Не планирав пост да напишам на овој дел од форумов, али револтот си го направи своето.
Срамота е да се плука капитенот по овој пораз и по било кој друг пораз, СРАМОТА.
Човекот е предокажан борец и увек максимално се залагал за да ги одбрани боите на оваа земја и да ја оправда тежината на дресот што го носи, реткост се таквите како него, спортски херој е, тука некои пелиштари што ништо не постигнале во животот, а да не зборам за тоа што го направиле за својата земја, земале го плукаат и го вреѓаат, срамота е дури и да објаснувам каква личност се плука ко да нема утре од фаци кои се тешка нула во споредба со него, некои и накај минус тераат.
Зар го заслужува овој однос ? И тоа по еден ваков пораз каде он дефакто не беше главна причина што загубија, секој кој и површно се разбира во ракомет ова би требало да го знае.
Вие го правите саботер, прашањето е, имате ли храброст ова во фаца да му го кажете кога ќе се врати ? Таква можност ќе имате, иако тоа едноставно не го заслужува, еден од малкуте спортски херои кои ги имала оваа земја во нејзината спортска историја.
1. Македонија според мое броење прими минимум 5 голови по одбрана на Диви, вие за Лазаров се фаќате ... ебате ! Ова треба ли да се објасни колку кошта во ракометот ? Поготово во дуел против ( ракоментно ) големата Германија.
2. Промашувањето на Манасков во ракометот е 95% гол, он цел гол промаши, сам, во контра, единствена пречка голманот, ако воопшто и е пречка во ваква ситуација, но ете, целиот гол беше промашен.
Шундо се коцкаше со него, газеше по една многу тенка линија бидејќи овој е млад и доста неискусен и изгоре, и те како изгореа бидејќи со постигнување на гол тука ќе имаа минимум нерешено во џеб, а и прашање е колку германците беа способни под притисок да дадат гол, а и да дадеа, пак ние ќе имавме напад за победа.
3. Зицерите на Наумче и уште еден од спротивната страна, доле десно, кога се кршеше резултатот, и играч повеќе мислам имавме и во двете ситуации, ова Се во последни 10 минути од натпреварот.
Среќа ДОМАЌИНИ сме во Ниш инаку на неутрални терени или терени каде повеќе германци пример има во публика, лесен залак ќе сме и за швеѓаните и за германците. Шундо го читаат ко селски буквар, Лазаров не е во посакуваната форма факт но репрезентации ко Шведска и Германија ( не треба да се објаснува кои се и што се они во ракометот ) играат супер одбрана врз него, знаат од каде доаѓа најголемата опасност и тоа и те како влијае врз играта на Лазаров, aма не, и овој битен детал ќе го занемариме. Једино за пеналите и ја му замерувам али тоа е, спортски рулет, јебига.
Ама ај, ќе се плука по Лазаров, која срамота, која беда човече ...
Разберете, едно е (негативна) критика, никогаш не сум бил против ова, напротив, секој е подложен на истите без разлика на името на дресот , но друго е вреѓање и плукање, и тоа во меч каде вината беше лоцирана на повеќе места во тимов.
Победуваме ко тим и губиме ко тим !
ебате.
п.с. Македонската интернет лешинарска неблагодарна експертиза во иднина, кога Мекејлеб утнал некој клучен кош за нас ( пу пу недај боже ) пред неговата куќа во Њу Орлеанс
п.м.с. ПАЃААТ ЧЕСИТЕ !