кајгана!
Затоа е тенка линијата меѓу херој и трагичар...

Јас, најискрено, и да победевме ќе имав критики кон Кире, но пола од овие што сега плукаат, коментарите ќе им еволуираа во : „Браво Киреееее“, „Столе е ѕвер“, „Диви мајсторе“...

поентата ми е, сите ќе заборавеа на грешките од Кире за кои сеа го плукаат...

Затоа и не сакам да ни ја прифатат жалбата, освен ако одговорот не е дека ќе биде поништен голот.


Извинување НИКАКО !!! Тогаш, ќе се вадат на она класично-македонското, дека не сме загубиле по наша вина... А загубивме по наша вина!:)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.052
Поени од реакции
45.788
Не е точно.Зошто Кире да играше добро,а другиве да беа лоши,тогаш сите ќе ги критикуваа и плукаа останатите,дека биле лузери,дека само Лазаров вредел.
А сега кога другите горе-доле си беа на место,а капитенот укака,тогаш него не смее да го критикуваме.И после иде паролава твоја.
Koj рекол дека не смееш да го критикуваш ...
Незнаење е да кажеш дека он е причината за поразот, а за критикување, критикувај го колку сакаш, и него, и останатите.
Никој не е имун на негативна критика.
 
В

Вори

Гостин
Koj рекол дека не смееш да го критикуваш ...
Незнаење е да кажеш дека он е причината за поразот, а за критикување, критикувај го колку сакаш, и него, и останатите.
Никој не е имун на негативна критика.
Така го сфаќаат тоа повеќето.И одма кога ќе кажеш лош збор за некој кој го заслужил тоа,те прават не-навивач и ''предавник''.

Кире презема дел од вината.Исто како и одбраната после одбиените топки при што германците имаа втора шанса,а и слабата реализација од крило.
Никој не рекол дека целата вина оди на Кире.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
реков дека нема да се замарам со голов, но го погледнав уште еднаш видеово, и еден screenshot од мене...



загледајте у десната нога на голманов... едвај ја глеате топката оти таа е позади неговата нога :)

по претпоставка дека голманов е застанат на гол линија, ова е гол. Но реков, не сакам да ни ја прифатат жалбата освен ако одговорот на жалбата не гласи: “го поништуваме голот“.

А за таков одговор нема теорија... така да, џабе се замарам(е)... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom